логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ПРОЕКТОТ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА НА ЕДЕН ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ ВО ФРАНЦИЈА, МЕЃУНАРОДНИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ГРЕНОБЛ

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 1–ви јули (петок) во 10.30 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи прес-конференција по повод претставувањето на македонската кинематографија на реномираниот меѓународен филмски фестивал во Гренобл, Франција од 5–ти до 10–ти јули.
Проектот е реализиран во соработка со Министерството за култура, Министерството за надворешни работи и Агенцијата за филм на Република Македонија. На прес-конференцијата ќе бидат објавени одбраните филмови кои ќе ја сочинуваат програмата за претставување на македонската кинематографија, а ќе присуствуваат раководителот на проектот Небојша Јовановиќ, програмскиот селектор - виш филмолог м-р Атанас Чупоски и режисерите чии филмови се дел од програмата и кои се поканети од организаторите да бидат гости на фестивалот.
Дополнително ќе бидат објавени и некои детали за дополнителните настани кои ќе го придружуваат ова претставување на македонската кинаматографија.

Со почит,
Небојша Јовановиќ, продуцент на проектот;
Мр. Атанас Чупоски,
програмски селектор



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie