логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Википедијанците во Македонија и ширум светот приредуваат глобална забава со настани на шест континенти по повод 15-годишнината на Википедија.

Почнувајќи од 15 јануари 2016 г. македонската вики заедница и „Споделено знаење“ — македонскиот огранок на Викимедија — прославуваат 15 години од постоењето на Википедија — светската слободна енциклопедија што секој може да ја уредува.

Споделено знаење и македонската викизаедница го одбележува јубилејот со следниве јавни активности:

* Петок (15 јануари) — Презентации и роденденска прослава со видеа и говори, панел-дискусија, презентација на гостинска организација и презентација на Споделено знаење и забава со музика и пијалоци.
* Сабота (16 јануари) — Документарен филм за вовед во Википедија, обука за уредништво и активизам, за слбодните лиценци и авторски права и за Викимедија како глобално движење.

За Википедија
Википедија беше пуштена на 15 јануари 2001 г. со смела задача: свет во кој секое човечко битие ќе има слободен пристап и удел во збирот на сето човеково знаење. Во тоа време, замислата дека луѓето ширум светот ќе земат да соработуваат на бесплатна енциклопедија била незамислива. Оттогаш, Википедија порасна на 35 статии на стотици јазици, со стотици милиони читатели ширум светот. И денес ја градат доброволци од целиот свет: секој месец на на учествуваат 80.000 доброволни уредувачи.

Денес, 28 отсто од живите на планетава не познаваат свет без Википедија. Иако голем дел од интернетот денес е личен простор, Википедија му служи секому на светот, на сите возрасти и занимања.

Контакт со организаторот
Бојан Јанкулоски
Главен програмски раководител
тел. 078/282 698
е-пошта: bojan.jankuloskiatgmail.com



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie