логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ДУХОВНИ И ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

                       "БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ"

Третиот по ред Меѓународен филмски фестивал за духовни,  хумани и културни вредности "Богородичен покров", годинава ќе се одржи од 15 до 18 октомври 2018 година во Скопје, во Кинотеката на Република Македонија. На фестивалот се прикажуваат филмови со духовни, хумани, морални, религиски  и семејни вредности и филмови од културното и духовно наследство.

Свеченото Отворање на Фестивалот е на 15 октомври / понеделник во 20 часот во Кинотеката на Република Македонија. Фестивалот е поддржан од Амбасадите на Чешката Република, Словачка Словенија, Романија и Босна и Херцеговина.  На Свеченото Отворање ќе се обратат Амбасадорите на Чешка, Словачка и Словенија и други поддржувачи и гости.

Фестивалот ќе го прогласи за отворен Почесниот Претседател проф.д-р Јован Таковски, протојер-ставрофор, кој ќе ги додели и  Дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите.

Отворањето на фестивалот е со документарниот филм Очите на Фотографката, добитник на околу 70 интернационални награди, во режија на  Матеј Минач, лауреат со бројни награди и признанија меѓу кои и наградата Emmy Award. Филмот е во Чешко-Словачка продукција и е дел од годинешната програма на одбележување на јубилејот 100 години од основањето на Чехословачка. Исто така, на фестивалот гостин ќе е режисерот Денис Бојиќ од Босна и Херцеговина - Република Српска, со својот филм Лицата на Лафоре, кој ќе има трибина на 17. Октомври во 12.00 часот во Кинотека на Република Македонија, за новите методи во  светот на лекување на оваа тешка детска болест.   

Основачи на фестивалот се Коле Јовановски, ТВ монтажер и режисер од МТВ и Зорица Костовска, ТВ и филмски продуцент, а членови на Програмскот совет  Драги Таневски - директор на фотографија, Владимир Ангелов-филмолог, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и Зорица Костовска, директор на фестивалот. Фестивалот е и во спомен на основачот Коле Јовановски, кој годинава прерано се  упокои во 58. година од животот.

Изборот на филмови од неколку држави има за цел да  придоне за воздигнување на човечките, духовните  и семејни вредности во општеството. Организатор на фестивалот е Топ Ворлд - независна ТВ продукција од Скопје.  Влезот на фестивалот е слободен. 

15. октомври - Понеделник Свечено отворање 20.00 ч. Kинотека R. Mакедонија официјална и концертна програма  Гости на фестивалот: Н.Е. Miroslav Toman - Амбасадор на  Чешка Република во Р. Македонија  Н.Е. Henrik Markuš - Амбасадор на  Република Словачка во Р. Македонија Н.Е.  Milan Jazbec - Амбасадор на Република Словенија во Р. Македонија H.E. Viorel Stanila - Амбасадор на Романија во Р. Македонија Н. Е. Lepa Babić - Амбасадор на  Босна и Херцеговина во Р. Македонија Denis Bojić - режисер/сценарист/ новинар- Босна и Херцеговина -  Република Српска, заменик Министер за култура на Р.Македонија, директор на Комисија за верски односи,претставници  Град Скопје ,

КОНЦЕРТНА ПРОГРАМА  KОКТЕЛ  

21.00 ч.  Проекција на филм Очите на фотографката  Сценарио и режија - Matej Mináč Извршен продуцент - Jana Gospičová Директори на фотографија -  Jan Drnek, Peter Zubaľ Монтажа - Róbert Cuprík Piškula, Johana Nováčková, Lukáš Král, продукција Чешка/Словачка 84 мин.   

16. октомври - вторник 19.00 ч. ПОKРАЈ МЕНЕ (Beside Me/  реж. Теди Некула / Tedy Necula  РОМАНИЈА, 84 мин. 20.30 ч. АЛЕКСАНДРИНКИ (Aleksandrínka) Режија: Metod Pevec , Продуцент Danijel Hočevar  РТСЛОВЕНИЈА  94 мин.  

17. октомври - Среда 12.00 ч. ТРИБИНА ЗА НОВИ МЕТОДИ НА ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛЕСТА ЛАФОРЕ  Гостин Денис Бојиќ 19.00 ч. ЗА МОЕТО ИМЕ - детски филм Режисер Марија Можар  РУСИЈА 28 мин. 20.00 ч. ЛИЦАТА НА ЛАФОРЕ (Лица Лафоре/  Сценарио и Режија: Денис Бојиќ  РТРС БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА- РЕПУБЛИКА СРПСКА, 88 мин. 

18. октомври - четврток 19.00 ч. КУЛТОТ НА СВЕТИ НИКОЛА ВО  МАВРОВО И ВО СВЕТОТ  IN MEMORIAM – Коле Јовановски МАКЕДОНИЈА - 62 мин. 20.30 ч. 7 ЗБОРОВИ (7 Cuvinte / 7 Words) Режија: Андреј Негоита / Andrei  Negoita РОМАНИЈА, 104 мин.  

 

 

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Православен календар

19/11/2018 - понеделник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2018

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2018

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот, прибежиште Синот, а покров Духот Свети, моли се о ти кој велик...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная