логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 46.
За чудото што му се случило на еден иконописец

Bogorodica.m.jpgИмало еден иконописец, по име Јован, кој имал голема почит кон Пресвета Богородица. Тој насликал една нејзина икона толку успешно што ги надминувала другите икони. Потоа го насликал и ѓаволoт, претставувајќи го гнасен и многу страшен. Ѓаволите прво биле најубавите Божји созданија, но по отпаѓањето од Бoга, станале најгнасни и најстрашни суштества. Поради тоа ѓаволот толку многу го замразил што сакал да го погуби, но не заради тоа што го претставил него страшен, туку што иконата на Пресвета Богородица ја насликал толку убаво и што таа го привлекувала народот да и се моли со поголема усрдност и да има поголема почит кон Неа.

Во тоа време се случило да подигнат една висока црква. Го повикале Јована да ја украси со живопис. Тој отишол и работел таму. Кога го сликал кубето и го изобразил светото Благовештение на Пресвета Богородица, ѓаволот му се јавил и му рекол: ,,Сега не можеш да ме победиш ни да ми избегаш, но ќе паднеш од таа голема височина". Штом го рекол тоа ѓаволот, скелето на кое стоел иконописецот веднаш се распаднало. Кога видел Јован дека му дошла смртта, извикал: „Пресвета Богородице, помогни ми!" и ги пружил рацете кон иконата што беше ја насликал. Тогаш станало чудо - Пресвета Богородица ја пружила раката од иконата, го фатила за рака и не дозволила да се убие, а го држела во воздух додека поставиле скеле, по кое тој слегол долу неповреден. Кога виделе присутните што станало, се зачудиле и го прашале како се случило тоа. А тој прво и се заблагодарил на Пресвета Богородица, а потоа им раскажал што се случило и тие го прославиле Бога и Мајката Божја. Оттогаш веќе ѓаволот не смеел да го напаѓа и да му прави зло, бидејќи место да му напакости, тој го прославил, та сите го почитувале, му правеле чест и го викале да им ги украсува црквите, во чест и слава на Бога и на Пресвета Богородица.

ЧУДО 47.
За некоја богоугодна жена, во чиј лик пресвета Богородица се јавила и ја избавила од ѓаволски пакости

Во Рим живеел некој богат човек, кој бил цревоугодник, па секој ден јадел и пиел прекумерно и на крајот осиромашел. Жена му била богобојажлива и имала голема почит кон пресвета Богородица, па секој ден се молела со умилно срце. Еднаш, за некој празник, требало да се потрошат повеќе пари. Бидејќи немал, човекот отишол и се скрил во едно пусто место додека да помине празникот. Човекот бил многу натажен. Тоа го забележал ѓаволот, па му се јавил, го прашал зошто е тажен и тој му одговорил: „Затоа што сум сиромав". А ѓаволот му рекол: „Твојата жена те направила да си сиромав. Но, ако сакаш да се збогатиш, доведи ја кај мене и ќе ти дадам многу пари и имот". Му определил и ден кога да ја доведе. Мажот лаком за пари, ветил со клетва дека ќе ја доведе жена си, мислејќи дека е некој богат човек, а не ѓавол. Тогаш ѓаволот му рекол: „Оди во својот дом, копај и ќе најдеш големо богатство, но прво доведи ја жена ти, а потоа земи го богатството".

Кога си отишол дома, навистина нашол големо количество драгоцености. Се зарадувале многу и уште пред разденување, за да не го виде никој, и рекол на жена му: „Ке те одведам до едно место, но да не знаат соседите каде одиме". А таа, бидејќи му била покорна, не се противела, само и се помолила на пресвета Богородица, како што правела секогаш и тргнала.

Одејќи по пат, почнало да грми силно и да врне дожд. Тие влегле во една стара црква покрај патот додека да помине дождот. По извесно време, кога мажот излегол да виде дали престанал дождот, жената паднала пред иконата на пресвета Богородица и со солзи се молела и говорела: „Владичице моја! Јас не знам каде ме води маж ми, но ти биди ми помошница и закрилница зашто знаеш дека те љубам од срце". И така молејќи се, заспала. Пресвета Богородица се јавила во нејзин лик и мажот не можел да ја познае, па мислејќи дека е неговата жена, продолжил да оди со неа. Утрината кога пристигнале на договореното место, ѓаволот им се јавил и тргнал кон нив. Но кога се приближил, ја познал пресвета Богородица, се растреперил и налутено извикал: „О вероломнику и неблагодарнику! Јас ти дадов толкаво богатство за да ми ја доведеш твојата жена, а ти си ми ја довел Марија, Богородица, од чиј поглед се плашам и треперам".

Кога го слушнал тоа човекот, се зачудил. Тогаш пресвета Богородица му рекла на ѓаволот: „Како смееш, нечист ѓаволу, да и правиш зло на таа жена, која толку многу ме почитува и ме вика да и помогнам? Оди во вечниот оган да гориш што е приготвен за тебе и отсега натаму да не им додеваш на оние што прават добри дела и ми се молат". Кога го изговорила тоа пресвета Богородица, загрмело страшно, земјата се затресла и кога се отворила, ѓаволот пропаднал во неа. Човекот паднал на земја и лежел, но пресвста Богородица го подигнала и му рекла: „Не плаши се, за љубовта на твојата жена ти го простувам гревот. Оди, земи ја жена ти од црквата и одете си дома. Понатаму да имате страв од Бога за да добиете спасение. Имањето што си го добил од ѓаволот да го оставиш и јас ќе ви давам се што ви е потребно. Големото богатство го води човекот кон зло и во вечна мака. Полесно ќе можат да се спасат оние што немаат богатство". Откако го рекла тоа, пресвета Богородица си отишла на небото.

Човекот се вратил кај жена сиии раскажал се што видел. Тогаш тие им благодариле на Бога и на пресвета Богородица. Кога си отишле дома, виделе дека драгоценостите се претвориле во пепел. Оттогаш почнале да живеат богоугодно, се задоволувале со оној мал имот што го имале и се труделе да им угодуваат на Бога и на пресвета Богородица. Амин.

ЧУДО 48.
За една девојка која Го видела Христа во рајот како служи света Литургија

Кесариј и некои други учители велат дека во едно галско село имало една благочестива и богобојазлива девојка, која била болникава и заслабната, бидејќи не јадела ништо друго, освеи малку грозје и пиела вода. И покрај тоа што долго време боледувала, не и здодеало, но се радувала и Му благодарела на Бога што ја удостоил да се помачи на овој свет за да се прослави вечно. Меѓутоа, многу жалела што не може да оди в црква за да слуша богофално пеење, па поради тоа спроти празник плачела. Таа, иако не можела со телото да биде в црква, со умот и душата секогаш била таму и се радувала душевно, слушајќи ангелско пеење.

Еднаш, на празникот Сретение Господово, кога се собрале многу христијани и ја обиколувале црквата Богородичина со литија, нејзе и станало многу мачно и со жал почнала да говори: „Сите христијани одат в црква, а јас како недостојна сум лишена од тој Божји дар." Говорејќи така, умот и се занел и ангел Господов ја зел и ја одвел во рајот, каде што видела чудесна литија. Таму гледала како сите ангели, апостоли, пророци, маченици, свети владици и све-штеници, испосници, девојки и сите светии одат двајца по двајца, со свеќи во рацете; ангелот и дал и нејзе свеќа и таа одела со другите девојки. Таму таа, исто така, Го видела Исуса Христа, облечен во пресветло одејание како Владика, со царски и архијерејски венци, а од десната страна му била пресвета Богородица. Од нивните лица излегувала светлина што го осветлувала целото блажено воинство. Потоа чула како го пеат со сладок и умилен глас тропарот на празникот. Потоа влегле во една широка и прекрасна црква, каде што сите чинови запеале таква сладосна и умилна песна што со зборови не може да се искаже. Кога завршило пеењето, Владиката влегол во светиот олтар и ја започнал божествената литургија, велејќи со висок глас: „Благословено царство Отца и Сина и Свјатого Духа..."10 „Кога завршил Владиката, ангелите ги пееле антифоните. Великиот Павле го читал апостолот, говорејќи: „Братие кромје всјакаго прекословија..."11 , а Свети Лука го читал Евангелието: „Во времја оно, ведоша родители отрика Исуса..."12. По завршувањето на светата литургија, Исус седнал на престолот, а другите Му пристапувале според чннот по двајца, Му се поклонувале, ги целивале Неговите пречисти нозе и Му ги давале свеќите што ги носеле. Девојката, гледајќи го тоа, се чудела, па знаејќи дека ќе се врати назад, не Му ја дала својата свеќа на Христа, но само Му се поклонила и продолжила. Но ангелот не ја пуштил, туку и рекол: „Дај Му ја свеќата на Христа како и другите што прават". Таа му одговорила: „Не ја давам затоа што сакам да ја имам за спомен". Ангелот пружил рака да и ја земе, но таа ја стиснала толку силно што свеќата се скршила и половината и останала во раката. Кога девојката се освестила и ја видела свеќата во својата десна рака, многу се зарадувала. Радоста и била уште поголема кога видела дека од неа стануваат преславни чуда. Потоа таа им раскажувала на сите за тоа чудно виденне. Се радувала душевно и раскажувањето и било толку слатко и умилно што народот во неа гледал ангел, а не човек. По тоа видение, поживеала уште малку како бестелесна и се преселила во вечниот живот.
________________
10. „Благословено е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови."
11. „Апостол на Сретение (Евр. 7, 7-17)". п.
12  „Евенгелие на Сретение (Лука 2, 22-40)".


ЧУДО 49.
За една девојка што се удостоила да Го виде Христа како дете на три години

Друга едиа девојка што живеела богоугодно, како и првата, имала голема желба да го виде Исуса Христа како дете на три години. За тоа постојано Му се молела на Бога и Семилостивиот Бог ја послушал. Едно утро, кога била в црква, по завршувањето на светата литургија, откако излегле сите верннци од храмот, таа застанала пред иконата на пресвета Богородица и со умилно срце се молела, изговорувајќи ја молитвата: „Богородице Дево, радуј се..." и други молитви што ги знаела. Молејќи се така до пладне, почнала да мисли за божествените тајни, за воплотувањето на Исуса Христа, за Неговото страдање и воскресение и наеднаш видела едно многу убаво тригодишно дете како оди по Светата трпеза. Таа, бидејќи била проста, помислила дека е обично дете, па го зела в раце, го милувала и го целивала долго време оти било многу благообразно и убаво. Притоа го прашувала чие е, но тоа не и одговарало ништо, а само ја гледало со чудесно весело лице. Таа помислила дека се уште не може да зборува, па почнала да го тера да и проговори и му рекла: ,,Речи, чедо, Богородице Дево, радуј се" и тоа почнало со сладок глас да ги изговара тие збо-рови по неа. Му ја кажувала молитвата збор по збор, додека дошло да се рече: „Благословен е плодот на Твојата утроба". Тие зборови детето не сакало да ги каже, а таа го принудувала, велејќи му дека тие изрази се почесни и поубави од другите. Тогаш детето ја погледнало и со весел глас и рекло: „Радуј се ќерко! Си Го видела Оној што сакаше да Го видеш!" Кога го рекло тоа, Детето станало невидливо. Девојката сфатила дека тоа бил Исус Христос и Му заблагодарила со страв и радост за Неговото божествено јавување. Потоа таа го поминала животот богоугодно, во чистота и девство и се вселила во вечните живеалишта.

ЧУДО 50.
За еден маж и жена што го сочувале своето девство во бракот

Blagovestenie.jpgЗа време на царевите Аркадиј и Онориј, а по смртта на Алексиј, човек Божји, во Рим голем број мажи и жени тргнале по неговиот пример и сакале да го запазат своето девство. Меѓу нив имало една благочестива и убава девојка, која била побожна и не сакала да се омажи. Меѓутоа, родителите сосила ја дале за еден благороден началник и направиле свадба според обичајот: со музики, песни, игри и слично. Меѓутоа, невестата на небесниот Цар никогаш не мислела за земни работи, туку секогаш за небесни. Вечерта кога ги вовеле младоженците во брачната одаја, таа паднала пред иконата на Мајката Божја и со солзи се молела да и го сочува девството затоа што сосила ја омажиле. Младоженецот кога го видел тоа, ја прашал зошто е толку тажна, а таа му одговорила: „Плачам, возљубен брате, затоа што и ветив на секогаш дева Богородица да не познаам маж на овој свет, освен небесниот Владика, Нејзиниот Син и мојот Спасител, но родителите ме дадоа сосила, без да сакам, па ќе се разгневат Господ и пресвета Богородица и ќе не истребат од земјата, а душите ќе ни отидат во вечна мака". Тогаш младоженецот почнал да ја убедува со разни докази дека законскиот брак е благословен од Бога и дека многумина оженети Му угодиле на Бога и станале свети. Меѓутоа, мудрата девојка спротивно на тоа, му го фалела девството, приведувајќи му примери, а најмногу примерот на пречистата Дева Богородица. Кога чул младичот такви возвишени зборови од девојката, по Божја благодат, ветил дека и тој ќе живее девствено во нивниот навидум брачен живот.

Така тие живееле многу години како брат и сестра, давале милостина на сиромаси, со пост и воздржување се молеле и правеле секакви добрини; сите сограѓани ги почитувале и се чуделе на нивната побожност што никогаш не отсуствувале од ниедно бдение или од духовен собир во светите цркви.

По извесно време, кога Исус Христос ја повикал Својата непорочна невеста во небесната населба да прими награда за своите трудови и кога свештениците го извршиле опелото пред да ја закопаат, се приближил мажот и со солзи да ја бакне и кога ги подигнал рацете кон небото, гласно рекол: „Ти благодарам, Господи, што ми даде мудра и добра сопатница, потоа сестра и Твоја нетлена невеста, која Ти ја предавам денес непорочна и чиста каква што ми ја даде". Штом го изговорил ова, за чудо, девојката ги отворила очите, се позамислила малку и рекла: „Зошто, љубен мој сопруже, ја изјави таа тајна кога никој не те прашува?" Кога го чуле тоа присутните, се зачудиле и Му благодареле на Бога, Кој прави чуда со Своите светии. Подоцна умрел и мажот и неговите роднини го погребале во друга црква. А по некое време, кога сакале неговите мошти да ги пренесат во друг гроб, отишле и го раскопале гробот, но многу се зачудиле кога виделе дека гробот е празен. Потоа добиле одобрение и го раскопале гробот на девојката и таму ги нашле неговите мошти како потврда на нивната соединетост со духовна љубов на овој свет, така и по смртта душите им биле соединети во небесното царство, а нивните тела во гробот. Кога го виделе тоа чудо, сите Римјани се чуделе и насекаде Го прославувале Бога. Амин.

ЧУДО 51.
За еден началник на разбојници кој имал голема почит кон Маjката Божја и затоа добил простување на гревовите и бил чудесно погребан

Близу италијанскиот град Таренто имало група разбојници, кои заедно со својот војвода живееле во една гора, ги ограбувале патниците што минувале оттаму, а некои и ги убивале. Еднаш оттаму минувал еден духовник, кого војводата го здогледал, па испратил луѓе да го доведат за да го ограбат. Тие отишле и го донесле духовникот. Тој во разговорот со војводата почнал да му говори за страшниот суд Божји, за вечната мака и за другите душеспасителни работи, со што го довел до умиление и го натерал да си ги исповеда гревовите. Опитниот исповедник, откако ги ислушал гревовите, увидел дека за одвраќање на таков грешник од зли дела треба многу труд, каков тој не ќе биде во состојба да прифати, затоа не му дал никаква епитимија ниту му рекол да го напушти разбојништвото, знаејќи дека нема да го послуша, туку му рекол да се воздржува три дена: во недела, среда и петок да не прави никакво зло, а во петок и среда уште и да пости, поради страданијата Христови; исто така, да ги држи Богородичните празници и тогаш да не прави никакво зло. Откако ги ислушал советите, началникот му одговорил: „Ти благодарам, оче, што ме упати на покајание и ветувам дека ќе исполнувам се што ми кажа".

И така, на еден Богородичен празник, кога оделе во гората без оружје, го фатиле војниците и го повеле при судијата. Војводата можел да земе оружје од нив и да ги победи, бидејќи бил многу силен, но од љубов кон пресвета Богородица одел мирно каде што го воделе. Кога дошле кај судијата, овој заповедал да го убијат. Но, откако поразмислил дека е загуба еден таков силен и убав човек да биде погубен, му рекол: „Ти го опростувам животот, но отсега да не правиш зло на нашава земја, а да ни помагаш". Тогаш разбојникот му одговорил: „Ти благодарам за милоста што ја покажа кон мене, но јас веќе не сакам да живеам и да се измачувам бесцелно, затоа подобро е да ме убиеш, бидејќи и јас мнозина сум убил, само остави ме неколку дена да поплачам за своите гревови". Судијата му дал осум дена и тој за сето тоа време си ги исповедувал гревовите пред сите, се молел, плачел и барал опростување. Кога виделе такво покајание оние што биле таму, Ги прославиле Бога и пресвета Богородица. Меѓутоа, времето што му било даде-но за покајание, не било од судијата, туку од света Богородица, за чија љубов дозволил да го фатат и за почитувањето на Нејзините празници, а освен тоа, Таа покажала и други чуда со него за да дознае секој грешник колку помага покајанието. Кога изминале осумте дена, тој самиот отишол да го убијат, се опростил со сите и кога се помолил, со радост ја наведнал главата под мечот, та го погубиле и го погребале на местото каде што ги погребувале разбојниците. Меѓутоа, во истата ноќ на гробот се појавила голема светлина; многубројни свеќи гореле и пет прекрасни и све-тли девојки, кои го извадиле од гробот и го положиле на еден одар покриен со златна покривка, четирите од нив го зеле одарот да го носат, а петтата заповедала како Царица и одела по нив со светилник в раце. Кога стигнале до градските врати, стражарите се уплашиле, мислејќи дека е ова некој ѓаволски привид. Тогаш девојките го оставиле таму телото, а Светлоносицата им рекла на стражарите: „Отидете и кажете му на владиката дека Мајката на Исуса Христа заповеда овој човек да се погреби на чисто место." Утрото стражарите отишле кај владиката и му рекле што им порачала Мајката Божја. Кога го чул тоа, тој веднаш отишол со свештениците и со многу народ при градските врати и го нашле телото покриено со прекрасна порфира, а ја виделе и главата составена со телото, од кое многу се зачудиле и поверувале за се што им кажале стражарите. Потоа Го прославиле Бога и чесно го погребале разбојникот со голема почит како маченик во слава на Бога и пресвета Богородица. Амин.

ЧУДО 52.
За несреќната смрт со која Бог казнил еден хулител

Во Саксонија имало еден развратен човек, кој за мала причина пцуел и проколнувал. Еден ден кога овој играл карти и ги изгубил сите пари, се разгневил многу и почнал да хули на Христа и на Пресвета Богородица. Тоа Исус не можел да го истрпи, па веднаш го поразил со меч и развратникот паднал на земја и извикал: „Ме најде големо зло, јас сиромав!" Штом го изговорил тоа, веднаш умрел, а ѓаволите му ја зеле душата и ја однесле во вечната мака. Луѓето што биле таму виделе дека од телото му тече крв и кога го соблекле, нашле дека целиот труп му бил исечен, та му се гледале цревата и дробовите. Отпосле голем број луѓе се собрале да го видат тој страшен призор, на што сите се чуделе. Кога тоа го чул еден негов пријател, побрзал да отиде да го виде, но по патот го сретнала една сенка како човек и му рекла: „Јас сум твојот пријател што умрев сега. Оди, кажи им на сите што пцујат, колнат или хулат грешно да се покајат за да не ги стигне гневот Божји и да пострадаат како јас; да знаат уште дека владиката Христос трпи многу и не ги казнува на овој свет оние што живеат беззаконо, но на страшниот и праведен суд Божји ќе се мачат вечно; а кој ќе се осмели да злослови на Мајката Божја, не трпи, а веднаш го казнува и го осудува на вечна мака како што пострадав и јас, твојот пријател". Таа сенка била душата на умрениот и кога го рекла тоа, се изгубила. Тогаш пријателот негов отишол и кога го видел телото, се уверил дека тоа била душата на умрениот што му зборувала по патот. Тоа им го кажувал на сите и луѓето кога чуле, се растрепериле од страв и веќе не смееле ни уста да отворат за да хулат на Мајката Божја.

ЧУДО 53.
За смртната казна на еден друг богохулник

Некој бродар Евреин, по име Теодорит, на кого сите другари му биле христијани, отишол негде по работа, а во бродот го оставил сина си Илија. За тоа време христијаните управувале со бродот, а доаѓал еден од Богородичните празници. На денот на празникот, тие го замолиле синот на Евреинот да ги пушти да отидат в црква на света литургија. А тој, ненависник Божји, почнал да хули на света Богородица. Мегутоа, не минало многу време и Божјата казна го стигнала. Во една прилика кога сите бродари работеле заедно, едно дрво паднало и го удрило само него по главата, та му истекол мозокот и умрел. Тогаш христијаните отишле на божествена литургија и Го прославиле Бога. Амин.

ЧУДО 54.
За една жена што воскреснала и си го исповедала тајниот грев

Имало една добродетелна жена, која живеела со мажот во својот дом како во манастир, одела редовно в црква, ги помагала сиромасите и правела многу добри дела. Меѓутоа, направила еден голем грев заради кој многупати одела кај исповедник, но од срам не го кажувала, а само и се молела на пресвета Богородица да и го опрости гревот и умрела без да го исповеда. Бидејќи нејзината ќерка не стигнала за погреб, роднините ја држеле три дена незакопана. На третиот ден ја однесле в црква и кога се извршило опелото, за големо чудо Божјо, станала мртвата во носилото и кога седнала, рекла: „Голема е твојата сила Секогашблажена Дево Владичице!" Потоа, го повикала духовникот и почнала да го исповедува својот таен грев, говорејќи гласно пред сите: „Јас бедна и безумна, ми беше срам да исповедам еден грев, за кој многупати се каев, плачев и и се молев на Мајката Божја да ме помилува за да не се мачам поради него. Но, кога излезе окајаната моја душа, ѓаволите ми го покажаа тој грев, се радуваа и ме одведоа во местото на маката каде што е длабока темнина и неутешлива болка, бидејќи мислеа дека сум нивна. Меѓутоа, во тој час се појави Помошницата на грешните и Царицата на ангелите, која светеше со неискажлива светлина, па му рече на ѓаволот: „Како си смеел да ја земеш таа душа без Божја дозвола?" Потоа ме зеде за рака и ме одведе при Праведниот судија за да виде што ќе ми каже и по патот ми зборуваше: „Не бој се, ќерко! Јас сум твоја помошничка". Кога стигнавме до Владиката, Христа, Кој седеше на еден висок престол,Тој ме погледна строго и сакаше да ме осуди на вечна мака, но Владичицата Му рече со умилно лице: „Се молам на Твојата благост, Семилостив Сине и Боже Мој! Заради Твоето милосрдие и заради Твојата пречиста и многуценна крв, што Си ја пролеал за грешните, прости и на оваа жена, бидејќи знаеш колку љубов и почит имаше кон мене, колку солзи пролеала пред мојата икона и колку многу се каела за својот грев." Тогаш Исус и одговори: „Знаеш ли, возљубена Мајко, дека никој не може да се спаси без исповед, а таа не сакаше да се исповеда, па затоа нема да и простам; во вечната мака покојание нема". - „Навистина е така, рече Владичицата, без светата тајна исповед никој не може да се спаси, но Ти си Владетел на животот и на смртта, Ти судиш и се можеш да направиш. Те молам, смилувај се на неа!" А Тој и рече: „За да не Те ожалостам, о Мајко? И заповедувам на душата да отиде во телото и според законот да си го исповеда гревот и тогаш да и биде опростено". Кога го рече тоа Владиката, ангелот пазител ми ја донесе душата и јас оживеав. Но по неколку часа пак ќе умрам, но ве молам, мои роднини и пријатели и тебе, мила ќерко, да не плачете, зашто кои плачат за умрените, многу грешат. За умрените треба да се служи литургија, да се чита псалтир и да се дава милостина, а не да се плаче. Исто така, ве молам, да се чувате од грев и да си ги исповедате искрено и најмалите гревови зашто без исповед нема спасение". Кога го рекла тоа, се упокоила во Господа, Кому нека Му е слава во веки. Амин.

 (Продолжува)

 



Посети: {moshits}


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная