логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Molitva.Freski6.jpg

Архимандрит  Серафим

Не само православно просветените верници, но и многумина западни неправославни богослови јасно гледаат, дека единствено Православната Црква останала низ вековите верна на Христа и на од Него предаденото учење, преку Неговите свети апостоли, и согледувајќи го тоа јавно го соопштуваат. Еве неколку примери:
Познатиот француски црковен историчар Владимир Гете (1816-1892), којшто преминал од римокатолицизам во Православие, автор на многу научни трудови, со восхит зборува: "Прекрсна глетка претставува Православната Црква со своЈата зачудувачка постоЈаност во учењето! Таа водела многу спорови, издржала безброј непријателски напади, била предавана на невидени жестоки гонења, нејзините непријатели ја доведувале во состојба на ропство, во истата онаа држава каде што таа некогаш сјаела со заслепувачки сјај. Но, и во несреќите и гонењата како и во деновите на славата, таа секогаш го запазувала своето учење. Нејзини основни начела се начелата на вистинското христијанство. Таа и во наше време најдобро може да им го изложи на еретичките "цркви" и философи своето учење онака како што светот некогаш можел да гочуе!"
Црквата за православниот христијанин е христијанска заедница, којашто постои уште од апостолско време. Таа живее единствен живот; таа не се менува бидејќи не променува ништо во Бого-откриеното учење. Примајќи го тоа учење од почетокот, така го предава од век во век   такво   какво   што   го примила. Верниците во него претставуваат исто така суштествен дел, како и епископите. Последните имаат посебно задолжение да бдеат над христијанските заедници за да не проникнат во нив некакви новотарии. Но, и сите верници исто така имаат право да учествуваат во запазувањето на чистотата на Православната Вера и должни се и самиот епископ да го опоменат ако тој заборавајќи на својата должност, посака да воведува новотарии. Во таков случај свештеникот, дури и простиот мирјанин ако го посочат еретикот, не само што нема да бидат одречени, но дури и ќе заслужат прославување и благодарност од целата Православна Црква ( последните зборови се парафраза на крајот на петнаесетото правило на цариградскиот дводелен собор (861г.), каде што се искажува пофалба на верниците - ревнители за Православната Вера, коишто ќе разобличуваат дури и епископи, што паднале во заблуда спротивни на верата и благочестието ).
Англиканецот X. А. Xоџ пишува дека "Православната Вера на којашто Православната Црква и е постојан чувар, е христијанска вера во својот вистинит и суштински облик ".
Франц фон Бадер, познат римо-католочки философ и богослов од минатиот век, после обемните еклиси-олошки проучувања изјавува дека "Православната Црква единствено останала верна на првобитниот дух на христијанството, за разлика од Западната "црква"".
Истакнатиот римокатолички богослов и историчар Хефеле, и покрај својата голема приврзаност кон Рим принуден е да признае: "Во богослужењето и учењето на грчката (т.е. Православната) Црква нема ни најмали промени од времето на нејзината поделба со Рим".
Протестанскиот богослов Овербек (1821 - 1905), претходник на денешното дијалектичко богословие, споредувајќи го Православието со римокатолицизмот пишува: "Православната Црква е непроменета во верата и светите канони. Таа и сега е истата вера каква што била пред илјада години. Рим сметал дека е добро да ја промени верата којашто не е подложна на менување, да ја направи нодвижна и да ја развива. Православната Црква ја зачувала вистината, којашто по својата суштина е непроменлива; и неа ја запазувала и утврдувала во таков вид во каков што таа и била предавана на Црквата од апостолското Предание". Истиот Овербек на друго меето пишува: "Откако папата го оделил Запад од Источната Црква - Источната Црква согласно на сведоштвото на историјата, го запазила единственото вселенско учење непроменето до сегашно време".
Меѓу современите богослови што пишуваат на германски јазик ќе спомнеме само неколкумина.
Старокатоличкиот епископ од Берн (Швајцарија) Урс Кјур и истакнува дека " Источно Православната Црква подржува христијански живот во првичната сила, со голема интензивност и чистота, и во неа низ вековите е запазено древното црковно Предание коешто во голема мера е загубено во западната црковност".
Проф. д-р. Ернст Бенц пишува: "Во современиот христијански свет Православието сјае како единствено по својот род и големина. Големината му се состои во тоа што исправно ја запазило полнотата на соборноста на древната Црква во сите области на својот живот. Во неговото богослужение продолжуваат да живеат по преемство древно - црковното разбирање и древно - црковната литургиска пракса. Во неговото богослужение во сила живее и сета полнота на учењето на древната Црква. Тука нема поделба помеѓу богослужбата и богословието, меѓу молитвата и учењето. Таа Црква го зачувала првобитното сознание  за својот вселенско   -   католичански карактер. Нејзината    самоопределба како Една, Света, Соборна и Апостолска Црква се темели не врз идејата на правото, но на сознанието дека таа го претсавува мистичното Тело Христово. Во тоа мистично тело дејствително се пројавуваат даровите на Светиот Дух и молитвата еден за друг, којашто се простира до царството на починатите, зашто Бог не е Бог на мртвите, а Бог на живите. Православието со најголема верност го сочувало до наши денови предаденото му древно - црковно догматско наследство".
Проф. д-р. Фриц Либ го смета за извонредно значаен фактот што "Источната Црква ги запазила чисти и не променети древно - христијанските догми, бидејќи не ги изопачила со схоластичен рационализам."
Радувајќи се на овие признанија од Запад во полза на нашата Црква, ние можеме да додадеме дека своето високо достоинство на единствена, непрекинлива и непогрешлива, носителка на вистината, Светата Православна Црква и го должи на својата непроменлива предаденост на онаа догматска вера којашто ја наследила од Самиот Господ Исус Христос и од Неговите свети апостоли, и којашто ја потврдила на Вселенските, и на од нив признатите помесни собори. Оттука се гледа дека догматското наследство, коешто Светата Црква го примила од нашиот Спасител и го научила од Неговите непосредни ученици, претставува непомерлива и цврста основа (Лука 1. 4), врз којашто таа опстојува секогаш една и иста, непроменлива и неделива низ вековите. Таа е тврдина против заблудите на догматска почва, ја чува и до денес вистината, во којашто верува за спасение (2 Сол. 2. 13), и ќе продолжи да ја чува до свршетокот на светот, за вистинските Божји чеда да ја имаат и во последните времиња, во времињата на антихристот, и да можат благодарение на неа да ја разликуваат вистината од заблудата. Така Христовата Православна Црква ќе им помага на оние што искрено копнеат за вистината, во оние најтешки времиња за верните христијани, во времињата на сеопштото отпадништво (2 Сол. 2. 3 ), та да не се оддадат на лукаво сплетеното и примамливо учење на Христовиот противник, но да останат среде светот на сеопшто отпадништво верни на својот Господ и Спасител и преку вистинската своја вера и сообразен на неа добродетелен живот со таа вера да добијат вечна заедница со Него во Царството Небесно. Амин.

 

КАНОНИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ КОН НЕПРАВОСЛАВНИТЕ

10. канон на Светите Апостоли
Ако некој се моли, дури и во приватна куќа, со личност којашто е изопштена од Црквата, исто така и тој да биде изопштен.

11. канон на Светите Апостоли
Ако некој клирик му се придружи во молитвата на расчинет клирик, ако бил свештено лице и самиот да биде тргнат од положбата.

45. канон на Светите Апостоли
Епископ, презвитер или ѓакон којшто само се молел со еретици, нека биде свргнат; а ако им дозволил да вршат некоја јавна служба, нека се одлачи од Црквата.
46. канон на Светите Апостоли
Епископ или презвитер којшто повторно го крштева оној што правилно бил крстен, или не го крсти оној што бил заразен со непобожност, нека биде свргнат како некој којшто го презира Крстот Господов и не прави разлика помеѓу вистинското и лажното свештенство.

65. канон на Светите Апостоли
Ако некој епископ, презвитер или ѓакон прими од некого друго ракополагање, нека двајцата, оној којшто ракополага и оној којшто е ракоположен, бидат свргнати; освен ако се докаже дека првото ракополагање било од еретици; бидејќи оние коишто се од нив ракоположени не можат да бидат ниту верници, та оттука ниту свештенослужители.

Канон 1. на Картагинскиот помесен собор
Оние коишто се крстени од еретици треба одново да се крстат за да бидат примени во Црквата.

Канон 32. на Лаодикискиот џомесен собор
Благослов од еретик е проклетство.

Канон 34. на Лаодикискиот помесен собор
Оној којшто почитува еретички лажен маченик, нека биде анатема.

Канони 37, 38, 39. на Лаодикискиот помесен собор
Не ги славете празниците со Евреите или еретиците, ниту да примате празнични подароци од нив.

Канон 84. на Шестиот Вселенски Собор
Следејќи ги каноните востановени од Отците ние наредуваме дека оној којшто не знае или не може со документи да покаже дека е крстен, мора без двоумење да се крсти.


ПРАВОСЛАВНИ, ОСТАНЕТЕ ВО ОНА НА КОЕШТО СТЕ НАУЧЕНИ

Во годината 1583, римскиот папа Григориј Тринаесетти којшто го укина стариот јулијански календар, во повеќе наврати вршеше притисок врз цариградскиот Патријарх Јеремиј Втори, наречен Славен, да го прими новиот папски календар. Патријархот во своите писма го одбиваше повеќе пати, и најпосле, истата година во Цариград свика собор на којшто покрај него беа присутни: Александрискиот Патријарх Силвестер, Ерусалимскиот Патријарх Софрониј и многу други епископи. Овој собор издаде "Сигилион" којшто е испратен до сите помесни Православни Цркви. Во него се набројуваат основните ереси на папизмот и се анатемисуваат (т.е. се објавува дека се надвор од Црквата) сите оние коишто ги исповедаат. Еве го целиот текст на "Сигилионот":
На своите вистински деца, на Светата, Соборна и Апостолска Црква Христова од Исток, во Трговиште и во сите места: милост, мир и благодат од Семоќниот Бог !
Не мала загриженост го обзема древниот брод фрлан од брановите на бурата. И Господ Бог да не го предупредеше Ноја и со својата блага волја да не ја смиреше водата, не ќе имаше надеж за спасение во бродот. Слично се случи и со новиот брод, нашата Црква. Еретиците поведоа беспоштедна војна против нас, и ние сметавме дека е добро да го ставиме овој томос против нив, така што со помош на она што е напишано во него, да можете посигурно да го браните своето Православие. За овој документ да не им биде тежок на простите луѓе, одлучивме да го изнесеме сиот предмет пред вас во едноставен облик, какошто следува:
Од Рим дојдоа извесни личности коишто таму се научиле да мислат како Латини; и, лошо е тоа што иако Византијци, родени и пораснати во нашите краишта, тие не само што ја смениле својата вера, туку уште и се борат против православните и вистински догми на Црквата од Исток коишто Самиот Христос, божествените Апостоли и Светите Собори ни ги предадоа нам. Изопштувајќи ги, значи, како расипани членови, ние наредуваме:
1. Оној којшто не исповеда со срце и со уста дека е чедо на Црквата од Исток, крстен според православниот обред, и дека Светиот Дух исходи само од Отецот, суштински и ипостасно, какошто Христос говори во Евангелието, иако исходи од Отецот и од Синот во времето, нека таквиот биде надвор од нашата Црква и нека е анатемисан.
2. Оној којшто не исповеда дека во Тајната на Причеста и верниците треба да имаат заедница во двата вида, Чесното Тело и Светата Крв, но говори дека е доволно да го прими само телото, бидејќи крвта е исто така таму, иако Христос говореше и ги даваше секои од овие посебно, а тие до тоа не се држат, таквиот нека биде анатемисан.
3. Оној којшто вели дека нашиот Господ Исус Христос на Тајната Вечера употреби бесквасен леб како и Евреите а не квасен, нека биде далеку од нас и под анатема, како некој којшто мисли како старозаветен Евреин, и како некој којшто го воведува учењето на Аполинариј и на Евреите во нашата Црква, и поради тоа нека е анатемисан и по вторпат.
4. Оној којшто зборува дека кога нашиот Христос и Бог ќе дојде да суди, Он нема да им суди на душите заедно со телата, но доаѓа да одлучи само за телото, нека биде анатема.
5. Оној којшто ќе каже дека кога христијаните умираат, душите на оние коишто се покајале во овој живот но не претрпувале, одат во Чистилиште - коешто е грчки мит - каде што огнот и маките ги очистуваат, како што мислеше и Ориген, и со ова предизвикуваат слобода во гревот, таквиот нека има анатема.
6. Оној којшто ќе каже дека папата е глава на Црквата, а не Христос, и дека тој има власт да прима во Рајот со своите писма, и дека може да прости колку што може да направи некој којшто за пари прима од него индулгенција (опрошталница), таквиот нека има анатема.
7. Оној којшто не ги следи црковните обичаи прогласени од страна на седумте Вселенски Собори, и Светата Пасха и календарот коишто тие добро ги востановиле за ние да ги следиме, но сака да ја следи новоизмислената пасхалија и новиот календар на безбожните астрономи на папата; и противејќи се сака да ги отфрли и уништи учењето и обичаите на Црквата коишто ги примивме од нашите Отци, нека секој таков има анатема и нека биде надвор од Црквата и надвор од Соборот на Верните.
8. Ние ги повикуваме сите побожни Православни Христијани: останете во она на што сте научени, во што сте родени и пораснати, и кога времето и околностите ќе побараат пролијте ја и самата своја крв за да ја сочувате Верата и исповедањето коишто нам Отците наши ни ги предадоа. Чувајте се од таквите луѓе и бидете внимателни, за нашиот Господ Исус Христос да ви помогне. Нека благословот на нашата смерност биде со сите вас. Амин!

Година 1583 од раѓањето на Богочовекот, индикт 12. ноември 20.
ЈЕРЕМИЈ Константинополски
СИЛВЕСТЕР Александриски
СОФРОНИЈ Ерусалимски
(и останатите Епископи присутни на соборот).

• Овој "Сигилион" е пронајден во ракописниот кодекс бр. 772 во манастирот Свети Пантелејмон на Света Гора, и во ракописниот кодекс бр. 285 во келијата "Акатистна молитва" на светиот скит Капсокалива на Света Гора. Првпапг е печатен 1881година во билтенот бр.12 "Романска Православна Црква" во Букурешт, од страна на рускиот архимандрит Порфируј Успенски којшто го препишал од ракописниот кодекс на Великата библиопгека на манастирот на Синајската Гора.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1005
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 964
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020 )

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020 )

Бог ни има сѐ дадено – и постоење и живот; и толку многу постојано ни дава, што сѐ околу нас е дар Божји, и просто е неописливо. Само ние сме...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Научи сe да ги пoчитуваш и да ги сакаш малитe и прoститe луѓe

Такви има најмнoгу на зeмјата, а има најмнoгу и вo Бoжјoтo царствo. Кај нив нeма гoрдeливoст, т.e. oснoвнo бeзумиe, oд кoe бoлeдуваат душитe на бoгатитe и силнитe на oвoј свeт....

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Јас сум и Вратата и добриот Пастир (22.08.2020)

Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме...

« »