логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 starev.Pajsij.kamen.jpg

За постот


Преку постот човекот ја покажува својата добра волја. Заради благочестие, тој го прифаќа подвигот, аскезата, и Бог му помага во тоа. Меѓутоа, ако човекот се присилува самиот себе и вели: „Што да правам? Еве, пак е петок и треба да постам“, тој тогаш се мачи себеси. Ако, пак, проникне во смислата на постот и ако постот го практикува заради љубовта кон Бога, тој ќе се радува на постот. „На тој ден“, размислува таквиот човек, „Христос бил распнат и Нему не Му давале ни вода да пие, туку Му давале оцет. Ни јас денес цел ден нема да пијам вода!“ Ако така постапи, човекот во себе ќе почувствува поголема радост од оној кој пие најдобри освежувачки пијалаци.

 

Еве, погледни, многу мирјани не можат да го издржат строгиот пост дури ни на Велики петок. Меѓутоа, можат да седат на платото пред некое министерство и да прогласат штрајк со глад – заради тврдоглавоста или истрајноста – за да дојдат до нешто. Ѓаволот им дава сила за тоа, бидејќи тоа што тие го прават е самоубиство. Други, пак, кога ќе дојде Воскресение, громогласно пеат: „Христос воскресна“, при тоа мислејќи, како сега добро ќе се најадат. Овие луѓе потсетуваат на Евреите, кои сакале Христос да го прогласат за цар, бидејќи ги нахранил во пустината.

 

А се сеќавате ли што вели пророкот: „Нека биде проклет оној кој невнимателно го врши Божјото дело.“ Едно е, ако човекот е расположен за пост, но не може да пости затоа што ако не јаде не го држат нозете или ќе се онесвести и сл. Со други зборови, неговото здравје не му дозволува да пости. А друго е, ако човекот не пости, а има сила за тоа. Каде тука ќе најдеш расположение за пост? Напротив, нажаленоста и огорченоста на оној човек кој сака, но не може да се подвизува, ги заменуваат многу подвизи и тој има поголема плата од оној кој има сила и се подвизува. Всушност, оној кој има сили и се подвизува, чувствува и некое задоволство. Денес, на пример, дојде една несреќна жена, стара педесет и пет години. Плачеше бидејќи не може да пости. Мажот се развел од неа. Имала еден син кој доживеал несреќа и загинал. Мајка ѝ, исто така, умрела и оваа жена немала ниту кров над главата, ни парче леб. Се случило некоја познаничка да ја одведе оваа жена во својот дом, каде и дале работа. „Тешко ми е на совеста, отец“, ми рече оваа несреќничка, „бидејќи јас ништо не работам. Најлошо од сѐ е тоа што и не можам да постам. Јадам она што ми даваат. Понекогаш, во среда и петок ми даваат посна храна, но почесто добивам мрсна храна и принудена сум да ја јадам, бидејќи ако не јадам, немам сила и не можам да стојам на нозе!“ Според тоа, човекот мора да внимава на себе. Ако види дека нема доволно сила, нека јаде повеќе. „Сам одреди си ја мерата“, рекол преподобен Нил Посник. Ако човекот поседува простодушност и смирение, тој прима Божја благодат, смирено пости и Божествено се храни. Тој тогаш поседува Божја сила и за време на долготрајните пости тој располага со „залихи за издржување“. Во Австралија едно дваесет и седумгодишно момче било во состојба ништо да не јаде дваесет и осум дена! Духовникот го прати кај мене за да ми раскаже за тоа. Ова момче беше многу побожно и имаше подвижнички дух. Се исповедал, одел во црква, читал светоотечка литература, а најмногу од сѐ Новиот Завет. Еднаш во Евангелието читал за тоа како Христос постел четириесет дена. Момчето во срцето почуствувало пријатност и си помислило: „Ако Господ, бидејќи е Бог, а по човечка природа – безгрешен Човек, постел четириесет дена, што би требало јас да направам кога сум толку грешен?“ Тогаш од духовникот побарал благослов да пости, но не ни помислил на духовникот да му ја довери својата помисла, дека има намера во текот на тие четириесет дена ништо да не пие и јаде. Покрај тоа, работел многу тешка работа во фабрика. Кога дошол дваесет и осмиот ден од постот, почувствувал мала несвестица, па ја прекинал работата и седнал. Потоа се напил чај и изел парче двопек, бидејќи си помислил: „Ако се онесвестам и ако ме однесат во болница, таму ќе разберат дека сум изгубил сила заради постот, па ќе речат дека христијаните умираат за време на постот“. Момчето почнало да јаде по малку, иако го мачела мислата околу тоа, дека не го завршил постот кој го започнал. Духовникот дознал дека го мачи таа помисла, па го пратил кај мене. Сакав да дознаам дали причините кои ова момче го поттикнале на така строг пост биле чисти, па го прашав: „Дали си даде збор, дека така ќе постиш четириесет дена? – „Не“. „Кога од духовникот зема благослов за пост, ти едноставно не си ни помислил да му ја откриеш својата намера, ништо да не пиеш и јадеш четириесет дена, или оваа добра помисла, свесно си ја сокрил од него?“ – „Не, старче, не ја сокрив свесно од него!“ „Секако го разбирам твоето расположение“, додадов, „но те прашав за и ти да разбереш дека за оние денови кога толку строго постеше ќе добиеш небесна плата! И немој повеќе да се измачуваш со помисли, дека не си можел да го издржиш постот! Следниот пат, исповедај ги на духовникот и оние добри помисли кои ќе ти се јават, а тој ќе одлучи дали ќе прифатиш на себе некој подвиг“. Ова момче имаше големо смирение и тоа благодарејќи на оние смирени помисли кои ги негуваше во себе. И таквиот пост тој го прифатил заради љубовта кон Христа и сосема е природно што Христос го крепел со Својата благодат. Ако пак, некој кој нема такво смирение, посака така да пости, помислувајќи си во себе: „Зошто јас не би можел да го направам истото што го направиле и многу други“, ќе издржи ден или два, а потоа ќе се откаже. Покрај тоа, умот на таквиот човек ќе се помрачи, па дури тогаш ќе почне да жали поради времето кое го изгубил на таквиот пост.

 

Со посредство на постот човекот се претвора во јагне, во јагненце. Ако пак, се претвори во ѕвер, тоа значи само едно од овие две: или подвигот кој го прифатил ја надминува неговата сила, или го прифатил од гордост и заради тоа не добива Божја помош. Постот може да припитоми и смири дури и диви ѕверови. Погледни ги животните кога се гадни, тие тогаш му се приближуваат на човекот. Животните инстинктивно дознаваат, дека ќе умрат од глад и дека ако му се приближат на човекот, можат да дојдат до храна и да останат живи. Еднаш имав можност да видам волк кој заради гладот стана питом како јагне. Во текот на зимата, кога падна снег, се спушти од планината и влезе во нашиот двор. Брат ми и јас излеговме да ја  нахраниме стоката и кога брат ми го здогледа волкот, почна да го удира, но волкот воопшто не реагираше!

 

Ако човекот не дојде до состојба, тоа што го прави, да го прави од љубов кон Бога и од љубов кон својот ближен, залудно си ја троши силата. Ако пости и има горди помисли, дека прави нешто големо, неговиот пост нема фукција. Затоа, таквиот човек личи на напукната стомна – пробај да налиеш вода во неа и ќе видиш дека таа, малку по малку, истекува од неа.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

Извор: МПЦ(08.03.2012)



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 702
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »