логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

  o.Stefan.Frimen.jpgНишто од човечкото тело не е толку интимно како лицето. Ние често мислиме на други делови од нашето тело кога кажуваме „интимни“, но нашето лице  е тоа што открива најмногу за нас. Лицето е тоа што бараме да го гледаме за да видиме што сакаат другите да кажат, па дури и за тоа кои се тие. Важноста на лицето (ликот) повеќекратно е потцртана во Светото Писмо. Во Стариот Завет често го среќаваме изразот за тоа како се сретнуваме еден со друг – и ретко – со Самиот Бог – „лице во лице“.

Во Новиот Завет, ап. Павле го користи јазикот на ликот за да го објасни нашето преобразување во образот Христов.

Светите икони се несомнено најобилното изразување на „теологијата на лицето“, и можеби едни од најдлабоките влогови на Православието во светот и прогласување на тоа што значи да се биде човек. Секој светител, од најмалиот – до најголемиот, ги разделува истите атрибути како Христос на неговата икона. Ги гледаме сите, лице во лице. Во иконите ниту еден лик, никогаш не е прикажан во профил – со два исклучоци – Јуда Искариот и демоните. Зашто гледајќи го лицето, ние го сретнуваме некого како личност. Нашиот грев е тоа што нè оттурнува од лицето на другиот – нашиот напор да се направиме поинаку или помалку личносни. Тоа е манифестирање на нашето заминување од Бога.

  • Во човечкото однесување, емоција најмногу поврзана со покривањето на лицето е срамот. Чувството на срам носи брз и длабок инстинкт за покривање на лицето. Дури и младенците, кога ќе се посрамат или  ќе почувствуваат благ срам, ги покриваат нивните лица со рацете, или брзо го скриваат нивното лице во градите на оној што ги држи. Тоа е дел од неподносливииот квалитет на срамот.

Криењето бил инстинктивниот одговор на Адам и Ева. „ Бевме голи, и се скривме...“ било нивното објаснување.  Читателите секогаш претпоставуваат дека голотијата на нивните интимни делови ги нетерало првиот пар да се сокријат. Јас мислам дека најмногу лицата свои сакале да ги сокријат.

Како раширување на расказот за Мојсеј кога го видел Бога, после што си го покрил лицето, св.ап. Павле го претставува Евангелието Христово како преобразување, на односите, лице – во лице со Христос.
Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода, а не како Мојсеј што ставаше покривало на лицето свое, за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на она што останува. Но, умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот Завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува. Па и до ден денес, кога се чита Мојсеј, покривалото им лежи на срце. Но, кога ќе се обрнат кон Господа , покривалото им се симнува. А Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода. Ние, пак, сите со откриено лице, гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во ист образ, од слава во слава, како што доаѓа Духот Господов“.

Превезот на Мојсеј е слика за слепилото на срцето и духовното ропство. Обраќањето кон Христос го трга ова слепило и бремето од срцето. Со непокриено лице ние го носиме познавањето на славата Божја откриена во лицето на Исуса Христа и сме преобразени во истата икона која е Христос.

На руски, (а и на македонски) зборот лик може да значи лице и личност. Сергиј Булгаков игра со неколку варијации на овој збор во неговата книга Икони и Иметео Господово. Тоа е суштински православен поглед. Грчкиот збор за личност (πρόσωπον), исто така го има ова двојно значење. Непокриеното или несокриеното лице е лице без срам – или лице кое што повеќе не се крие од својот срам. Ова е можеби најфундаменталниот аспект од нашето преобразување во Христос. Себеси во кој срамот бива исцелен е „себеси“ што е способно да живее како личност.
Ние сме обновени во нашето суштинско и автентично човештво – нашата личносност. Стоиме пред Христа лице во лице, како што стои личност која гледа во огледало. И , како што вели св. Јован: „Ќе бидеме како Него, запто ќе Го видиме Каков што е“. (1 Јован 3, 2).

Таинството на покајанието гологлаво влегува директно во срамот. Архимандрит Захариј вели:
... ако знаеме кон Кого се претставуваме, ќе имаме храброст да земеме малку срам врз себеси. Се сеќавам, кога станав духовен отец во манастирот, о. Софрониј ми рече: „Охрабрувај ги младите луѓе да доаѓаат да го исповедаат само она за кое се срамат, зашто срамот ќе се претвори во духовна енергија која што може да ги победи страстите и гревот.“ На исповед, енергијата од срамот станува енергија против страстите. Како дефиниција за срамот, тоа е недостаток на храброст да се видиме себеси како што Господ нè гледа. (од The Enlargement of the Heart /Продлабочување на Срцето).

Ова не е апел за токсичен срам – ниту покана да се земе уште поголем срам – ова е опишување на исцелувањето од срамот што ни е даден во Христос. Тоа исцелување е „храброста да се видиме себеси како што Господ нè гледа“. Тоа е храброста да одговориме како пророкот Самуил. „Еве ме!“ кога Господ повикува. Господ повикал кон Адам кој што зборувал од неговата срамна и безлична скриеност.

Некои од мистичните служби на отците велат зборуваат за Христовото повикување на Адам, по вторпат – но овојпат, во Адот, кога Христос слезе меѓу мртвите. Таму, Адам, не криејќи се повеќе, се свртел со лице кон Воскреснатиот Господ. Затоа традиционалната икона на Воскресението го покажува Христос како ги зема Адам и Ева и ги крши вратите на Адот.

Вратите на Адот се испишани на нашите лица – како и вратите на рајот. Тоа е тајната на нашето вистинско јас – она кое е обновено во образот Христов – така што стоиме пред Него лице во лице и откриваме дека повеќе не треба да постои срамот. Каде што е Духот Господов, таму е слободата. Sweet liberty!

 

Подготви: Дивјаковски Златко

1-ви ноември, лето Господово 2013

 

 Друго:

 о. Стефан Фримен - Соочување со Бог

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 652
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »