логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога…*”
(*од житието на свети Гаврил Светогорец епископ Велички)
„Светител едноставно означува човек кој сериозно се однесува кон својата вера и може да направи повеќе за промената на светот кон подобро, отколу илјадници испечатени програми. Светиот човек е единствен вистински револуционер во овој свет„
о. А. Шмеман

И самите зборови го чекаат своето време за да бидат кажани кога ќе треба промислено да се исполнат и опишат нешто. Во Христос Нашиот Господ не суштествува она човечкото и нервозно - докажи, туку Божественото и смирено - покажи. Он покажува со збор и дело, а за мислата Негова зборува сето она што е нè опкружува и што е приведено во постоење преку Него во Духот Свети од слава на Отецот Небесен. Така исто, и со светиите во Богочовекот, тие се оние кои не докажувале за присуството на Божјата благодат, туку тие ги покажуваат несоздадените енергии за да сведочат дека животот е можен единствено од Бога, преку Бога и во Бога. Ете, и светиот Гаврил Светогорец, епископот Велички е од оние кои ни го покажуваат Животот низ својот живот, за ние да го разбереме и да се трудиме во него и да го преподаваме на други, онака како што литургиски ни се предава Самиот Христос, а преку нас и на сите Твои луѓе. Условите од овој свет што лежи во зло од гревот, едноставно не влијаат на Христовиот живот прифатен за свој живот низ подвиг, и немаат пресудно влијание кога Бог го преобразува човекот да светли, заради горештето срце во кое е сместен самиот Господ Исус. Условите се допуштени од Оној Кој Е, над и надвор од секој услов и поим поврзан со било што, пример се условите во кои се поучувал образот на учителот Мијалче, велиме биле неблагонаклонети за верата, и така тоа денес жестоко го потенцираме, но вподобениот на Бога Гаврил, ни сведочи нам христијаните денес, дека оној кој е гладен и жеден за Бога ќе Го најде (а, Бог, прв нé возљубил) и ќе му се предаде целосно Нему, бидејќи во Бога безусловно има само Љубов, на која слободно и без принуда треба природно да одговориме. Подобно на мачениците кои своите животи и не ги сметале за свои, туку за Христови, и радосно се предавале на мачителите, бидејќи сиот свој живот на Христа Бога го предале, а смртта им била, како што вели св.ап. Павле, придобивка...,  така и отец Гаврил носејќи го маченичкиот етос на монаштвтото, потврдува дека со Христос се живее, независно од условите во светот, независно и од времето и просторот, кои пак се осветуваат и приведуваат кон полнотата на царството небесно. Многу често знаеме да го осудиме безбожниот период од нашата историја, колку тој ја попречувал верата Христова, колку лошо влијалел со духот на апостасијата врз сиот општестевниот живот, но, ете, сепак Господ го посетува својот народ, како што вели Светото Писмо, и тоа токму преку светиите свои, кои се отворени за прием на сета благодат Божја, ја излева низ Својата милост врз сиот народ, на тој простор и во тоа време, допуштени на управување на Неговата Промисла и Неговиот Домострој на спасение. Да ни биде јасно, дека животот и молитвите на овој наш знаен сонародник, секако и наклонетоста на срцето на малото стадо среде овој народ за евхаристиско благодарам, ги пронашле Никодим и Јосиф од Ариматеа во тогашниот систем, и молитвите се услишани, и вратено е достоинството на Охридската архиепископија како помесна македонска православна црква, а Христос е прославен. Ова не смееме да го заборавиме, за да не се сведе нашето постоење наместо од подвиг на осветување, во подвиг на отстапување. Подвигот на светителот Лесновски Гаврил е подвиг на осветување среде  опишаното отстапување, а нашиот денешен подвиг сметајќи го за осветување само заради тоа што сметаме дека е ослободен од отстапување, е всушност помирување со секуларизмот, а со него расте и цвеќето на злото наречено конформизам кој води кон понатамошно отстапување од крштението, а понатаму...понатаму ќе се оправдуваме на условите. Подвигот на осветување раѓа духовни чеда, како што покажал светителот, кои понатаму го засведочуваат благодатниот континуитет на живата Црква, а за нас како христијани тоа е потребно, литургиски да се уподобуваме на Христа во насока на Небесниот Ерусалим. Отстапувањето е компромис со светот и неговата одлика не е раѓање, туку клонирање на истомисленици надвор од Литругијата, и кои Христос го уподобуваат на светот.

Да ја видиме моменталната наша ситуација кога почнуваме статистички да се фалиме со нашите религиозни градби, со нашите религиозни симболи, благопријатните услови кои сме ги обезбедиле за развиток на религијата како национален белег или народен фолклор, небаре условите можеме да ги правиме независно од Бога, ете, тоа е секуларизам, живот без Животот, па дури и религија која ни помага во овоземната мисија, тотално промашување, за жал. Атакот на градбите и симболите го сметаме за атак на нашата вера, култура, нација...а сквернавењето на крштението кое сме го примиле, заради непокајани наши зборови, дела и мисли, не сакаме да го видиме, сквернавење на нашиот живот станал ништо во споредба со обожувањето на пепелот од градби и симболи, и тоа го сметаме за нормално, а болно е од идолопоклонство.  Бог не живее во ракотворни храмови (тоа не значи дека не треба да имаме храмови), ова не сакаме да го чуеме, не сакаме ли да чуеме дека нашите тела треба да се храм на Светиот Дух, нашето срце престол во кое Христос т.е. Љубовта и Вистината ќе царува. Читаме ли ние Нов Завет? Бидете свети како што е свет вашиот Отец Небесен...,осветувајте ги вашите души...,кој се осветува уште повеќе да се осветува...Секогаш имаме изговор дека другиот ни е виновен, системот и условите во него ни се виновни, а кого да обвинеше отец Гаврил? Но, ете, заблагодари на Господ и започна да извршува зборовите Христови, бидете свети. Овој повик ние денес го заборавивме, не се ни потсетуваме на него, што е тоа свет, што е тоа осветување? Но затоа, добро знаеме што е комунист, патриот, предавник, шпион, хејтер, секаде се упикуваме и пикаме во овој свет, но не да се пробразиме и да го преобразиме со Христа, туку да се сообразиме со него, едноставно бегаме од Бога за да не ни ја расипе забавата со поимите научени на партиските седенки...сами и декларирани православни христијани обвинуваат за црковен неред според стандарди на секуларниот програмски ред, а треба едноставно веќе да се распали, распамети до полудување т.е. „деца, изедете ги јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлете ја по градот за да видат сите дека Христос воскресна!„. Да нашиот повик е да се освестиме заради сквернавњето на нашето крштение, за немањето љубов кон братот свој, за губењето на доблеста да погледнеме со почит кон сестрата своја, да погледнеме кон секој човек како кон Христос, кон секоја жена како кон Богородица, и да разбереме дека верата не е затоа што таа придонесува само за општо морално добро, или дека може да биде од помош на политиката или привезок на партијата, нацијата и државата, туку дека таа е сета наша надеж во милоста и љубовта која ја бараме за себе, а треба да ја покажеме кон ближниот, за да нè пробрази нас и ближниот, стекнувајќи го Христос во нас - да го имаме Христос посреди нас, заради живот на светот. За сето тоа Христос не изгради жртвеник, не постави симбол, не бараше ниту жртви, ниту знаци, туку Самиот се предаде на смрт, и тоа смрт на Крст за да ги очисти нашите гревови, и да ни подари живот вечен, и повеќе да не бараме смрт на другиот за ние комфорно да живееме, туку да преоткриеме низ покајанието дека во Неговата смрт се крстивме, за со Него и да воскреснеме и да одиме во обновен живот, како што вели Апостолот. И сега, сакаме да научиме како да живееме, како да се осветуваме, тогаш имаме пример, епископот Велички Гаврил.
Нема ништо да научиме со осудување и земни поткусурувања, оти христијанинот единствената оценка може да ја даде исклучиво за себе, низ молитва, Господи помилуј ме мене грешниот, никаква друга кфалификација не му приличи да даде за ближниот свој, освен молитва за него во кое го споменува само името негово, а она грешниот си го задржува исклучиво како сопствено стоење пред Бога од Кого чека милост и љубов. Ништо нема да добиеме ако го жртвуваме другиот, саможртвата го открива животот, подготвеноста за положување на својот живот за ближниот го открива вечниот живот, тоа е христијанскиот подвиг, а ние сеуште сакаме да се занимаваме со трулежниот мирис на победената смрт, наместо со животот во Христа.

Расудувањето да го извлечеме низ зборовите на свети Гаврил Светогорец, молитвата е прва и најважна работа, а кратките одмори од неа треба да поминат во богомислие, созерцание, испитување на волјата Божја и преиспитување на својата совест, за не да ги вкусиме само горчливите плодови на многузборливоста, празнословието и празномислието, ете, по плодовите ќе познаеме кај сме. Без да го чуваме подвигот на светиот отец Гаврил и сите наши светии пред него, нема да се зачуваме, оти сè е минливо, а Христос вечен, сами бираме, и да не бараме изговор.
По молитвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец, епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не’! Амин.

п.с. Немој не ме брани, е изрека за човек кој својата апологетика не ја восогласил со ширењето на христијанство врз верата на мачениците во Црквата.Неговиот бунт заличува како на оној од Ефес предводен од Димитриј против св.апостол Павле. Господ нека е со нас и со сите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 831
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »