логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

За воспитанието на децата и младите


ДА НЕ БИДЕМЕ НАИВНИ

„Во арената не постојат правила.“ Постои само спектакл, кој се прави пред масa луѓе, кои од уживањето во суровоста стануваат хистерични. Но, во денешните арени нема лавови и гладијатори, туку само секс – кој е понуден како јавен спектакл „во прашината и бучавата на империјалниот циркус“, „во заслепувачката светлина на денот“, или попрво, пред рефлекторите, станувајќи „храна за масите луѓе“, забележува цинично Камил Палија, професор по уметност на универзитетот во Пенсилванија, феминистка, дисидентка и критичар на ЛГБТ движењето. Сексот, денес, вели таа, стана еден вид „спектакл од гладијатори“, во кој главни ликови можат да бидат хетеросексуалци, хомосексуалци, педофили итн., без разлика, важно е да носат профит и забава. И, инспиративно ја споредува нашата епоха со последниот период од античката Римска империја, чиј пад придонесе до неизбежна катастрофа.
За спектаклот да биде возможен потребни се арена, робови, господари на робовите и публика. А, пак, за да се има робови за да се направи спектакл, најпрво треба да се укинат законите што му ја гарантираат слободата и достоинството на човекот, изработувајќи на нивно место други, погрешни закони, кои ја прикажуваат нормалноста како престап или вина, а вистината како забранета литература. Така, прво општеството ќе биде трансформирано во арена, науката, правото, уметноста и теологијата во политички инструменти, а човекот во роб. Потоа, спектаклот може да почне.
Една таква софистицирана (фалшлива) правна постапка беше и редефинирањето на бракот за да ги опфати и хомосексуалните парови. Процесот започна во 2001 година, во Холандија, и бргу се рашири речиси во сите држави на Западна Европа, САД, Канада, Бразил, Колумбија, Уругвај, Австралија, Јужноафриканската Република итн. И, што следуваше во овие држави по редефинирањето на бракот? Беше сменет законот за посвојување и беше редефиниран полот.
 
Децата – главна атракција  

Се чини дека главна атракција на спектаклите во новите општествени арени се децата. Затоа, првиот чекор направен од сите овие држави по редефинирањето на бракот беше, без исклучок, доделување на правото за посвојување на хомосексуалните парови, со сите последици што тоа би можело да ги има врз психосоматското здравје на детето. Да не бидеме наивни, затоа што хомосексуалноста е тесно поврзана со педофилијата, а посвојувањата, пак, со злоупотреба на децата. Подоцна се направени закони за заштита на децата – и тоа, крајно неверојатно, за да ги заштитат од сопствените родители! – а во замена да им предложат „сексуална слобода“ и  „сексуални права“, кои децата би ги практикувале и вежбале со други личности. Промената на законот за посвојување предизвика и измени во регулативите за функционирање на службите за „заштита“ на децата, за да им овозможи да ги одземат малолетниците од нивните семејства и да ги пласираат за посвојување, под изговор, повеќе или помалку наивен, дека им припаѓаат на хомосексуалните парови. Еден неодамнешен пример: во 2018 година едно момче од Норвешка, на 12 години било насила одземено од неговото семејство од страна на службата Barnevernet, затоа што не одел на училиште, туку учел дома.
Во истиот дух, Канада, во 2017 година го усвојува Законот 89, со кој се уредува активноста на службите за социјална помош за деца, млади и семејства, меѓу другото, да ги почитуваат „сексот, сексуалната ориентација, половиот идентитет и половото изјаснување“ (Part I: Purpose and Interpretation). А, исто така, и при посвојувањето на децата треба да се изберат и да се „почитуваат сексот, сексуалната ориентација, половиот идентитет и половото изјаснување“ (Placement of Children, Art. 109, 2, b). Канадските семејни адвокати предупредуваат дека со овој закон, агенциите и управите за помош на децата стануваат еден вид полиција, која може сосила да го грабне детето од дома доколку ѝ се спротивставиш на ЛГБТ идеологијата и половата теорија.
Во тој контекст и канадскиот министер за службите за деца и семејства, Мајкл Кото, има изјавено дека „вид насилство“ може да биде и кога „детето ќе се препознае во друг пол, а оние што се грижат за него му се спротивставуваат“. Во овој случај, „детето може да биде одземено од средината во која се наоѓа и да биде ставено под заштита таму каде што го нема ’насилството‘“. Според Џек Фонсека, политички стратег и сениор во коалицијата „Кампања за живот“, изјавата претставува де факто дискриминација на христијаните што сакаат да посвојат деца, или едноставно, да ги раснат според својата вера.
Во Холандија, за да се овозможи легална заштита на педофилијата, возраста за сексуална согласност била снижена на 12 години. Во истата држава било признаено постоењето на педофилска лоби група (MARTIJN Union) и била регистрирана партија на педофили – Партија на братска љубов, слобода и различности, која поддржува дека „децата помали од 12 години треба да имаат слобода на секс, да гласаат, да играат игри на среќа и да живеат со кого сакаат“, затоа што „по природа се сексуални и го заслужуваат правото да се изјаснат и да имаат сексуални односи со кој било по нивен избор. (...) Наместо да ни е страв дека ќе сме етикетирани како педофили, со гордост треба да се изјаснеме дека сексот и детската сексуалност се добри, и дека тоа треба да го правиме за доброто на децата!“ А, родителите треба да го сфатат педофилот, кој го „љуби“ нивното дете, „како партнер во растењето, и да биде примен во нивниот дом“. Двете организации биле исфрлени од законот поради жестока реакција на општеството кон нивната политичка програма, а особено по злоупотребата на десетици деца од страна на нивните членови. На таа основа, сексуалната согласност била вратена на 16-годишна возраст. Во истата држава, до ден-денес постои прирачник за педофилија, кој учи како да се заведе и да се злоупотреби едно дете, а кој властите сè уште не можат да одлучат дали да го забранат поради слободата на говор.


По редефинирањето на семејството, следна пропратна постапка беше и измената на распоредот за „сексуално образование“ во училиштата. Согласно проценките за последиците од легализацијата на хомосексуалните бракови во Велика Британија, издадени во „The Spectator Australia“, на 7 септември 2017 година, децата од првите одделенија се учат за различните сексуални ориентации и сексуални пози, за задоволството од гледањето порнографија и практикувањето мастурбација, а ТВ-програмите за деца од три години ја промовираат „половата флуидност (променливост)“ како фактор за поттик на размислување и индивидуалност. Во замена,  предупредувањата за сексуално преносливите инфекции се класифицирани како „демоде“. Во истиот контекст, кога голем број родители поднеле барања за да ги повлечат своите деца од училиштата, британскиот министер за образование категорично им го одбил правото.
Во истата насока, во Велика Британија приватните религиозни училишта се подложени на ригорозни оценувања. Луис Кејси, генерален директор на владиниот оддел за училишно оценување (Ofsted), привлече внимание со својата изјава дека не е нормално католичките училишта да бидат хомофоби и да војуваат против хомосексуалните бракови. А, женското еврејско училиште „Vishnitz“ на Хасидим заедницата во Лондон, кое пред редефинирањето на бракот било оценето со пофалби, подоцна паднало при оценувањето, и тоа само поради една причина: „нееднаквото промовирање на хомосексуалноста и половата промена“. Причината е тоа што училиштето не е во можност да обезбеди „целосно сфаќање на основните британски вредности“ и му се заканува целосно укинување, ситуација во којашто се наоѓаат уште други седум религиозни училишта во целото кралство.
 
Новата „медицина“ и стерилизација на младите

Од редефинирањето на бракот произлезе и правното и медицинското редефинирање на полот. Оттука, првата понудена предност на британските државјани, кои не се чувствувале добро во нивниот биолошки пол, била можноста да се декларираат со друг пол, преку обичен документ заверен на нотар и без никаква медицинска консултација. Како што забележува и Роз Кевенеј во „The Guardian“, „денес, во Велика Британија половата промена е толку лесна како што е и промената на името – се прави со еден обичен нотарски заверен документ“.
Половото превоспитување, кое започнува уште од раната градинка, многу деца и млади ги доведува во забуна, поради што подоцна децата посакуваат да бидат нешто различно од тоа што се, и ако не им се дозволи, се закануваат со самоубиство. За да се одговори на овие лажни потреби, медицината и биологијата повторно беа искористени. Врз основа на одредени невро-ендокринолошки студии, констатирано е дека некои луѓе се родени во погрешно тело (I’ve got the wrong body), имајќи женски мозок во машко тело, и обратно. За да се исправи оваа „природна грешка“, новата „медицина“ великодушно ги нуди своите услуги во трансгендер клиниките. Во овие клиники, по тридневно неверодостојно и лабилно психолошко испитување, пубертетот на децата и адолесцентите е ставен во процес на стопирање, за целата постапка да биде проследена со кастрација и медицинска стерилизација преку хормонски третмани и хируршки интервенции. Потполно здрави девојчиња од 13 години па нагоре, со согласност или без согласност од своите родители, се подложуваат на двојни мастектомии, им се вади матката и им се насадува машки полов орган, направен од нивните гениталии. А машките обратно, се кастрираат и им се прави женски полов орган, исто така, направен од нивните гениталии, и им се вградуваат силиконски или гради од масни ткива. И, како што покажуваат статистиките, многумина од овие несреќници доаѓаат до самоубиство.
Доктор Мишел Кретела, директор на Американското друштво за педијатрија, тврди дека овие процедури стерилизираат и касапат деца, кои пред сè, имаат одредени психолошки проблеми, и не треба ништо да се интервенира, освен, едноставно, да се остават да го поминат пубертетот.  Доктор Квентин Ван Митер, педијатар и ендокринолог со над триесет години искуство, член на Американскиот колегиум за педијатрија, универзитетски професор на два факултета по медицина во Атланта, тврди дека трансгендер медицината се заснова на идеологија, а не на наука, и дека веќе има голема финансиска поддршка од државата.

Новата полова инквизиција

Поради овие позиции, Американското друштво за педијатрија, основано во 2002 година како реакција на политиките про-ЛГБТ на Американската академија на педијатрите, која, меѓу другото, ги поддржува и хомосексуалните бракови, вакцината HPV, „заштита“ на децата трансгендер, контрацептивните методи за адолесценти итн., од страна на Јужниот правен центар за отстранување на сиромаштијата од САД е цитирано како група што промовира омраза (hate group). За развојот на медицината во САД значаен е фактот дека Американската академија на педијатри брои 60.000 членови, и претставува официјален организам што ги застапува педијатрите во САД. Додека, пак, Американското друштво на педијатри брои максимално 500 членови, и е маргинализирано и отстрането од официјалниот научен и академски живот. Според д-р Мишел Кретела, оваа разлика воопшто не е изненадувачка, затоа што во САД лекарите што не ја прифаќаат половата идеологија се отпуштени од работа и им се одзема лиценцата. Исто така, според истиот лекар, и самата биологија денес достигна повторно да биде измислена според половиот критериум. „Да предаваш денес во училиштата дека женските имаат јајници, а машките тестиси, се смета за трансфобија“, како што во одредени американски држави претставува и прекршок запишувањето на полот на бебето по раѓањето.
Камил Палија предупредува дека се инсталира една вистинска „полова инквизиција“, која преминува во санкции, приговори, контрола, опомени поради јавното изјаснување на очигледната вистина, и ги зафати сите дејности, а посебно академскиот и универзитетскиот свет, во областа на антропологијата, социологијата, психологијата, неврологијата и медицината.
Ова се само неколкуте последици од „редефинирањето на бракот“. За да си ги заштитат своите граѓани од оваа напаст, петнаесет држави, меѓу кои и седум од Европската унија, веднаш ја забетонираа дефиницијата за брак во нивниот устав како заедница помеѓу маж и жена. Станува збор за Полска, Унгарија, Хрватска, Словачка, Бугарија, Србија, Белорусија, Грузија, Летонија, Литванија, Молдaвија, Црна Гора, Украина, Ерменија и Македонија.
Можете ли да си замислите дека вашиот син или вашата малолетна ќерка еден ден можат да бидат насилно грабнати од вашите домови и да бидат пласирани за посвојување од страна на хомосексуалци и педофили, и да им се случи стерилизација или осакатување преку хемиска кастрација и хирургија, а вие да не можете ништо да сторите или да се спротивставите, затоа што така дозволува законот. Затоа, да не бидеме наивни и широко да отвориме очи кога во блиска иднина и нас ќе нè повикаат на некој референдум за промена на уставот за редефинирање на бракот, да знаеме што да одговориме – нашите деца се во прашање. А, за тоа како ќе одговориме, ќе дадеме одговор и пред Господ.

Татјана Петраке


превод од романски: о. Константин и Анка Митеви

26ти декември 2018 лето Господово

 

Извор:

(Наскоро во продажба новиот број на ПРЕМИН)

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1549
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 984
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »