логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На ден 28 јуни 2016 година  (вторник) во хотел Холидеј Ин, Скопје со почеток во 11:00 часот,  претставници на ромските заедници од Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Центарот за Демократски развој и иницијативи (ЦДРИМ), НВО КХАМ и Ромскиот ресурсен центар (РРЦ) ќе одржат конференција за печат на тема „Националните политики за унапредување на здравјето на мајките и децата не допираат до ранливите заедници и Ромите“.
      
На јавната дебата ќе говорат претставници од ромската заедница во Шуто Оризари, Делчево и с. Црник - Пехчево; претставници од Здружение ЕСЕ, ЦДРИМ, КХАМ и РРЦ.

Ромите и наодите од работата на граѓанските организации зборуваат за проблемите во однос на превентивните здравствени услуги и имунизацијата за децата во ромските заедници каде работат организациите ЦДРИМ и КХАМ, односно општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево. Овие услуги се особено важни за унапредување на здравјето на мајките и децата, особено земајќи во предвид дека перинатална и доенечка смртност во руралните и ромските средини е за 25% поголем од утврдениот просек на национално ниво, а воедно во изминатите години се бележи пораст на новороденечката и перинаталната смртност на национално ниво. Имено, поголем дел од жените Ромки за време на бременоста не се посетени од страна на патронажна сестра, а во првата година по породувањето во просек се посетени само 2 (два) до 3 (три) пати; активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата наменети за рурални и ромски средини се избришани од Програмата за 2016 година; работата на патронажната служба во однос на посетите на жени за време на бременоста, како и една година по породувањето во моментот не е регулирана со ниту еден документ.

Буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата е намален од 20 милиони денари во 2011 на 9,5 милиони во 2016 година, а во исто време се искористува само 70% од буџетот. Во исто време Владата зема грантови и кредити за унапредување на здравјето на мајките и децата, меѓутоа не се гледаат придобивките од истите.
 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте ги:

Здружение ЕСЕ – Борјан Павловски и Дарко Антиќ

 тел. 02/ 3298 – 713, 02/ 3298 – 295,  e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie