логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во Национаната галерија на Македонија, објектот Чифте амам во првата половина на месец декември во рамките на програмските активности на едукативното одделение беше организирана креативна ликовна работилница  инспирирана од делата на нашата позната уметница Жанета Гелевска под наслов Детска радост.
 
Изложбата на Жанета Гелевска наративно ги преставува најважните вредности во животот како и во уметноста. При тоа авторката емитува уметност на радост, на животот и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент создаваат потреба од дружење со нив. Сепак посебно би се издвоила конекцијата со детето, на секое човечко битие, како нешто најдлабоко од нас.

Потикнати од делата на оваа наша уметничка беа организирани повеќе посети на Националната галерија на Македонија на кои учество земаа деца од едукативниот центар  Монтесори , градинката Спирит, учениците од О.У. Ѓорѓија Пулевски, О.У. Бајрам Шабани, О.У. Емин Дураку Буковиќ како и штитениците од ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Скопје. Повеќе од 150 деца создадоа свои дела, експериментирајќи со различни техники на ликовно изразување.
,,Детска радост,, е насловот на изложбата на која ќе бидат преставени изработените цртежи на овие мали, но големи уметници.
Изложбата ќе биде отворена во објектот Мала станица на 23.12,2015 год во 11 часот.
Проектот е спроведен од страна на едукаторот Маја Димитрова а изложбата ќе биде поставена до 31.12.2015 година.
 
Со почит,
Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie