логоFacebookTwitterYouTubeeMail

18.01.2017 год.

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно богомислие и духовно општење со Божествениот свет.

Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, говореше преподобната Синклитикија: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во исти болести“.

Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.

Преподобна Синклитикија

Вечерна

На Господи, повикав, стихири, глас 1:

Откако навистина си ја посакала славата на отците, си ја возљубила славата нераспадлива. Затоа, откако ги напушти (земните) задоволства, твоето тело си го предала на секакви страдања.

Оној што прифати праведниот Јов да му го предаде на ѓаволот кој тоа го бараше од Него, сакајќи и тебе да те испроба како злато, дозволи и твоето тело да страда од насилството на лукавиот. Но, ти го посрами искушувачот со трпењето на маките, и се овенча со венецот на победата.

Откако ја возљуби прекрасната убавина на Младоженецот Христа, и посака да станеш Негова невеста, се украси со сите видови добрини, трпеливо поднесувајќи ги страдањата; затоа сега царуваш со Него во Неговата палата.

Утрена

Канон, глас 2

.Песна 1.

Ирмос: Дојдете, луѓе, да Му пееме песна на Христа Бога, Кој го раздели морето и ги преведе луѓето, што ги изведе од ропството египетско, зашто се прослави.

Доаѓам со песни да го овенчам твојот спомен, надевајќи се на тебе, јас безумниот и сиот нечист, но дај ми, по твоите молитви, да говорам мудро и разумно.

Откако сиот твој ум го издигна кон небесната височина, и ја позна бездната на добрините и благоста на насладите, си ги поднела сите искушенија.

Откако својот ум го насочи кон вишниот Бог, твоето тело кое влече надолу си го олеснила со воздржување и болести, посакувајќи ја славата голема.

Богородичен: Христос, останувајќи тоа што беше и по воплотувањето од твојата утроба, ни го дарува она што бевме порано, нам кои бевме од прав создадени, и нѐ ибави од гревовите,

Богородице!

Песна 3.

Ирмос: Утврди нѐ во Тебе, Господи, Кој со дрвото (крсно) гревот го умртви, и стравот Твој всади го во срцата на нас коишто Ти пееме.

Неодоливо гонета кон подвигот на воздржувањето, ти не го поштеди твоето тело од многуте рани, од кои искушувачот се одвраќаше.

Ти си го избрала тесниот и трнлив пат, кој обезбедува нераспадлив живот во Бога, а широкиот го презираш, оти навистина ништо не е полошо од него за оној што ум има.

Цветот на твојот врел образ исчезна од маките и од подвигот на воздржувањето, и пламенот во твоите очи си го изгаснала со пролевањето на солзите.

Богородичен: Словото Кое се воплоти од тебе, Сечиста, сакајќи да ја измие нечистотијата на телото, и да ни даде пример за очистување, се крсти во реката.

Седален, глас 5: Ти си ги надминала подвизите на испосниците, и на небесата се насладуваш во поголеми живеалишта, и си се исполнила со подобри зраци, оти суровиот пат храбро си го врвела; откако си ги победила овдешните (искушенија), си станала подобна на ангелите, и сега учествуваш во нивната слава.

Песна 4.

Ирмос: Ти си дошол од Дева, не како посредник, ниту како ангел, но самиот Ти, Господи, си се воплотил, и си ме спасил мене целиот човек. Затоа Ти викам: Слава на Твојата сила, Господи.

Ти, чиешто тело преизобилува со убавина, на мнозина што не знаат за љубов си им била одвратна. Затоа, откако од аскеза овена, ја прими божествената убавина.

Како Јов претрпе страдање на телото, и ниту со еден збор не ја побара смртта. Но оставајќи сѐ на времето и на природата, си го примила божественото живеалиште.

Ги напушти роднините, родителите и имотот, барајќи го само сигурното и неисцрпно богатство на Христа. Со Него си се покажала како заедничар во славата небесна.

Богородичен: Твоето раѓање го избави Адама од распадливоста, овој производ на човекот од кој беше изземено твоето зачнување. Затоа, Отроковице, избави ме од распадливоста и од маките

.Песна 5.

Ирмос: Господи, Подателу на светлина и Создателу на вековите, упати нѐ во светлината на Твоите заповеди, бидејќи, освен Тебе, друг Бог не знаеме.

Мудра (Синклитикие), ти си била храм на Словото Кое престојува во чистите души, зашто со бројните подвизи на воздржување, преславна, си ја озарила убавината на твојата душа.

Со бројните подвизи си го умртвила телото, зацрвенета со природната благодат, но уште повеќе болсна со светлината на добродетелите, озарувајќи го образот на твојата душа.

Откако ја согоре природата на телото со љубовта на Твојата душа кон Христа, сега навистина се радуваш заедно со бесплотните ангели, бесплотно созерцувајќи Го Бога.

Богородичен: Главата на сите верници, Сечиста, Која навистина се роди бессемено од твојата утроба, сега ги скрши главите на змиите кои се гнездат во водите.

Песна 6.

Ирмос: Во бездната гревовна валајќи се, ја призивам неизмерливата бездна на Твоето милосрдие: Боже, изведи ме од распадливоста.Откако се просветли со духовниот зрак, си отфрлила секаква наслада телесна, зашто си се ранила со љубовта кон доброто.

Денес болсна твојот светлоносен спомен кој оддалеку ги просветлува помрачените души, украсу на монасите подвижници.Си ја запазила чистотата на девството, од почит кон нераспадливата брачна одаја, зашто си горела од љубов кон Христа, твојот необичен Младоженец.Богородичен: За да се исполниме со слава, Господ на славата дојде во беславното човештво. Миен како човек, Твојот Син ги прослави луѓето.

Песна 7.

Ирмос: На богопротивна заповед од беззакониот мачител, висок пламен се издигна, но Христос Кој е благословен и најславен, на младите момчиња им пушти роса духовна.

Непријателот, во својата злоба, мислеше дека силата на твојата душа ќе ја ослаби со болести; но, судиријќи се со твојата мудрост и трпението на Јова, тој беше ранет и одбиен со истрајноста, со којашто ти ги поднесе маките.

Твојата душа сега ја напушти животната бура, и се засолни во мирното пристаниште, богата со божествени добродетели, мудра (Синклитикие), каде што ти е подготвен покој, поради твоите бројни и со трпение поднесени страдања.

Мудро си го раководела општожитието, советувајќи никогаш да не се напушта местото, бидејќи наградата се добива по цена на големи подвизи; со твои зборови и дела не си попуштила навистина да им го даваш на монахињите овој пример на служење.

Богородичен: Природата на водата ме измива од гревот, примајќи ја надумно твојата Рожба, Дево Богоневесто, оти очистувањето на Бога, Создателот на светлина, го очистува осквернетиот од многу гревови.

Песна 8.

Ирмос: На Бога, Кој во огнена печка слезе при еврејските момчиња и пламенот во роса го претвори: Пејте Му, дела, како на Господа и превознесете Го во сите векови.Живеејќи на земјата, навистина си посакала да стигнеш во земјата на блажените, каде што чиновите ангелски, преподобните и испосниците, девиците, живеејќи вечно, со песни Го слават Христа во сите векови.

Ти, која ги надмина сите по својата природна убавина, се погрижи за душата, за да ја сочуваш мудро нејзината духовна убавина. Затоа, откако ја згасна телесната убавина, со воздржување си го запалила кандилото на твојата душа.

Откако го запази бодар твојот ум пред Бога и ревноста душевна, до крај си ги успала лошите замки на мудриот измамник, и сега, упокоена, живееш во вековите.Ирмос: Сакајќи да го обнови родот човечки, Твојот Син брза да дојде на Јордан како човек, Пречиста, поради љубовта Негова бескрајна, зашто таму Он го сотре оној што ги скрши сите и, со твоите молитви, ја обновува вселената.

Песна 9

.Ирмос: Бог и Господ - Син на Беспочетниот Родител, кога се воплоти од Дева - нам ни се јави, за да ги просветли помрачените и да ги собере расеаните; затоа сепеаната Богородица ние ја величаме.

Озарен од убавината на девството, славна, самата себе си се украсила со венецот на воздржателното живеење. Затоа Твојот необичен Младоженец те овенча со двоен венец, со Чијашто љубов си се ранила.

Сечесна Синклитикие, надежта што си ја имала во твоето срце не те разочара во идните добра, зашто сега си ги примила наградите од Спасителот, поради тоа што си ги поминала сите видови на воздржување.

Чесна (Синклитикие), ти се облече во Христа, Твојата крепост и тврдина, и до земја си ги понижила горделивоста и неправдата на оној што се фалеше дека ќе те победи. Затоа Исус, дарителот на победи, те украси со венецот на победата.

Ирмос: Во тебе паднатиот прататко најде поткрепа, немајќи сила да оди понатаму; а со крштението на Твојот Син секое зло е потопено, затоа те славиме како причина за нашето очистување.

 

 

ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Прв том

Подготви: Т.С.

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 720
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

« »