логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 III

Matka.svAndrej.A.jpgОстанува да ви го објаснам уште третиот вид на крст, кој што е спасителен за нас. Тој е крстот на целосната преданост на Божјата волја. Ке ви кажам и за него нешто, зашто потполното знаење за него не е во рамките на моите сили. На овој крст се искачуваат само совршените христијани. Тие знаат и можат за него да зборуваат јасно, целосно и со смелост. На непосветените во борбата тешко е да им се објасни. А, пак, од друга страна треба да се спомне, за да не би некој од вас, кога совлада некоја страст и се успокои од внатрешната тревога и возбуденост, да не си помисли дека направил се што е должен да направи и кое што се бара од христијаните.


Во суштина, и во ваквата состојба - не е се направено. Дури и ако некој сосема се очистил од страстите, сеуште не го извршил главното христијанско дело, но само се подготвил за него . Ако си се очистил од страстите, принеси се на Бога, како чиста и непорочна жртва, каква што прилега Нему Пречистиот. Погледни кон Голгота. Таму крстот на благоразумниот разбојник е крст на очистување од страстите, а Крстот Господов е крст на чиста и непорочна жртва. Тоа е плодот на преданоста на Божјата љубов која е безпрекорна, целосна и безвозвратна. Кој Го одведе и Го прикова на крст нашиот Спасител? - Преданоста! Во Гетсиманската градина нашиот Господ Исус Христос се молеше ако може да го одмине таа чаша, но затоа и одлучно рече:"но не како Јас што сакам, туку како Ти" (Мт. 26:39). Од Неговите зборови „Јас сум", паднале оние кои што дошле да Го врзат. Зошто? Затоа што пред тоа Тој Сам Себе Си се предаде на Божјата волја. Пред крстот секое создание трепереше и мртвите воскреснуваа, а Тој остануваше неподвижен на крстот, откако беше го предал Својот Дух на Бога. Такви се тие што израснале до духовно совршенство, кои што ја достигнале возраста на Христовата полнота. Сите тие се распнувани, така да се рече, врз Божјата волја. На Божјата волја е прикован секој нивни личен поттик, секоја мисла и желба. Или поточно - сите нив сосема ги нема. Сето лично, сето свое во нив е умрено и наполно предадено на Божјата волја. Тоа што ги движи е Божји знак, кој што единствено само на нив познат начин се одразува во нивните срца и ја определува целата нивна дејност. Свети ап. Павле вели:" се распнав со Христа и јас веќе не живеам туку Христос живее во мене!" (Гал. 2:19-20). Штом се распнал со Христа, апостолот престанал да живее сам, бидејќи Христос започнал да живее во него. Или тој се нашол во такваположба, за коjа што на друго место пишува: "оти Бог е Оној, Кој во вас прави, да сакате и да дејствувата според Неговата добра волја" (Фп 2:13). Тоа е врвот на христијанското совршенство, тоа е крајот на човечките стремежи. Тоа е воведување во идната состојба, која следи по воскресението, кога Бог ќе биде наполно во сите. Затоа, сите кои што се удостоиле да го достигнат тоа, често се во противречност со уредувањето на земното суштествување, или трпат гонења и мачења или се определуваат да живеат како јуродиви (кои се прават како луди заради Христа од големо смирение) или се оддалечуваат во пустини. Во сите тие подвизи и телесното и духовното се едно: живеат сврзани со Единствениот Бог. Единствено за Него живеат, при што се кријат во внатрешно длабоко безмолвие (тиховање, незборување) при потполно отсуство на секакви мисли и движења. Велат дека високо во пределот на границата а нашата атмосвера се прекинува движењето на земните стихии. Таму спокојно царува една - вселенска хармонија. Тоа е образ на оние, кои се распнале за Христа, кои што престанале да живеат свој сопствен живот и започнале да живеат според Христа, или поинаку речено, кои се искачиле на Крстот поради преданоста кон Божјата волја, која што определува и дејствува во нив и истовремено се откажале од секаков вид на пројавување на својата волја.
Нема што повеќе да ви кажувам за тоа. Со се што е кажано понапред, се одредува целта и каде треба да бидеме и што треба да постигнеме. Кога знаеме за тоа, треба да разбереме дека се ш.то сме постигнале, како и доброто што сме го правиле - да го сметаме за ништо, ако не сме го достигнале степенот на духовниот живот.
Мнозина мислат дека христијанството е како другите принципи во животот, но тоа не е така. Се започнува со покајание, се зрее во борбата со страстите и се завршува преку самораспнување за Христа. "Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога" (Колос. 3,3)
Тука се се извршува внатрешно и невидливо за луѓето, освен за Бога. Надворешно, има нешто кое што личи на обвивка, но тоа не е вистинската состојба. Добриот надворешен однос, честопати, личи на убаво украсен гроб, кој внатре е полн со коски! Кога го знаеме ова, браќа, да појдиме на Голгота кај крстовите и да започнеме да се распнуваме на нив или да ги земеме врз себе си, кој на кого како му одговара.
Симон Киринеец, кој го носеше Крстот Господен е образ на оние носители на крстот кои се изложени на надворешни жалости и лишувања. Кого го изобразува крстот на покајниот разбојник? - Тој е образ на оние кои што се борат со страстите, а Господовиот Крст - ги изобразува оние мажи кои се распнале во преданост на Бога. Чиј образ е крстот на злиот и непокајан разбојник? Тој е образ на тие кои што се оддадени на страстите. Нив страстите ги мачат, ги распнуваат на крст, не давајќи им никаква утеха. По овие знаци споредувај го твојот крст и така определи кој си: Симон Киринеец, благоразумниот разбојник, следбеник на Христа Бога, или пак си најблиску до непокајаниот разбојник, кој е истоштен од мачењето на страстите. Како ќе го носиш крстот, таков ќе ти биде и крајот. Јас можам уште да додадам: исфрлете го од главите тоа дека можеме по патот на радосниот живот да станеме такви, какви што треба да бидеме во Христа. Ако има утеха за вистинските христијани, тие се сосема случајни. Карактеристичен белег на нивниот живот се страдањата и болестите, внатрешни и надворешни, волни и неволни. Значи, во Царството Божјо мора да се влезе преку многу маки. Првиот чекор е свртување на волјата од лошо кон добро, кое што е суштина на срцето кое се кае, кое се одразува во мачната болка и раната на смирението, од која капи крв. Во текот на борбата со страстите, христијанинот ја исполнува волјата Божја. Непрестано - маки, болести и тешкотии... Може да се каже: уживањето  е сведоштво за лажниот, а жалостите - за вистинскиот пат.
Кога размислувате за ова радувајте се вие што со смиреност го носите крстот! А вас, кои уживате што да ви кажам? Словото на Авраама кон богатиот од приказната за богаташот и Лазара. (Лк.16:22-31). Овде вие уживате, а другите страдаат заради Христа и Неговиот закон, а на другиот свет ќе биде обратното. Оние што врват по патот на крстните страдања, ќе се утешуваат, а оние што уживаат ќе страдаат. Вие обично велите: зарем не е убаво да се повесели човек или да си дозволи некакво задоволство. Некои денес се на бал, утре на театар, потоа на шетање, после на весело читање на беседи или разни други задоволства: одите од едни задоволства кон други. За главното, за тоа како да се достигне целта која што е задолжителна за секој човек, не ни помислувате. Каков плод ќе треба да се очекува од таков живот? А оној наш внатрешен однос кон Христа, како да треба сам да зрее, без да се гледа на поставените услови? Како ќе зрее? Гори ли свеќата на ветер? Може ли да се зачува животот ако се пие отров? - Не! Ако си посакуваш добро, отфрли ги утехите, прифати го крсниот пат на покајанието, гори во огнот на самораспнувањето, капи се во солзи заради многубројните гревови, и ќе станеш злато или скапоцен камен. И кога ќе дојде Небесниот Цар, ќе те земе како украс во Своите пресветли и премирни дворови. Амин.

 

Korica.Trislova.jpg

Издавач: Издавачка установа  Канео при

Дебарско - кичевската епархија

(Продолжува)

Друго:

Св. Теофан Затворник - Три слова за носење на крстот(1)  

Св. Теофан Затворник - Три слова за носење на крстот (2) 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 746
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »