логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со особена чест Ве покануваме на промоцијата на книгата СВЕШТЕНИЦИ МАЧЕНИЦИ од м-р Билјана Петковска, секретар на Православниот богословски факултет во Скопје.

Промоцијата ќе се одржи во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, (спроти МАНУ), на 13 октомври 2016 година (четврток), со почеток во 12:00 часот.


Промотори на книгата се Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско - пелагониски г. Петар и проф. д-р Александар Трајановски.

za-web_-_Copy

Историскиот период кој го обработува трудот Свештеници маченици, Репресијата над Македонското домородно свештенство по Втората светска војна од м-р Билјана Петковска е неизбришлив дел од поновата историја на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

 

Направен е обид на едно место да се извадат од анонимност и да се оттргнат од заборав повеќе ликови на домородни клирици, докажани автокефалисти, кои во периодот на монолитниот антицрковен режим поминале трауми и голгота низ тогашните логори и затвори на Федеративна Народна Република Југославија.

Но, некои од нив маченички го положиле и својот живот пред олтарот на својата Црква, пред нејзината возобновена автокефалност и пред својата татковина. Тие биле крвнички егзекутирани, без тронка милост, без воопшто за нив да се формира судско досие, без судски пресуди или да им се даде можност да се одбранат.

На сосема идентични методи на репресија, политичко етикетирање, дисквалификација и социјална изолација биле изложени нивните семејства.

Истражувајќи го овој дел од Македонската историја прикажани се потресни животни драми, измачувања на Македонци од Македонци, за некои „нови и повисоки цели“.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie