логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„Христијанските мотиви
во современата македонска ликовна ументост“


На 19 мај (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“.
Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозните односно христијанските теми / мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на дваесеттиот век (периодот на појавата на граѓанското сликарство) до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми Христијанството е доминантната сила што ги обликува (не само) Европската култура и уметност! И тоа трае до денешен ден, иако не со истиот интензитет: некогаш спорадично, денес можеби не така очигледно, често метафорично и напати асоцијативно ... но сепак религиозните мотиви, во случајов христијанските, се на еден или на друг начин присатни и во современата уметност. И македонската визуелна уметност не е исклучок во овој поглед. Поточно, македонската уметност има особени причини за чести навраќања кон религиозните односно христијанските теми и мотиви. Причини не само односно не исклучиво верски, туки и историски, па и уметнички: уште од појавата на првите ранохристијански симболи, христијанските теми и мотиви се неразделен дел на ранохристијанската, средновековната, модерната и секако современата македонска уметност. За поврзаноста со темата сведочат и најнови дела, не постари од година или две, презентирани на изложбата.
На изложбата се претставени педесетина дела од 25 македонски уметници од сите генерации, почнувајќи од Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Димо Тодоровски и Никола Мартиноски, потоа Димитар Кондовски, Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Благоја Николовски, Данчо Кал’чев, Ванчо Јаков, како и автори од помладите генерации како Атанас Ботев, Златко Глигоров, Велимир Жерновски, Душица Стефановска и др.
Автор на изложбата е Златко Теодосиевски, виш кустос во Националната галерија.


НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
НА МАКЕДОНИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie