логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во вторник, 1. 12. 2015 г. во 11 часот, во Чифте амам  ќе се одржи прес конференција по повод изложбата на Владо Мартек: Огледалото на Мартек – Сетете се на уметноста, во присуство на авторот. За ваша информација, во прилог Ви го испраќаме интервјуто направено од страна на историчарот на уметност и куратор на Проектот Викторија Васева Димеска со авторот и неговата куса биографија.

 

Поет и концептуалист, сликар, есеист (Загреб, 1951). Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa šestorice autora), со уметнички книги, и aут принт (22 самиздати, летоци, плакати, разгледници). Од почетокот на осумдесеттите се занимава со сликарство, скулптура, графика, ленд арт. Пишува поезија, текстови и критики за ликовни практики. Објавил единаесет книги – од збирки поезија, збирки текстови и инсценирани фотографии, до книги есеи за современата уметност и две коавторски изданија на графички мапи.

Делата на Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМа, Њујорк; Лудвиг музеј, Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин, Збирката на Ерсте банка, Виена, три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз...

Живее и работи во Загреб и Ровињ.

Проектот е од ретроспективен карактер и ја искажува слоевитата поетика на авторот, нејзината севкупност, или уметничкиот случај  на Мартек, кој опфаќа епизоди со поезија, сликарство, скулптура, акционизам, публикации од типот самиздат, како и авторски книги, оут принт во вид на летоци, агитации, разгледници, како и инсталации, амбиенти, колажи и асамблажи.

 

На изложбата се прикажани 13 циклуси, околу стотина дела.дела од седумдесеттите, осумдесеттите ...се до оваа деценија со група рецентни творби  реализирани во повеќе медиуми.

 
Со почит,

Национална галерија на Македонија

--
Nacionalna galerija na Makedonija
Odnosi so javnost i marketing
tel. +389 2 3126 856
fax. +389 2 3109 566
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie