логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Ве информираме дека на 7-ми ноември (понеделник), во објектот Даут пашин амам, во 11ч ќе се одржи прес конференција.  Ретроспективна изложба на Спасе Куновски  ​...Tорзо од жена (црно торзо од кукла манекен), чиј површински текстил се расцепил и кај градите се „разголува“ фактура на дрво, а нозете од торзото, со подвезици. На едната нога сеуште стои прицврстена чорапа, а на другата – која исто така има дрвен инкарнат како градите - подвезицата е прицврстена со игла. Хипереалистично небо со облаци во средниот дел од сликата (минуваат низ торзото). Наместо глава декоративно извиени лимени ленти. Муви кои во колона летаат пред облаците во изместена перспектива... Надреален штимунг, а сепак и некаква ведра, попистичка иконографија, која со својата директност опоменува за „современото несвесно разголување“ пред напредно-цивилизациските пролегоменони... само малку да доловам од понирањата во твоето дело „Залуден предизвик“, како штимунг за едно од делата...  

Спасе Куновски 1929-1978                                                                  

 Македонската модерна уметност може да се гордее со името и делото на Спасе Куновски кое се повеќе, потврдено, го држи своето место под сводот на македонската култура и историја на уметноста. Тој е еден од ретките фигуративци со надреалистички интерес кој ќе го истражува овој стил целиот живот, без големи скокови и трчање по трендовите кои доаѓале преку тогашна Југославија од светот. Во овој стил тој успеал да ја најде својата база за изнедрување на сите потсвесни идеи, сеќавања, спомени, стравови, сфаќања за светот некогаш и сега, секако нудејќи и специфична опомена за светот утре... 

Ретроспективна изложба на Спасе Куновски  ...

и за крај Хипократ, “Ars longa, vita brevis, occasio praeceps, experimentum periculosum, iudicium difficile“ 

(„Уметноста е долга, животот краток, можностите минливи, експериментите опасни, а осудата тешка.“)                                                                                                                                                                                                                                                                                  

Ана Франговска Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie