логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Духовно воскресение

Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, со таа цврстина доведувајќи ги во недоумица своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.
Ваквиот карактер на еден војсководец станува причина за необични успеси, па одненадеж цела низа порази и несреќи се крунисуваат со одлучни победи и славења.
Таков треба да биде и умот – тој предводник во невидливата борба против гревот. Ништо, никакво искушение што доаѓа од луѓето или демоните, кое се појавува од паднатата природа, не треба да го вознемири. Извор на сила и непоколебливост нека биде верата во Бог, Кому сме Му се посветиле на служење и Кој е – Сесилен. Малодушноста и збунетоста се раѓаат од неверувањето; но, штом подвижникот ќе прибегне кон верата – малодушноста и збунетоста исчезнуваат како ноќна темнина наспроти блесокот на сонцето.
***
Зашто нема да станат (воскреснат) безбожниците на судот, ниту грешниците во советот на праведните (Пс. 1, 5).
Безбожниците не учествуваат во првото воскресение (Отк. 20), коешто Свети Јован го опишал во Откровението, во духовното воскресение што се совршува во текот на овоземниот живот, кога седејствувачкиот Дух се допира до душата и ја обновува за нов живот. Душата воскреснува и оживува за божествен живот! Умот и срцето ѝ се просветлуваат, стануваат причесници на духовниот разум. Духовниот разум – како што го опишуваат духоносците – е чувствување на бесмртниот живот.
Самиот тој разум е обележје на воскресението. Напротив, телесното мудрување е невидлива смрт за душата. Духовниот разум е дејство на Светиот Дух. Тој го гледа гревот, ги гледа страстите во себе и во другите, ја гледа својата душа и душата на другите, ги гледа замките на кнезот на овој свет, ја соборува секоја помисла што налетува на разумот Христов, го отфрла гревот од себе, во каков било облик да се приближува: зашто духовниот разум е Царство, светлина на Светиот Дух во умот и во срцето. Нема да воскреснат безбожниците за духовно расудување! Тоа расудување е совет само на праведните, тоа што само ним им припаѓа.


Свети Игнатиј Брјанчанинов

 

24ти април 2020 лето Господово

 

избор од фб профил на

Vesna Smilkova

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 729
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »