логоFacebookTwitterYouTubeeMail


  Епископ  Велички Гаврил Светогорец

Bogorodica.Isus.z.jpgЧУДО 30.
За чудното спасување на едно дете од давење во река

Во Ломбардија имало еден човек, кој живеел со жена му богоугодно и добродетелно. Тие имале голема љубов и надеж во света Богородица, па повикале иконописец да им наслика на ѕидот во куќата убав лик на Мајката Божја. Оттогаш секојпат, минувајќи покрај иконата, и се поклониле и говореле: „Богородице Дево, радувај се". Заради тој нивни добар обичај, света Богородица им правела секакви добрини и им помагала да живеат во согласност и љубов, па народот ги именувал „миротворци", зашто со сите имале мир и љубов. Тие имале едно дете од три години, кое правело исто што и неговите родители. Имено, се поклонувало на иконата и кога научило да зборува, велело: „Богородице Дево, радувај се". Бидејќи дете, не знаело за почит кон Бога, но тоа го правело по примерот на родителите. Кога го гледало ликот, мислело дека е тоа господарката на домот, па со страв се поклонувало и ги изговарало тие зборови. Еден ден кога си играло на брегот од реката заедно со другите деца, паднало во водата. Децата кога го виделе тоа, отишле, па и јавиле на мајка му. Кога чула таа, веднаш, плачејќи, отишла да го тажи. Но бидејќи реката била длабока, не смеела да влезе сама, ниту некој од соседите што дошле заедно со неа. Најпосле двајца мажи се соблекле и влегле во водата да го бараат, но не можеле да го најдат. Во тоа време мајката погледнала долу по реката, го ви-дела дека стои над водата чудно, како на некој престол и му рекла: „Чедо мое, како седиш таму?" Детето одговорило: „Добро, мајко моја, Госпоѓата ме држи и не се плашам од ништо". Мајка му од радост не разбрала што и говори. Тогаш допливале оние двајца и го изнесле на суво при мајка му, која го зела и го однесла дома. Штом стигнале во домот, прво се помолила пред иконата на света Богородица и потоа го прашала детето како останало живо, а тоа одговорило: „Кога паднав во водата, притрча таа наша Госпоѓа - покажувајќи со прст на иконата - па ме извади од водата и ме држеше се додека не дојдоа оние луѓе да ме изнесат на суво. Кога го чуле тоа чудо, сите Го прославиле Бога, и се поклониле на Мајката Божја. А кога пееле благодарствен молебен на Бога во црквата, детето извикало пред целиот народ: „Госпоѓата наша ме извади од водата!" И така, секој што ја почитува иконата на пресвета Богородица, ќе биде спасен од привремената и од вечната смрт. Амин.

ЧУДО 31.
За ослободувањето на еден Евреин од темница откако поверувал во Исуса Христа

Во Ломбардија имало некој богат Евреин, кој се занимавал со трговија. Се случило еднаш да го фатат некои разбојници; го врзале, го затвориле во темница со намера да му ја земат сета стока и да го убијат. Тој многу плачел, очекувајќи секој час да биде убиен и мислел како да се избави. После му дошло на ум дека света Богородица им прави многу чуда на христијаните и дека може и него да го избави, ако со чиста вера и се помоли. Почнал срдечно да се моли, плачел и со солзи говорел: „Пречиста Царице Небесна, покажи ја твојата милост кон мене бедниот. Голема е твојата благодат што непрестајно ја покажуваш кон христијаните, од кои сум слушал дека бесни си лекувала и затвореници - ослободувала. Смили се на мене, Владичице, и не споменувај си за злобата на моите предци, но како милостива Мајка (како што те викаат христијаните) помогни ми во оваа голема неволја и избави ме, па и јас да поверувам во Твојот Син и Бог и да раскажувам на сите за твоите чуда!"
Молејќи се така, заспал и насон видел една Царица, посветла од сонцето, а околу Неа ангели, кои по Нејзина повелба му ги одврзале синџирите. Тој радосен се разбудил и рекол: „Кажи ми го, Владичице, твоето име, за да ја запознаам својата добротворка". Света Богородица му одговорила: ,Јас сум Марија што ти ја повика и те послушав, макар што Евреите се мои непријатели и на Сина Ми; но бидејќи со топла и чиста вера се молеше, Мојот Син се смилува на тебе и заповеда да се ослободиш од душевната и телесна смрт". Откако тоа го рекла, им заповедала на ангелите да го одведат до една бездна, каде што се наоѓале безброј души што се мачат и од каде што излегувала неподнослива миризба, од која тој паднал на земја. Тогаш света Богородица му рекла: „Таму се мачат Евреите кои не поверувале во воплотувањето на Мојот Син Исус Христос". Потоа го одвеле на една висока планина, каде што видел едно прекрасно место, од кое се ширело благоухание. Таму Евреинот видел многу народ, кој пеел радосни песни и се исплашил. А Мајката Божја му рекла: „Тоа се душите што Син Ми ги ослободил со многуцената своја крв. Ти избери си едно од овие две места што ти е поудобно". Штом го рекла тоа, света Богородица си отишла на небото, а Евреинот се нашол пред вратата на својот дом и веднаш се покрстил. Потоа го оставил целиот свој имот и отишол во еден манастир, каде што се замонашил и и служел на пресвета Богородица, Која на чуден начин го избавила и го вовела во вистинската вера.

ЧУДО 32.
За воскресението на едно еврејско дете убиено од татко му и како тоа ја исповедало милоста на Мајката Божја

Една Еврејка за време на породувањето се мачела и не можела да се породи, па секој час очекувала да умре од болки. Тогаш кај неа се нашла една христијанка, која и рекла: „Ако сакаш да се ослободиш од тие маки, повикај ја пресвета Дева Марија и таа ќе ти помогне". Кога го чула тоа Еврејката, со солзи во очите извикала: „Многублагословена секогаш Дево Марие, слушам дека им даваш благодат на сите што со чиста вера Ти се молат. И јас, иако сум од родот на оние што го убија Твојот Син, ти се молам недостојна да ме избавиш од овие смртни маки и ветувам дека ќе станам христијанка и ќе примам свето крштение". Откако ја завршила молитвата, Еврејката веднаш родила машко дете и кога станала од постела, се крстила заедно со своето дете. Мажот и не бил дома, па кога се вратил и разбрал за тоа, се разгневил и го убил детето. Околните христијани кога чуле плач и викање, дошле на помош и сакале да го фатат Евреинот и да го предадат на власта, но тој избегал и се скрил во една црква. Стоејќи во црквата уплашен, ја видел иконата на света Богородица и почнал да и се моли од се срце, говорејќи: „О Владичице, големо е твоето милосрдие, ти ги штитиш и таквите како јас што сум, недостојниот и нечестивиот што си го убив детето; а сега стојам во твојот дом и земјата не се отвора да ме проголта жив. Кога толку е големо твоето милосрдие, помилуј ме, како Твојот Син што го помилува гонителот Савле и прости ми ги сите гревови и беззаконија. Верувам дека навистина Си Го родила Исус Христа, без повреда на девството и исповедувам дека Синот Твој е Син Божји и дека Неговата милост е бескрајна". Молејќи се така, дошле оние што го барале и го врзале. А тој им рекол: „Ве молам одведете ме кај некој свештеник да ме крсти, па потоа убиете ме". Тие го послушале, го одвеле да се крсти, а потоа го предале на судијата, кој го затворил и го осудил, а утредента мислел да го убие.
Жената дома, држејќи го детето постојано во раце, плачела и не можела да се утеши. Наеднаш видела дека детето почнало да мрда и потоа оживеало. Во исто време чула дека мажот и се покрстил и дека ќе биде убиен. Тогаш таа го зела детето и отишла при судијата; кога виделе дека детето е живо, го прославиле Бога и го ослободиле таткото. Како сведоштво на ова чудо останал белег на грлото од детето, па сите што го виделе Го прославиле Бога. По ова големо чудо станало и друго: детето исполнето со благодат на Мајката Божја, прозборело убаво и чисто, како дванаесетгодишно момче и со висок глас рекло: „Мајката на милостите и Сеутешителката Дева Марија ме воскресна поради верата на моите родители и за да ги посрами неверните Евреи кои не го признаваат воплотувањето на Бога". Оние што го чуле тоа, заплакале од радост и Ги прославиле Бога и света Богородица, а татко му на детето и служел на света Богородица до крајот на својот живот и напишал многу книги против Евреите. Детето живеело богоугодно и со молитвите на света Богородица отишло заедно со родителите да се радува во вечната радост.

(Продолжува)

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 708
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

 Изгледа дека од темата на самоидентификување со Христос или, не дај Боже, со нешто од овој свет – па не знам колку и да ни значело тоа нам, нема бегање....

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

 И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни,...

« »