логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 31 декември/13 јануари 2019 лето Господово

Во осмиот ден по своето раѓање, нашиот Господ Исус Христос благоволи да биде обрезан за да го исполни Законот.

Не дојдов, рече, да го нарушам Законот и Пророците туку да го исполнам(Мат. 5,17).

Вака им зборуваше Господ Исус Христос на своите Апостоли, но и на фарисеите кои постојано се обидуваа да го обвинат дека отстапува од основните принципи на Мојсеевиот закон.

Христологијата нè учи дека во Христовата Личност целосно се соединети Божјата и човечката природа. Христос е вистински човек, но и вистински Бог. Во Него, Божјата и човечката природа се проникнуваат неразделно, но и неслиено. Ова е догматот со кој е заклучен Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон. Доколку не беше вака, доколку Христос би бил само Бог, а не и вистински човек, тогаш воплотувањето на Синот Божји и неговото појавување во светот ќе немаше смисла. Бог и покрај неговото воплотување за нас луѓето би бил далеку. Токму од овие причини, но и за да покаже дека е вистински човек, Господ Исус Христос во потполност го исполнуваше Законот.

Обрезанието потекнува од нашиот праотец Авраам, каде преку сечење на дел (парче) од членот на човечкото тело се става печатот Божји врз својот избран народ. Бог му заповедал на Авраам ова да го направи врз секое машко дете од неговите потомци како знак дека имаат склучено сојуз, односно завет со Господ Бог. Обрезанието како обврска постои сè до формирањето на новозаветната Црква, кога тоа е заменето со Крштението и благодатта која произлегува од него. Апостол Павле вели дека со Крштението на човекот престанува да важи обрезанието. Со воскресението на Христа, Законот отстапува пред благодатта, односно благодатта го зазема местото на Законот. Светото Крштение ја растоварува личноста од тешкото бреме на формалноста и ја гарантира и остварува нејзината слобода. Се поставува прашањето, зошто тогаш го славиме обрезанието Господово кое веќе престанало да важи?

Ние, кога го славиме обрезанието на нашиот Господ Исус Христос, всушност го славиме неговото воплотување, односно неговото вочовечување. Он, кога се обреза, се покажа како вистински човек. Бидејќи, ако не се облечеше во човечко тело, ако не беше човек, тогаш како би можело да се обрезува привидение?

Обрезание Господово

Свети Ефрем Сирин вели: „Ако Он не беше тело, тогаш кого обреза Јосиф?“ Но, бидејќи, навистина беше тело, Он беше и обрезан како човек; и вистинска крв потече од еден дел од телото на новороденчето, како Син Човечки, и го болеше, и плачеше од болка, како што и и доликува на човечката природа. Беше обрезан по тело за нам да ни го востанови духовното обрезание, бидејќи заврши Стариот Закон, кој е по тело, и Он зачна Нов, духовен закон. И како што стариот, телесен човек обрезуваше сетилно тело, така новиот духовен човек беше должен да ги обрезува духовните страсти: јарост, гнев, завист, гордост, нечистотија и други гревови и гревовни желби.

Господ благоволи да го прими обрезанието, и на тој начин започна да страда за нас, и да пие од онаа чаша која требаше да ја испие до дно, кога на крстот рече: „Се сврши!(Јн. 19,30) Се пролеаја капки крв од еден дел на детското тело, додека на крајот на неговите триесет и три години, крвта од целото тело не потече како потоци. И еве уште како доенче започна да страда, и се учеше на страдање за да може, кога ќе биде зрел човек, полесно да ги поднесе најтешките мачења и страдања од оние што не Го познаа. Зашто сите ние уште од мали, треба да се навикнуваме на јуначки подвизи. Човечкиот живот е полн со маки, како ден на кој утрото му е раѓање, а ноќта – крај. Значи од утрото, од пелени, Богочовекот Христос излезе на свое дело, на маки; во маки е од младост, и во својата работа, До онаа вечер кога ќе се помрачи сонцето и ќе биде темнина по целата земја до деветтиот час. Им рече на Евреите: „Мојот Отец досега работи, и Јас работам(Јн. 5, 17). А што работи нашиот Господ? – „Го работи нашето спасение“. И за да го заврши потполно, Он, од утрото на својата младост се зафати со дело, започнувајќи да поднесува телесна болка, воедно и душевно да пати за нас, како за свои деца, додека не се изобрази во нас самиот Тој, Христос (Гл. 4, 19). Од утрото започнува да ја пролева Својата крв за навечер да го собере прекрасниот плод на нашето искупување.

Архангел Гаврил, го соопштува името на новороденчето дека ќе се вика Исус, во она време кога на Пречистата Дева Марија и ја објави благовеста за зачнувањето.

При обрезанието, на Божественото Новороденче му го дадоа името Исус, кое беше донесено од небото од Архангел Гаврил, во она време кога на Пречистата Дева Марија и ја објави благовеста за зачнувањето, пред да се зачне во утробата, односно пред Пресвета Дева да се согласи на зборовите на благовесникот, пред таа да рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде по зборовите твои!(Лк. 1, 31-38). И при овие нејзини зборови, Словото Божјо веднаш стана тело, вселувајќи се во пречистата и пресвета утроба нејзина. Значи, пресветото име Исус, кое ангелот го даде пред зачнувањето, му беше дадено на Господа Христа со што беше објавено нашето спасение. Етимолошкото значење на зборот Исус значи Спасение, Спасител, а Христос е грчки збор и значи помазан. Спасител, како што протолкува и истиот Ангел кога во сон му се јави на праведниот Јосиф и му рече: „Дај му го името Исус, зашто ќе ги спаси луѓето свои, од гревовите нивни(Мт. 1,21). Но и свети апостол Петар сведочи за името Исусово и вели:

Овој камен што вие како ѕидари го отфрливте, стана глава на аголот; и во никој друг нема спасение, зашто под небото нема друго име дадено на луѓето со кое би можеле да се спасиме(Д. А. 4, 11-12). Ова спасоносно име Исус, беше подготвено пред сите векови во Советот на Пресвета Троица, напишано, и сè досега чувано за наше избавување; а сега како најскапоцен бисер од наднебесната ризница, донесено за искупување на човечкиот род, и од страна на Јосиф дадено, за во тоа име на сите да им се откријат и објават незнајностите и тајните на Божјата мудрост. Ова име како сонце го огреа светот. Според зборовите на пророкот кој вели:

Ангелите го слават и величат Неговото пречесно и величествено име, Исус

Вам, кои се боите од Моето име, ќе ве огрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови…(Малах. 4,2). Тоа како миро миомирисно ја намириса вселената. Кажано е: „името ти е како разлеано миро“. (Песна над песните 1,2) Неговото име е миро не во сад затворено, туку разлеано. Зашто ако мирото се чува во сад, тогаш неговиот мирис се задржува внатре; ако пак се разлее, неговиот мирис го исполнува воздухот. Силата на името Исусово била непозната, во предвечниот Совет како во сад скриена. А кога тоа име се разлеа од небото на земјата, веднаш при обрезанието со излевање на крвта на новороденчето, како миризливо миро се исполни вселената со миомиро на благодатта. Силата на името Исусово стана очигледна, бидејќи тоа прекрасно име Исус – ги восхити Ангелите, ги израдува луѓето, ги уплаши ѓаволите, зашто и ѓаволите веруваат и треперат. Од самото име се тресе адот, се колеба подземјето, исчезнува кнезот на темнината, се рушат идолите, се растура мракот на безумното идолопоклонство, изгрева светлината на побожноста и го осветлува секој човек кој доаѓа на свет. Ете, името Исусово е силно оружје против непријателот, како што вели свети Јован Лествичник: „Насекаде името Исусово го бие противникот, зашто посилно од ова оружје нема да најдеш ниту на небото ниту на земјата. Ова премило име Исус, о како му е слатко на срцето кое го љуби Христа Исуса!

Јероним ни зборува дека некогаш името Божјо се испишувало на златна штица што ја носел првосвештеникот на главата. Но, сега се испишува божественото свето Исусово име со самата Негова црвена крв, излиена при Неговото обрезание. Тоа не се испишува повеќе на материјално злато, туку на духовно, во срцето и на усните на верните слуги Христови.

Исус не ја пролева залудно својата крв при обрезанието, зашто сака садот кој треба да го носи името негово, да се натопи, да се обагри со крв. Кога Господ сакаше да го придобие апостол Павле за навек, како одбран за суд, веднаш му рече: „И јас ќе му покажам, колку треба тој да пострада за името Мое(Д. А. 9, 16). Погледни го мојот сад окрвавен, ранет. Така се испишува името Исусово, со црвенилото на крвта, со патење, страдање во оние кои се борат против гревот.

Нема ништо ново под сонцето, освен појавата на Господ Исус Христос како човек!“ – вели свети Јован Дамаскин. Со Неговото Рождество и Воскресение, на човекот кој дотогаш беше окован во гревот и врз кого почиваше смртта и ништожноста, широко му се отвори патот кон вечноста, личноста, слободата и Царството Небесно. Човекот доби можност да му се радува на животот, освојувајќи го Христовиот живот се здоби со можноста да личи на Христа, односно да биде Бог; Бог не по природа, туку Бог по благодат. Значи, кога го славиме обрезанието Господово, всушност го славиме човештвото Христово – вистинскиот хуманизам, а тоа е повикот: Животот на човекот да стане Христоцентричен, односно Богонасочен – Богочовечки. 

Те прегрнуваме со љубов, о преслатко име Исусово! Сесрдно му се поклонуваме на пресветото име Твое, о преслатки и семилостиви Исусе! Го величиме и фалиме Твоето превелико име, Исусе Спасителу; припаѓаме пред излиената крв при Твоето обрезание, новороденче незлобиво и Господе Совршен! ја молиме и огромната благост Твоја, ради пресветото име Твое, и заради премилата излиена крв Твоја, и уште заради себеспрекорната Мајка Твоја, која Те родила нетлено; Излиј ја обилно на нас милоста Своја! Заслади ги нашите срца со самиот Тебе, Исусе! Заштити нè и огради нè отсекаде со името Твое, Исусе! Означи нè и запечати нè со Тоа име нас, слугите Твои, Исусе, да се вселиме и во идниот век, и со Ангелите да го славиме и величиме за навек Твоето пречесно и величествено име, Исусе,

амин.


Извадок од Житија на Светиите – Јануари, 2009 год.

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 660
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »