логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 На 22.05 со почеток во 20h , во галерија KIC, ќе биде отворена мојата нова изложба, како и промоција на монографија "EXIT". Изложбата ќе ја отвори проф. Др. Јасана Котевска.

На изложбата ќе бидат поставени околу 45 фотографии, направени на рачно изработен папир, што ја прави посебно занимлива, како од ликовен, така и од естетски аспект.  Целата изложба е преточена во книга(96 страни) со тврд повез и изработена  на Фабриано папир.

Целиот проект е подржан од Министерство на култура на Р.Македонија, галерија КИЦ, и финансиски помогнат од љубителите на фотографија.

Изложбата ја имаше својата предпремиера во галерија Графички колектив, во Белград минатиот месец.

За самата изложба проф. Др. Јасна Котевска има напишано во предговор на монографијата:

.....Територијата на Рудиќ е врзана со вектори на напуштањето, затоа книгата се вика Exit. Но, тоа не е напуштање на територијата. Напуштањето е само влез во нова територија. Затоа на неговата фотографија има многу знаци, емисии на сигнали, пруги, патеки, чекори, улици, влезови, огради, сето тоа се сигнали наменети за трагачите. Целта на овие сигнали е да бидат aux aguets, надгледување, тие се наменети за доброто око, кај Рудиќ камерата не гледа во паника. Рудиќ ги фаќа наборите на пределот, линијата на карпата, како откривање нова синтакса на просторот. Фотографиите од Exit не ја портретираат културата, туку извесна спектрална димензија на реалноста, како жолтото небо или жолтото поле кај Ван Гог или како тревата кај Мунк. Тоа не значи дека Рудиќ оди во друга уметност, во сликарството. Тој останува во фотографијата, но истовремено е со еден чекор надвор од неа, во сликарството е.....

 
Срдачен поздрав
Боро Рудиќ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie