логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


                  Скопје, 16 септември 2016 година

 Во врска со молбата на Владата на Република Македонија Владата на Руската Федерација испрати хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.
Хуманитарната помош со тежина 40 тони е доставена со специјалниот автомобилски превоз на Министерството за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Руската Федерација. Во товарот се вклучени мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Церемонија на предавање на хуманитарната помош на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија ќе се одржи на 19 септември во 11.00 часот во Дирекцијата за заштита и спасување.

 


Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери.
За попрецизни информации за доставување на руската хуманитарна помош за Република Македонија ве молиме да се обратите до портпаролот на Амбасадата, трет секретар Станислав Лупин (тел.број 075376405).

 

        АМБАСАДА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
          

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie