логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во пресрет на одбележување „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“ со поставка која ќе биде изложена во Националната галерија на Македонија, со особено задоволство сакаме денешниов ден да го одбележиме како посебен. Имено, на денешен ден е роден светски познатиот албански уметник Ибрахим Кодра (22.04.1918, Ишем, Албанија - 07.02.2006, Милано, Италија). Неговиот животен пат од Албанија го води во Милано и Рим, Италија, каде творечки се развива во светската Академија за ликовни уметности Брера, а во понатамошниот професионален и личен развој создава, изложува и другарува со најпознатите имиња на светската уметност, како што се: Пабло Пикасо, Анри Матис, Амадео Модиљани, Жорж Руо, Жорж Брак, Хуан Миро, Оскар Кокошка и други.

Ибрахим Кодра изработил повеќе фрески за најпознатите музеи и згради во Милано и изложува низ повеќе центри во целиот свет (Њујорк, Токио, Палермо, Штутгарт и други), достигнувајќи многу голем успех. Неговите уметнички дела, создадени со пост-кубистички влијанија, се збогатени со реминисценции на традицијата на неговата татковина, Блискиот Исток, Византија, средбите на културите на Средоземното Море. Неговите уметнички дела се наоѓаат во многу музеи и приватни збирки, како што е Музејот на Ватикан.

Ја користиме оваа прилика да потсетиме на најавената изложба „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“, која ќе биде реализирана од страна на Националната галерија на Македонија во соработка со Националната галерија на Косово и Фондацијата Ибрахим Кодра од Милано, Италија. Ќе ни претставува особено задоволство да присуствувате на отворањето на изложбата кое е закажано за 12 мај 2018 година (сабота), во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Изложбата ќе трае до 12 јуни 2018 година.

 

Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie