логоFacebookTwitterYouTubeeMail


-Ако ве ослободи Синот Божји, навистина ќе бидете слободни-(Јн. 8,36)

Голем дел од човештвото не е слободен во својата волја и робува на ѓаволот низ гревот. Како што пишува митрополитот Венјамин:“Ние грешните не можеме да бидеме слободни, бидејќи нашите страсти владеат со нас. И дури во мерата на ослободувањето од нив, расте и нашата слобода. Луѓето кои се послушни кон другите се неспоредливо послободни од оние самоволните. А светиите се веќе слободни во онаа мера колку што е тоа можно за човекот. А потполно е слободен само Бог... Смирението ја дава слободата. Горделивецот е роб на самиот себе, иако вообразува дека е слободен... Неверата е робство. Но, луѓето мислат сосем спротивно“.

Од робувањето на човековата волја на страстите ослободува само Господ:“Ако ве ослободи Синот Божји, навистина ќе бидете слободни“(Јн 8,36). И навистина на земјата се слободни само оние, чија волја е ослободена од робството на сатаната со помошта на Господ Исус Христос. Над нивниот дух лукавиот веќе нема власт; лукавиот од чија власт останатиот свет нема сила да се извлече. Огромна е разликата во положбата на робовите на сатаната и синовите Божји. Првите сатаната ги држи во негова потчинетост, употребувајќи ги како средство за соблазна, искушенија и заблуди.

Господ не го сака насилството над волјата на човекот. Он ја сака нејзината слобода:“ Милост сакам, а не жртвен принос“ (Мт. 9,13). Он не ја гуши човечката волја при изборот на патот кон доброто и злото, а оние кои доброволно одат по Него, затоа и не ги нарекува робови, туку “пријатели“ (Јн. 15,16). Во тоа е убавината на „синовите Божји“, за разлика од жалостната принудна состојба на слугите сатански.

Кога во душата владее несклад и раздвоеност, тогаш душата се колеба меѓу Бога и сатаната, меѓу доброто и злото, меѓу вистината и лагата, меѓу добродетелта и порокот, тогаш резултантната сила на нејзините тежнеења може да се приближи до нулата.

Во таков случај кај човекот како да се забележува слабеење на волјата –  немоќ на волјата. Сосем е очигледно дека лечењето на болната волја не треба да почне со тренинг на волјата, иако постојат световни упатства за „воспитување на волјата“. Но кој видел случај каде применетата методика на вежбањето на волјата довела до големи успеси?

Ослабената волја се лечи само со очистување на срцето, т.е. единствено тогаш кога душата го стекнува Светиот Дух.
Врз волјата на секој човек може да влијае (во поголема или помала мера) и вилјата на другите луѓе. Ова влијание се пренесува не само преку зборовите, туку и низ тајните патишта на мистичната меѓусебна зависност.

Сосем е познат фактот дека упорната мисла за некој од присутните луѓе или погледот на човекот од страна, може да го принуди другиот да ја сврти главата во правец на вперениот поглед кон него. За оваа појава на меѓусебно влијание сведочи свети Јован Кронштадски во својот дневник:„Ние можеме со поглед, другиот да го доведеме во неприлика. Повеќе пати ми се случувало да низ прозорецот од својата куќа ги набљудувам минувачите, а тие како да се привлечени од некоја сила, го фрлаа погледот кон прозорецот, барајќи човечко лице; некои се збунуваа и одеднаш ќе го забрзаа чекорот, други се дотеруваа, ја поправаа краватата, шеширот и сл. Има тука некоја тајна“.

Во поедини случаи може да се зборува и за робување на волјата на еден човек од волјата на друг човек, што особено јасно се изразува кај хипнозата. Во хипнотизмот волјата е парализирана и човекот во потполност се наоѓа во потчинетост на друг човек- хипнотизер.
При ова во човекот се извитоперува способноста на правилното доживување на околниот свет низ сетилните органи, како и способноста за логично размислување. Човекот не гледа, не слуша, не мириса, ниту допира тоа што му го давата сетилните органи, туку тоа што го наредува волјата на хипнотизерот.

Во однос на хипнозата луѓето се делат на оние кои се неприемчиви за нејзиното влијание и оние кои лесно потпаѓаат под него.
Интересно е што децата од седум години не можат да бидат хипнотизирани. Помалку се примечиви на хипнозата и обичните и необразовани луѓе, за разлика од луѓето кои ја вкусиле цивилизацијата. Тоа е клучот за разбирањето на „примечивоста“ на хипнозата.

Детската душа е света и со чисто срце и сеуште не е извалкана од страстите и гревовите. Одтука и неможноста децата да бидат хипнотизирани, бидејќи детската светост штити од робувањето на туѓа волја.

Во мерата на човековото робување на гревот, слабее неговата волја и тој станува способен да се препушти на хипнозата. Простите и необразовани луѓе најчесто се со помалку огревовено срце и се поблиски до Бога од луѓето кои ја вкусиле цивилизацијата; токму тоа и ја условува нивната помала подложност на хипнозата.

Сомнително е мислењето дека хипнозата донесува многу корист при нејзиното користење од страна на лекарите заради лекувањето, на пример, од алкохолизмот. Обично после прекинувањето на страста за извесно време, зависноста повтроно се враќа.

Но, несомнено е дека хипнозата е страшна сила која ја злоупотребуваат бајачите и магионичарите и слугите на мрачните сили – внесувајќи во светот многу зло, па дури и пропаст на луѓето.

Во суштина не може да се повлече остра граница меѓу појавата на хипноза т.е. сугерирањето на идеја кога човекот е во состојба на транс и сомнабулизам и меѓу вообичаените меѓусебни влијанија и потчинетоста на луѓето со слаба волја кон луѓето со силна волја.
Исклучок се само луѓето со живата вера во Бога. Таквите луѓе не сакаат да се покорат на луѓето со силна волја, доколку овие за нив не претставуваат духовен авторитет т.е ако не веруваат дека во нив живее Светиот Дух.

За некои луѓе велиме – „тежок човек“. Тоа е човекот со силен карактер и зла волја која поседува властољубивост – особина спротивна на кротоста. Тој сака другите луѓе да ги потчинува на сопствената волја. Тешко на луѓето од неговата околина, доколку тој е склон уште и на пороци. Тој во светот внесува многу зло.

Уште полошо е ако ваквиот човек има власт и многу материјални вредности на кои се „лепат“ луѓето од светот. А таквите случаи се чести, бидејќи сатаната се труди да ја зголеми силата на своите слуги. Христијаните безуслобвно мораат да бегаат од луѓето со таков властољубив и демонски карактер. Треба да се има предвид дека властољубивата карактерна црта е својствена на луѓето кои се надвор од Бога. Христијанинот по природа е кроток како и Христос. Тој никогаш во друштвото со другите луѓе, не допуштал ни најмало психичко насилство врз другите.

Крајниот степен на робувањето на другите луѓе со силна и мрачна волја, може да прејде во „опседнатост“. Светото Писмо содржи многу описи на случаи на опседнатоста. Таа е подвид на душевна болест која се пројавува во тоа што човековата волја е парализирана и со неа владеат еден или повеќе демони (Лк. 8,30).

Во зависност од карактерот на злиот дух, е и неговата моќ над човечката волја. Треба да се истакне дека на почетокот на опседнатоста, најчесто се јавува тагата и стравувањето.

Душевната болест се смета за најтешка и многу тешко излечива болест, а „душевно пореметените“ се најбедните луѓе.
Како и секоја болест, „опседнатоста“ најчесто е последица на гревот. Во книгата „ На брегот на светата река“ се истакнува еден случај каде опседнатоста била последица на лесномисленоста на една девојка во однос на светоста на пресфората (светиот леб). Овој грев е близок до богохулието.

Еднаш го молеле големиот пастир свети Јован Кронштадски да исцели една „опседната“ девојка. Тој овој пат одбил да помогне. Кога го прашале зошто и се случила оваа несреќа, тој одговорил: „Заради нејзината голема гордост“.

Треба исто така да се сетиме од животоописот на преподобниот Макариј Велики за случајот со една жена која страшно страдала заради ѓаволските сплетки предизвикани од магионичар. На нејзиното прашање: „Зошто ми се случи ова?“, големиот духовен старец и одговорил:„ Бидејќи веќе пет недели не се причестуваш со Светата Причест“.

Треба да се има во предвид дека опседнатите луѓе не се одговорни за своите постапки и затоа тие не им се сметаат за грев. Но бидејќи страдаат, тоа страдание им се смета за искупително од нивните гревови.
Врз основа на сето тоа во Црквата се применува „проклетството“. Апостол Павле го применил проколнувањето на еден член на коринтската заедница кој направил тежок грев.

Целта на ова „фрлање проклетство“ е да силата Божја на Исуса Христа го предаде грешникот на сатаната заради мачење на телото, за да духот биде спасен во Денот на Господа Исуса Христа (1Кор. 6, 1-5). Обично проколнувањето носи со себе и различни форми на физички неволји кај проколнатите, а тоа служи за олеснување од гревовите.

Треба да се напомене извесна сличност на состојбата на опседнатост и вообичаената состојба во која човекот се наоѓа под власт на гревот.
Во првиот случај врз душата дејствува и се применува очигледна власт на злиот дух и тоа се гледа во гнасните пројави на неговата волја.
Во вториот случај – во доброволното потчинување на злотот- оваа власт е скриена и не е потполна, доколку човекот сеуште не се предал целосно на волјата на злиот дух.

Во суштина, човекот кај кого силно е развиена некоја страст со која веќе не е во состојба да се бори, исто така претставува човек кој во извесна мера е „опседнат“. Ваквиот човек за околината дури може да биде и понепријатен и поопасен од оној кој е очигледно „опседнат“ или „психички оболен“, а со кој луѓето внимаваат при општењето.

Како што пишува отец Јован: „Несомнено е дека ѓаволот во срцето на многу луѓе седи под некој вид на тромост на срцето, раслабеност и мрзливост за секаво добро, особено за делата на верата и побожноста кои бараат внимание и трезвеност, како и духовен труд. Така, на пример, тој го поробува срцето со мрзливост, а умот го затапува за време на молитвата; така срцето станува тромо, ладно и невнимателно кога треба да направи некое добро и корисно дело, на пример – да сочувствува со оној кој страда, да помогне на оној кој е во неволја, да го утеши нажалениот, да го поучи неукиот, да го врати заблудениот и порочниот на патот на вистината. Ѓаволот седи во нашите срца и преку силната раздразливост; понекогаш стануваме толку болно самољубиви, да не трпиме ни најмало спротиставување, ни најмала материјална или духовна пречка, не трпиме ниту еден остар или груб збор“.

А свети Димитриј Ростовски еднаш, обраќајќи се на народот во храмот. Го рекол следново:„Простете ми браќа, ако секој грешник кој не мисли за своите гревови, го наречам бесомачен“.

Споре мислењето на схиархимандритот Софрониј, кога некој страстна помисла или слика се зацврстува во душата, човекот станува опседнат во помала или поголема мера. Според него, страстите се опседнатости со различен степен на моќ и сила.

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата според Светите Отци“)

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 833
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »