логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ДОБРИ ПРАКТИКИ
АКТО фестивал како програма која креира контекст
РЕМОНТ Галерија Белград
Гости: Ивана Васева и Филип Јовановски
29 НОЕМВРИ 2017 год. (среда)
18:00-20:00


Денеска, Филип Јовановски, визуелен уметник и Ивана Васева, кураторка, ќе бидат дел од програмата ДОБРИ ПРАКТИКИ која е дел од активностите на галеријата РЕМОНТ во Белград.
Тие ќе одржат презентација со наслов „ АКТО фестивал како програма која креира контекст“, на која централен фокус се предизвиците и прашањата: како систематски да се создаде pop-up формат, како да се иницираат и имплементираат нови стратешки потези во областа на културата на локално и регионално ниво?

За програмската целина ДОБРИ ПРАКТИКИ и за денешното предавање од тимот на галеријата РЕМОНТ ќе кажат:
„Проектот „Добри практики" беше создаден од желбата да се укаже на клучните регионални феномени (поединци, организации) кои долго време ја преживуваат нестабилната клима на овие подрачја , кои имаат богато искуство и со својот пример и делување влијаат  на општествените промени, започнуваат и иницираат нови иницијативи. Преку промовирање на примери за добра уметничка практика, исто така сакаме да ги охрабриме и поддржиме новите генерации бескомпромисно да се борат за нивните идеи.
Второто по ред претставување во рамки на оваа програмска линија е посветено на АКТО фестивалот за современа уметност кој од 2006 година се одржува во Битола, Македонија.
АКТО е една од најзначајните културни манифестации како на локално така и на регионално ниво, посветен на пронаоѓање на нови форми на еманципација, како и нови начини на ангажирање на локалната заедница, волонтери и млади луѓе во фестивалот.
На кој начин да се организираме колективно, на кој начин можеме да се појавуваме „неочекувано” на места каде ќе промовираме современи ангажирани уметнички проекти и практичари? Дали граѓанска иницијатива од овој тип може да биде посилна од една јавна институција и да овозможи да се чуе гласот на рзочараните граѓани во една политизирана општествена клима во земјата? Може ли еден фестивал да биде катализатор на зацврстување, оснажнување, артикулација  и отпор и во соработка со локалните актери да ги решава проблемите во нивната локална средина?  “
------
Изминатите години АКТО фестивалот се соочуваше со доста потешкотии во својата локална средина, кога на неговиот десетгодишен јубилеј  не доби  финансиска ниту пак  инфраструктурна поддршка од општина Битола, што несомнено ја отежнуваше но и повторно ја ставаше на тест спремноста на локалната средина да ја прифати културата како двигател на општествени промени.
Од минатата година (2016 год.) АКТО се појави во нов формат на POP UP AKTO фестивал, како тригодишна целина во која покрај Битола се оддржува и во други градови во Македонија (Скопје, Штип, Тетово).
АКТО фестивалот за современа уметност е во организација на организацијата за уметност и култура ФРУ - Факултет за работи што не се учат (Битола / Скопје).

-------------

РЕМОНТ  - независната уметничка асоцијација е една од најреномираните независни култруни институции од областа на современата ликовна уметност во Србија изминатите две децении.
Ремонт како уметничка асоцијација е основана од асоцијација на историчари на уметност и уметници која ги соединува современите ликовни уметници од сите генерации итоа низ форматот на изложби, издавачка дејност, образование, и застапнички активности, со цел генерирање, промовирање и документирање на развојот на иновативни уметнички практики , поврзување на уметничката сцена, која има за цел да покренува прашања и предлага решенија, влијае на културните и другите јавни политики и придонесува за децентрализација на културата во Србија и воспоставување на меѓународна и регионална културна соработка.
Организаторот на настанот, РЕМОНТ - независна уметничка асоцијација е основана во 1999 година, додека РЕМОНТ галеријата е отворена во фебруари 2000 година.
https://www.remont.net/o%20nama.html

Ивана Васева (1984) курира, организира и менаџира програми и активности во полето на современите визуелни уметности и интердисциплинарни практики, постојано истражувајќи нови форми на продукција и презентација. Живее и работи во Скопје, заедно со Филип Јовановски ја раководи организацијата ФРУ - Факултет за работи што не се учат. И двајцата работеле на курирање на последните четири изданија на АКТО фестивалот за современи уметности, кој постои веќе 12 години.
Во моментов Васева работи на повеќе истражувачки и контекстуални мултимедијални проекти кои се занимаваат со модернистичкото наследство како и социјалистичкото минато, и се обидуваат да го истакнат нивниот политички потенцијал во денешната јавна сцена.
Курирала и ко-курирала неколку изложби во Скопје, Битола, Тирана, Белград, Каиро и Амстердам и ги презентирала проектите и активностите во Европа и САД.
Дипломирала историја на уметност во Скопје, и била дел од кураторската програма во De Appel Arts центарот во Амстердам.
Добитничка е на наградата Ладислав Баришиќ, која ја доделува АЈКА Македонија, за истражувачкиот проект „Колективна акција како политичка, а не организациска одлука“, заедно со Филип Јовановски.   

Филип Јовановски (1979) е визуелен уметник и граѓански активист.
Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје (2012).
Учествувал на повеќе групни изложби: Биенале на млади уметници (2009/2011/2013); SEAfair (Саем на електронскиуметности) - Музеј на современа уметност Скопје (2010); Фестивал Перфорације - Загреб (2010); Фестивал Синхронзирани градови (2010), Victory Obsessed(2013), Познан, Полска, Паралелни светови(2014) Дуплекс 100м2, Раскажувањето како уметничка пракса, T.I.C.A Tirana institute for contemporary arts, 2014, Where (not) to go?, Македонски центар во Њу Јорк, во организација на Press to exit project space,  Everything is eternity when we are victory obsessed, Галерија СИЗ, Ријека; Црвена Ријека (2017), СИЗ Галерија.
Самостојни изложби: Одлука (2010),Три лесни парчиња:Предлог за опера во три чина(2012) Центар за Култура Битола, Glotzt nicht so romantisch(2011) Прима Центар Берлин, Силата на Спартактистите или Моќта на љубовта (2014) Отворено Графичко студио –Скопје.,  . ДЕНЕС (уметноста), заедничка изложба заедно со Велимир Жерновски, Иван Ивановски, Чифте Амам, Октомври 2015. КУЦ ТЕКСТИЛ –Културно уметнички центар Текстил –Штип (2016); Кога зградите би зборувале(2017) - МОТ(Млад отворен театар).
Добитник на наградата за млад ликовен уметник ДЕНЕС 2013 како и за специјалната награда за архитектура(заедно со Дејан Ивановски) од асоцијацијата на архитекти на Македонина за проектот Мобилна монтажна Галерија(2014) на Центарот за современи уметности од Скопје, добитник е и на наградата Ладислав Баришиќ од областа на ликовната критика за проектот „Колективното делување како политичка, а не организациска одлука” (заедно со Ивана Васева).
Неговите дела се во полето на истражувачки интердисциплинарни проекти кои често користат кураторски пристап и претставуваат трансформација на политички и социјални категориии во просторни слики.
Еден од основачите на уметничката иницијатива Факултет за работи што не се учат (2000), која подоцна(2003) преминува во платформа за проекти од областа на современата култура и уметност.
Од 2007-ма година уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола.


Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат функционира како платформа за проекти од областа на современата култура и уметност, со фокус на продукција на настани чија цел е да создадат критички однос и активно учество на граѓаните во креирањето на јавниот ангажиран политичко – социјален и уметнички дискурс во заедницата. Една од главните активности на ФРУ е АКТО фестивалот за современа уметност во Битола кој се организира од 2006 год. како најобемна активност на организацијата ФРУ. Организацијата во своето 15 – годишно постоење била член на неколку регионални платформи од областа на современата култура и уметност како и соработувала на интернационални проекти и фестивали како фестивалите Перфрације (Загреб) и Culturscapes (Базел), регионалните мрежи BCC / balcan can contemporary и Urban Hum, и регионалните проекти Слушајќи ја публиката, ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност, If buldings could talk и други.
http://akto-fru.com/en/


.---------------------

ФилипЈовановски
070 700 998
Факултет за работи што не се учат



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie