логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 
Што се крие зад карневалските маски?

30 декември/12 јануари 2013/14 лето Господово

Поттикнати од реакциите на повеќе верници поради неодамнешната телевизиска најава за почеток на еден од карневалите во земјава, при која како реквизит е искористен крст и потоа е фрлен во оган, со што се повредуваат верските чувства на православните христијани, би сакале повторно да напомнеме за характерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар. Со оглед на тоа што ние веќе претходно дадовме еден коментар на тој нехристијански начин на славење, сметаме дека сега, кога полека одиме во пресрет на Новата година, гореспоменатата најава е добар повод повторно да се потсетиме на тој наш коментар, објавен на 31 јануари 2012 г.:

Има ли нешто заедничко помеѓу карневалот и христијанството?

Низ целата своја историја, Православната Црква решително и непоколебливо  се борела против душегубните остатоци од претхристијанските пагански обреди и пројави. Како плод на тоа, со тек на времето, во глобални рамки ваквите бесмислени пагански ритуали биле наполно искоренети, со исклучок на некои поизолирани средини, каде тие, некако, едвај се одржале, но изгубиле речиси секакво значење. Па и овие ретки пагански пројави полека замираа, затворени во своите локални средини.  Но, за жал, современото општество, кое со своите поинакви норми и животни филозофии трагично го оддалечи човекот од Бога, постепено го доведе човештвото до амбисот на неморал и декаденција, воскреснувајќи ги притоа и некогаш напуштените пагански обреди, кои во овие последни децении како повторно да се будат, под призракот на квазипобожноста и квазипразнувањата.  Се разбира голем удел во тоа имаат и медиумите, како и одредени организации и институции, кои овие манифестации, несвојствени за нашата христијанска култура и традиција, сакаат да ги прикажат како „значајна културна придобивка и наследство“, иако гледано од духовен аспект, тие се повеќе назадување отколку придобивка.

    Типичен пример за таква „културна придобивка“ е карневалот. Иако нема апсолутно никаква допирна точка со светото православно предание, карневалот во нашата земја се прикажува како да е, тукуречи, дел од црковната пракса. Апсурдот оди дотаму, што тој некаде дури и се поистоветува со некои значајни црковни денови, како на пр. почетокот на Чесниот Велигденски пост – тримирот (самиот збор „тримир“ означува „три дена“, и во тие денови верниците целосно се воздржуваат од секаква храна и пиење). Еве, деновиве, преку страниците на некои јавни гласила и медиуми беше најавено дека на „Чисти Понеделник“, всушност - првиот ден од тримирот, во Струмица ќе бидат наградени авторите на „најдобрите“ еротски графити! Малку е да се каже дека ваквата манифестација нема апсолутно ништо заедничко со православието, зашто таа не само што не е поврзана со симболиката на денот, туку, напротив, со голема дрскост го валка длабокото христијанско значењето на тој светол ден, во кој светата православна Црква ги повикува верниците, преку пост и молитва да ги очистат своите души и тела, за да можат со секаква чистота и побожност да го дочекаат светлото Христово Воскресение.  На карневалот во Вевчани, пак, парадоксално, како патрон на оваа паганска манифестација се прикажува големиот христијански светител, св. Василиј Велики, па дури се вее и знаме со неговиот лик! Та, како може овој свет отец на Црквата, чија богоглаголива уста најмногу проповедала против таквите распуштени и неморални празнувања, да се става во ист кош со она, против кое тој најревносно се борел!? Исто така, поигрувањето со верските чувства на припадниците од која било религија, воопшто не е во духот на Христовата возвишена наука за љубовта, мирот, неосудувањето и простувањето. Нашиот Господ, Кој ни ги остави двете најголеми заповеди за љубовта, нè поучува сите да ги примаме како свои браќа и ближни, и никого да не жалостиме со своите постапки. Не само тоа, Он вели „Љубете ги оние кои ви прават лошо и молете се за оние кои ве навредуваат“. Тоа е нашиот трнлив пат, тесен пат кон спасението. Затоа, сосема е и погрешно и неправедно тоа што некој ја поврзува нашата света православна Црква со ваквите манифестации, при што, заради нешто толку спротивно на црковното учење, таа е подложена на крајна нечовечност и страдање, преку вандалско осквернување и уништување на нејзините храмови.

Всушност, историски гледано, и самиот пагански происход на карневалот  недвосмислено сведочи за неговиот нехристијански дух, потполно спротивен на православната традиција. Имено, карневалите некогаш биле дел од празнувањата поврзани со хеленскиот бог Дионис, т.н. дионисии. Во стариот Рим, пак, слични ритуали биле изведувани на празнувањата, наречени сатурналии и бакханалии, кои биле, па и ден денес се синоним за развратно живеење и морална нечистотија. Христијанизацијата на Римското царство ставила крај на ваквите празнувања со ревносни проповеди и разобличувања на овие развратни пороци, при што останале, сепак, некакви траги во некои позафрлени места и запуштени средини, но без некое позначајно влијание. Како и да е, оддалечувањето, пак, на западната црква од светото Апостолско предание, довела до будење на тие пагански остатоци и нивен сѐ  посилен замав, при што, веќе, во X век се појавиле и првите поорганизирани карневали низ градовите на западна Европа, а најмногу во Италија. Неможејќи целосно да се спротивстави на оваа појава, Римокатоличката црква барем се погрижила карневалите да ги вклопи во годишниот црковен циклус на празнувања, без да бидат нарушени постите. Така, карневалите биле одржувани пред почетокот на Великите Пости, или поконкретно, за време на месопусната недела. Оттаму и доаѓа името карневал. Лингвистичката наука покажала дека тој е италијански збор (carnevale), кој води происход од староиталијанскиот carnelevare, што е, пак, сложенка од латинската именка carō, carnis, f., ’месо‘ и глаголот levō, levāre, ’осатавам, оддалечувам, одземам‘. Следствено, зборот карневал буквално значи ’да се остави месото‘.

Кај православните народи од Истокот, карневалите биле непозната појава. Тие биле преземени од Запад, како последица на зголемувањето на западноевропското влијание на Балканот во времето на Отоманската империја. Постојат сведоштва дека дипломатските претставници (конзулите) од европските држави, први го вовеле организираниот карневал во поголемите градови (на пр. Солун и Битола). Од друга страна, пак, и нашите печалбари во западните земји, усвојувале по нешто од нивните култури и тоа го пренесувале во своите родни краишта. Следствено, вакви карневалски игри, но во видоизменета форма, започнале да се појавуваат и во некои места од нашата земја. Во недостаток на соодветни маски и костуми, какви што имало на запад, нашинците правеле своевидна импровизација на виденото во туѓина, комбинирајќи го со наследени пагански елементи, т.е маскирајќи се со животински кожи и разни партали, како што е примерот со бабарите. Уште од самиот зародиш на ваквите ритуали, светата православна Црква, преку проповед и поучување, мирољубиво укажува на штетноста по душата на ваквите нехристијански појави и квазипразнувања.

Извор: Бигорски манастир

 Ilust.zadete2.jpg



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 640
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »