логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ОТВОРЕН ПОВИК

за наградата ДЕНЕС 2016 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години

Центарот за современи уметности - Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/ Скопје со задоволство го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2016 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години.


Оваа значајна и независна награда е организирана во соработка со Residency Unlimited од Њујорк и поддржана од The Trust for Mutual Understanding од Њујорк.

Продолжениот рок за аплицирање за оваа награда ќе биде до 28.03.2016, а резултатите ќе бидат објавени на 31.03.2016.


Победникот ќе има можност да присуствува на двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) во периодот од јули до септември 2016 година. Ако некој уметник е спречен да присуствува на резиденцијата во наведениот период тогаш тој/таа треба да земе превид да аплицира на подоцнежен датум.

Уметници кои работат во полето на современата уметност вклучувајќи сликарство, вајарство, графика, цртеж, инсталација, фотографија, видео, нови медиуми и перформанс се охрабрени да аплицираат. Повикот не е наменет за уметници кои работат во областа на применетите уметности, дизајн, театар, танц и филм. На овој повик уметниците можат да се пријават индивидуално или можат да бидат номинирани од уметнички професионалци кои се активни на полето на современата уметност.

 

КРИТЕРИУМИ

Наградата е наменета за индивидуални уметници до 35 години. Резиденцијалната програма е дизајнирана само за еден индивидуален уметник од земјата во дадената година кога се доделува наградата.

Кандидатите мора да поседуваат академска диплома, да бидат активни уметници најмалку 3 години во Македонија и да имаат значаен обем на дела кои биле изложени во уметнички институции како што се галерии, уметнички центри или музеи.

Уметници кои не се жители на Македонија мора да бидат препознаени за нивниот придонес во развојот на уметничката сцена и нивната уметничка кариера мора да има значајна релација со Македонија. Уметници кои се емигранти би требало да се членови на македонската уметничка заедница и редовно да изложуваат во Македонија.

Уметниците кои аплицираат треба да го познаваат разговорниот англиски јазик за да можат активно да учествуваат во програмата и за да можат да се поврзат со уметници и уметнички професионалци во Њујорк.



ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Име, презиме, адреса, телефон, е-маил на кандидатот;

2. Професионална биографија (на македонски и англиски јазик) - задолжително со година на раѓање!;

3. Документација од уметнички дела со кои се аплицира, дополнета со сите информации за авторот и делото во следниот редослед - наслов, година, техника, димензии и каде било изложено делото. Документацијата може да вклучи и макс. 10 дигитални слики на CD / DVD или видео (VHS, CD, DVD) со вкупна должина до 10 мин. Фотографиите кои се поденсуваат треба да се со висок квалитет (300dpi, max 3MB);

4. Кратка изјава за работата на уметникот на македонски и англиски јазик.

Потребните документи испратете ги на:

е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;

или на адреса: Центар за современи уметности Скопје, бул. Гоце Делчев ДТЦ Мавровка Лам А 1/10, 1000 Скопје


ПРОЦЕС НА ИЗБИРАЊЕ

Финалистите ќе бидат избрани врз основа на заслугите од нивното портфолио, изложените дела на финалната изложба, според претходните достигнувања и изложби и покажаниот потенцијал.

Жири од етаблирани професионалци ќе селектира четири финалисти кои ќе ги претстават своите дела во рамки на групна изложба кон средината на април 2016 година во Скопје.

Жирито, меѓу кои ќе биде и претставник од Residency Unlimited преку скајп, ќе го одбере пдобитникот на наградата врз основа на интервјуа на англиски јазик.


ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА

Во 1990 година Венди В. Луерс, основач и директорка на Фондацијата за отворено општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да оддаде признание на уметничката изврсност на младите визулени уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA - http://www.yvaa.tumblr.com/) во текот на неколку години беше установена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, a US foundation.

Денеска 10 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Бугарија.

Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на ЈВАА програмата и како домаќин на резиденцијалната програма во Њујорк.



За сите прашања можете да се обратите кај:

Ивана Васева

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

070 905 212



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie