логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Светиот великомаченик Александар Шморел (или св. Александар Минхенски) бил студент по медицина за време на Втората светска војна и еден од основачите на тајната антифашистичка група ,,Бела роза”. Заедно со останатите членови на Бела роза се обидувал да им ја посочи вистината за природата на владеењето на Хитлер и нацистите во Германија на обичните Германци. Бил уапсен во февруари 1943, а на 13 јули 1943 бил стрелан од страна на нацистите во затворот во Минхен. За светител прогласен е на 5 февруари 2012 година, во црквата на Светите Новомаченици и Исповедници од Русија во Минхен. Неговиот ден се одбележува на 13 јули.

Светиот целикомаченик Александар Шморел се родил во Оренбург, Русија, на 16 септември 1917 година. Бил крстен во Руската православна црква. Неговиот татко Хуго Шморел, доктор по занимање, бил Германец кој што бил роден и целиот живот го поминал во Русија, освен за време на студиите во Германија. Неговата мајка Наталија Веденскаја била Русинка, ќерка на свештеник чија фамилија живеела во Московската околија. Неговиот татко, др. Шморел, бил приморан да прекине со службата во Москва поради силните анти-германски чувства за време на Првата светска војна, но потоа бил вратен во Оренбург поради големиот недостаток од лекари кој што се јавил. Со него дошла и неговата сопруга. Набрзо потоа, во септември 1917 година, роден е и Александар. Иако Хуго Шморел бил Лутеранец, сепак дозволил неговиот син да биде крстен во Православна Црква. Кога Александар имал околу една година неговата мајка починала од тифус. Неговиот татко најмил некоја Русинка, Феодосија Лапшчина, за да се грижи за неговиот син. Освен што се грижела за него, таа го носела и во црква и го подучувала за христијанската вера. Во меѓувреме, др. Хуго Шморел се преженил за Елизабет Олсен која што исто така била Германка која што израснала во Русија.

Св. Александар Шморел

Св. Александар Шморел

 

По доаѓањето на болшевиците на власт, семејството Шморел пребегнало во Минхен, Германија заедно со дадилката на Александар. Иако живееле во Германија, рускиот останал главниот јазик кој што се употребувал за комуникација во семејството. Во меѓувреме, Александар добил брат и сестра од втората жена на Хуго, Ерих и Наташа. Иако била католик, неговата маќеа сакала да го испочитува споменот на неговата мајка и го подржувала воспитувањето на Александар во православен дух.

Поради неговото руско потекло, Александар не бил баш добро прифатен во германското општество. Дури изгубил и година во училиште. И покрај тоа, неговата маќеа имала верба во него и за причината за овој настан не се посомневала во интелектуалните можности на нејзиниот посинок, туку во анти-руското чувство во рамките на германскиот образовен систем. Веднаш го префрлила во друго училиште и образовниот развој на младиот Александар продолжил нормално. Друг настан кој што го одбележил неговото детство бил еден инцидент којшто се случил додека Александар посетувал настава по веронаука во католички клас. Додека децата се молеле, наставникот забележал дека малиот Александар се молел од десно кон лево (наместо од лево кон десно) и побарал од него да го смени начинот на молење. Но, Александар го одбил тоа одлучно.

Александар ги почнал своите студии по медицина на универзитетот во Хамбург во 1939 година. Иако бил млад човек со многубројни интереси и дарби, Александар одлучно ја избрал медицината како негов животен повик, делумно поради неговиот татко, но и поради фактот што во тоа време, младите луѓе што завршувале медицина биле распоредувани во позадината на борбените линии, далеку од фронтот. Кога требало да даде воена заклетва, Александар за малку не доживеал нервен слом, при што јавно се искажал дека не може да му биде лојален на Хитлер. По Божјата промисла тој не претрпел никаква казна поради тоа, туку бил мирно отпуштен.

Во есента 1940-та, Александар се префрла на студии во Минхен, по што започнува неговата работа во организацијата „Бела роза”. Две години подоцна, Хитлер ја имал скоро целокупната контрола во Германија и врз поголемиот дел од Европа, при што се сметало за вистински подвиг секое спротиставување кон него. Токму такво нешто направиле и Александар Шморел заедно со неговиот пријател Ханс Шол. Двајцата набавиле машина за печатење со која што печателе и разнесувале летоци против војната и против Хитлер.

Во летото 1942 Александар го префрлаат на Источниот фронт, во неговата поранешна татковина Русија. Во него се враќаат спомените од детството и љубовта кон православието. Заедно со неговите пријатели Германци, во нацистичка униформа, редовно учествуваат на Литургија.

Св. Александар Шморел

Св. Александар Шморел

По враќањето во Минхен во октомври 1942-та, Александар заедно со неговите соработници го удвојуваат трудот во нивната организација. Сепак, на 22 февруари 1943 година е уапсен од страна на нацистите по предавство од некој негов пријател. На 19 април е осуден на смрт, а на 12 октомври е егзекутиран, откако претходно на неговиот парохиски свештеник му било дозволено да влезе во неговата ќелија и да му ја овозможи последната исповед. Бил закопан во близина на местото каде што бил стрелан заедно со другите затвореници.

Во писмото до неговото семејство Александар напишал: ,,Со Божја волја, денес јас ќе го напуштам мојот земски живот тука, и ќе преминам во друг живот кој што никогаш нема да заврши и каде што сите ние заедно повторно ќе се собереме. Нека оваа повторна средба биде вашата утеха и надеж. Ве жалам, бидејќи мојата смрт ќе биде потежок удар за вас одошто за мене. Јас, во длабока вера заминувам, бидејќи верувам дека ѝ служев на Вистината. Никогаш не Го заборавајте Бог!”

По завршувањето на Втората светска војна, во околината на Минхен влегле Американските сили и изградиле база на местото каде што биле стрелани Александар и останатите заробеници. Веднаш до гробиштата каде што бил погребан Александар била изградена воена капела. Во 1992 година, Американската војска се повлекла од базата и ја отстапила на локалните власти.

Долго време парохијата на св. Александар била без постојан храм. Локалната власт на градот Минхен која што им го изнајмувала просторот за вршење на верските обреди по некое време ги избркала од таму. Плановите за градење на нова црква или вселување во некоја постоечка со текот на времето избледеле. Митрополитот Берлински г. Марк на литургиите редовно се молел и повикувал на молитва кон Пресвета Богородица и Сите Руски новомаченици за решавање на овој горчлив проблем.

Св. Александар Шморел, икона

Св. Александар Шморел, икона

По некое време молитвите вродиле со плод и се случило чудо. Земјиштето на кое што се наоѓала американската база заедно со капелата било дадено на аукција. Иако градските власти кои што ја спроведувале аукцијата на земјиштето не биле благонаклонети кон парохијата, по неколкуте неуспешни обиди за продажба, на крајот, во декември 1993 година, сепак биле приморани да ја продадат токму на руската парохија. Како благодарност кон св. Александар Шморел за кого се верувало дека имал удел во молитвите кон Бога за чудото што се случило, но и како претеча на неговото канонизирање како светец, тој бил вклучен во иконостасот на новоизградената црква заедно со останатите Руски новомаченици. Свети Александар Шморел е канонизиран за новомаченик од страна на Руската задгранична православна црква, во Минхен, на 5 февруари 2012 година.

Тропар, глас 4

Денес со светлина се украсува нашиот славен град, зашто во него ги имаме твоите свети мошти, о свети мачениче Александре, на кого се молиме, за Христос Бог да нѐ избави сите нас од искушенија, та собрани денес заедно во љубов на тебе да се сеќаваме, да се утврдиме во твојата храброст, стоејќи против безбожничките сили и непријатели.

Кондак, глас 4

Од твојата мајка си ја наследил љубовта кон Христа, и низ љубовта на твојата негувателка си бил одгледан во стравот Божји, о преславен, и кон Бога си притекнал потполно, о сечесен Александре, ти кој ревносно се молиш со ангелите, за на сите оние кои што го спомнуваат твоето име да им бидат простени гревовите.

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sveti-velikomachenik-aleksandar-shmorel/ .



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5811
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная