логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ве информираме дека во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија на 10 декември 2015 година (четврток), во 19 часот во објектот Мала станица ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Две изложби, а еден настан“.


Благоја Маневски и Јован Шумковски се клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во наредната деценија извршија поместувања и осовременувања на визуелниот уметнички израз на национално ниво. Нивниот „револуционерен“ подвиг кој се прелеваше и низ содржинско-концепцискиот дискурс и низ техничко-технолошките иновации на добата е причина за насоките што ги следеа понатаму и идните уметници во оформувањето на македонскиот ликовен паноптикум. Тие се денес главна алка во едукативниот систем (како професори на Факултетот за ликовни уметности) и во моделирањето на профилот на идните творци.

Иако како изразност многу различни, сепак честопати изложуваат заедно, секогаш носејќи го духот на времето и актуелноста. Проектот „Две изложби, а еден настан“ е за едниот (Шумковски) навраќања наназад со неизложувани дела преку циклусот „Блиско минато и една антиципација“, а за другиот (Маневски) синестезија со нови дела чија аналогија може да се најде во поранешни идеи, концепти и дела, преку циклусот „Без наслов!?...“ . Проектот сам по себе е своевидно нурнување назад со цел да се даде една нова звучност и рецентност денес и сега. Проектот на Шумковски и Маневски е интересен преплет на некогаш и сега во нивните индивидуални развојни линии, но и на некогаш и сега во еден поширок општествен контекст.

Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде поставена до 25.12.2015 година.

 

Со почит,
Национална галерија на Македонија

--
Nacionalna galerija na Makedonija
Odnosi so javnost i marketing
tel. +389 2 3126 856
fax. +389 2 3109 566
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie