логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 

 

 

 

 

 


Признавам: БОГ ПОСТОИ !

Веста која своеврмено ја шокирала големиот дел од научната заедница. Постои само еден научник во историјата којшто бил именуван „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“ – др Ентони Флу. Пред мноштвото камермани др Флу изјавил: „Ја свикав оваа конференција за печатот, за да ве известам дека постанав религиозен. Под притисок на јасните и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.
Станува збор за др Ентони Флу, професорот по филозофија на најпознатите светски универзитети, авторот на бројните книги кои ја оспоруваат религијата, од кои најпозната е „Бог и филозофијата“ – книга која доживеала бројни изданија. Професорот Флу бил идол на светските атеисти, а неговите дебати со религиозните научници им биле омилена програма на атеистите ширум светот. Големиот подем на атеизмот во современиот свет довел до формирање на бројни клубови на атеисти, а икона на секој од тие клубови им бил проф др Ентони Флу. Но тогаш се случило нешто неочекувано, шокантно...
На дебата со еден религиозен научник, др Флу ги изнесувал познатите атеистички аргументи, а тогаш спротивната страна му упатила две прашања:
(Првото прашање): „Господине Флу, јас во раката ја држам Библијата. Каде настанала оваа книга?“
Др Флу одговорил: „Настанала, секако, во печатница.“
Тогаш религиозниот научник проговорил: „Во оваа книга се наоѓаат информации, што значи дека книгата настанала во умот на писателот, а не во печатница. Дали се согласувате?“
Др Флу се согласил: „Да, во право сте, таа книга настанала во умот на писателот.“
Но тогаш уследило прашање на кое др Флу не знаел да одговори:
(Второто прашање): „Господине Флу, бидејќи сите живи организми имаат во себе многу сложена информација, запишана во гените, во чиј ум настанала таа информација?“
Долготрајното молчење на др Флу било шокантно за неговите атеистички симпатизери, па разговорот бил свртен на друга тема, а спомнатото прашање останало неодговорено.
Во текот на девет месеци др Флу размислувал за прашањето на кое не знаел одговор. Негов мото, со кое ги учел студентите во текот на повеќе години, гласело: „Треба да се следат фактите без оглед на тоа каде тие ќе те одведат.“
И така, фактите го одвеле најпознатиот светски атеист до заклучокот, којшто го изнесол на конференцијата за печатот која предизвикала вистински земјотрес во големиот дел на научната заедница. Пред бројните камери др Флу изјавил:
„Дами и господо, почитувани пријатели, ја свикав оваа конференција за печатот за да ве ивестам дека, постанав религиозен! Под питисок на јасните и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека, Бог постои. Во најголемото издание на мојата книга ’Бог и филозофијата’ ќе пишува дека сите мои досегашни дела се надминати.“
Шокот бил целосен. Неверицата не се симнувала од лицата и усните на армијата светски атеисти.
Кога оваа вест одекнала во светските медиуми, истовремено се подигнала лавина од коментари на атеистите, дека др Флу „така не мислел“, дека медиумите „лошо ја пренесле неговата изјава“ и тн. Тогаш др Флу повторно излегол пред камерите и поворно ја потврдил својата јасна определба, дека Бог постои, и дека тоа е научен факт којшто е јасен и несоборлив.
Но, како што сме сведоци дека во овој свет постои онаа агресивна страна, која агресивно ја прикажува светлината како темнина, црното како бело, а слаткото како горчливо, така е продолжена и агресивната кампања во бројни медиуми, дека др Флу не изјавил дека постанал религиозен, дека „религиозните фанатици погрешно го интерпреираат“ и дека атеизмот е единствениот вистински пат во животот.
Др Флу тогаш седнал и ја напишал автобиографската книга „Признавам: Постои Бог!“ – Како најортодоксниот светски атеист го променил својот став“. Во таа книга тој го опишува своето растење во религиозно семејство, своето скренување во атеизмот под влијание на атеистичката литература и долгогодишното работење на местото професор по филозофија на бројните светски универзитети како најогнен промотор на атеизмот во светот. А тогаш уследил пресврт под влијание на јасните научни факти.
Во оваа книга др Флу, како маестрален филозоф и логичар, покажува како најпознатиот светски еволуционист, Др Ричард Докинс, сосема погрешно ги објаснил феномените на природата, и го злоупотребил своето влијание како професор по биологија на Оксфордскиот универзитет. Книгата натаму обработува и други прашања во врска со односот на науката и религијата, и науката и атеизмот, и претставува вистински учебник на здравата логика и едноставното научно резонирање.
Kaко религиозен човек, др Флу цитира библиски текст и вели: „Тешко на тие кои злото го викаат добро, кои прават од мракот светлина, а од светлината мрак, кои прават од горчливото слатко а од слаткото горчливо.“
Развојот на науката фрлил нова светлина врз безбројните чуда на природата, кои го потврдуваат тврдењето дека, овој свет е создаден, и дека не можел да постане случајно, како што тврди современата теорија на еволуцијата. Археологијата, геологијата, астрономијата и други научни дисциплини покажале, дека постои потполна согласност помеѓу современите научни достигнувања и извештаите дадени во Библијата. Творецот не само дека го создал овој свет, туку и на човекот му дал јасни упатства за квалитетен и успешен живот, запишани во Библијата.
Факт е дека не постои штета која човекот може да ја предизвика, а која Создателот не може да ја исправи. Вистински религиозните луѓе, како др Ентони Флу, свесни се за тој факт и храбро настапуваат во одбрана на она што е вистинско и животно важно.
Оној Којшто го создал човекот, во состојба е тоа повторно да го направи и после неговата смрт, а за оние кои се упорни во побуната и деструкцијата, не постои ниту еден доказ којшто би можел да ги придвижи во позитивен смер, како што вели Творецот:
„На овие можат и мртви да им стануваат од гробовите, но нема да веруваат.“

 

 Извор:estinet.rs/najcitanije/priznajem-postoji-bog

 

Превод:
· протоѓакон Славе П. Пројковски

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1309
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1853
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1235
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »