логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На 17 декември (четврток) во 12.00 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, на акад. Матеја Матевски свечено ќе му биде врачена Повелбата „Блаже Конески“.

Повелбата на акад. Матеја Матевски ќе му ја врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото  на добитникот ќе зборува академик Георги Старделов. Свечениот собир ќе биде збогатен со музички нумери на гудачкото дуо во состав Наташа Диденко, на виолина и Александра Јаневска, на виолончело, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова. Повелбата „Блаже Конески“ неодамна ја востанови ДПМ  во знак на чествување на големиот поет и прв претседател  на македонската писателска асоцијација. Повелбата ќе се доделува на секои пет години.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie