логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Вечерва, со почеток во 19,00 час. во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица официјално ќе започне 12-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. По доделувањето на почесните награди од Астерфест и Тивериополската филмска алијанса на лауреатите Борис Каваца и Вајт Хелмер, ќе има проекција на 4 кратки филмови: наградуваниот „Касписка невеста“ на Вајт Хелмер, оскаровците „Пелтек“ на Бен Клири и „Приказна на мечето“ на Габриел Осорио Варгас, како и „Погребален тим“ на Дејвид Дарг, филм номиниран за Оскар. По паузата, од 21 час. филмската вечер ќе продолжи со кино-маратон составен од три програмски блокови: блокот на анимирани филмови во компетиција, панорама на нови кратки филмови од македонски автори и кратки филмови од Израел. Програмата на „Астерфест“ продолжува утре, од 11,30 час. во предворјето на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Велјуса, каде ќе се одржат Астер портретите и Тивериополските беседи за лауреатите Каваца и Хелмер. Селектор на главната програма на 12-тиот „Астерфест“ е филмологот Атанас Чупоски, а за наградите ќе одлучува меѓународно жири во кое членуваат: Русомир Богдановски, сценарист и драмски писател од Македонија, Нарциса Даријевиќ Марковиќ, режисер и педагог од Србија и Николас Неухолд, режисер од Луксембург.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie