логоFacebookTwitterYouTubeeMail


0_0aakiebo1.jpg


На денот кога се празнува споменот на светиот рамноапостолен велик кнез Владимир, 28 јули 2011 година, Сесветиот патријарх Московски и на цела Русија, г. Кирил, Сесветиот и себлажениот католикос и патријарх на цела Грузија, г. Илија II, и Себлажениот Митрополит Киевски и на цела Украина, г. Владимир, отслужија заедничка Света Литургија во Киево-Печерската Лавра.Исто така сослужуваа и сите членови на Светиот Синод на Руската Православна Црква, мноштво свештеници од Русија, Украина, Белорусија, архиереи на помесните православни цркви: Грузиската, Романската, Кипарската, како и многу свештеници.Значајно е дека Литургијата, на која беше забележливо големото присуство на верници и која во живо се емитуваше на Украинската телевизија, се служеше на монтажна Света Трпеза, која беше поставена на плоштадот, пред соборниот храм „Успение на пресвета Богородица“. На овој свет престол беше поставен и кивотот со моштите на светиот кнез Владимир. По читањето на извадокот од Евангелието, поглаварот на Руската Црква одржа празнична беседа.За време на свештениот собор пееја: хорот при Соборниот храм „Света Троица“ од Тбилиси, Митрополитскиот хор при Украинската Православна Црква и хорот при Богословскиот факултет од Киев. Напевите се изведуваа на три јазици: Грузиски, Словенски и Грчки.По Литургијата, Блаженејшиот митрополит Владимир рече:„Ваша Сесветост, отче наш и владико, г. Кириле, Ваша Сесветост и Ваше Блаженство, Патријарху на Грузија, г. Илија, возљубени свети архиереи! Молитвата е една голема сила на Православието и воопшто на човечкиот живот.Денес, сите заедно се помоливме и поради тоа ви се поклонуваме и ви принесуваме благодарност. Бог, по молитвите на светиот рамноапостолен кнез Владимир, да го утврди секого во своето високо служење Нему и на луѓето.  Ве очекуваме во Киев, Ваша Сесветост, за повторно  да заедничариме во молитвата“.Во продолжение, неговото Блаженство, г. Владимир им оддаде чест на поглаварите на Руската и Грузиската Православна Црква.Од своја страна, пак,  Сесветиот Патријарх Кирил ги благослови присутните на прославата и му подари на неговото Блаженство, католикос патријархот Илија енколпија (панагија) и икона од светиот рамноапостолен кнез Владимир.Откако на Блаженејшиот митрополит Владимир му го честита именденот и 45 годишнината од неговата хиротонија во епископски чин, г. Кирил му подари на поглаварот на Украинската Црква сет архиерејски енколпии.Исто така, за ризницата на Киево-Печерската Лавра, Патријархот Кирил подари копија од Валаамската икона на Богородица.Во својата беседа Неговото Блаженство, католикос патријарх Илија нагласи дека станува збор за прва посета во историјата на Киев од страна на некој Грузиски патријарх.Во спомен на посетата Грузискиот патријарх му подари на патријархот Кирил икона од светиот великомаченик Георгиј изработена во мозаик, додека пак на митрополитот Владимир, копија на Грузиската икона на Богородица. За Печерската Лавра г. Илија подари копија на Почаевската икона на Богородица, изработена од грузиски иконографи.На верните им беа поделени малечки икони од светиот рамноапостолен кнез Владимир со патријаршиски благослов.

 

 Преземено од :http://bigorski.mk/index.php?content_type=vesti_od_pravoslavieto&action=details&record_id=677

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1012
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 979
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »