логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Засакај се себе си и ќе го засакаш братот

Таква е љубовта. Тешка работа е таа. Според тоа, слушнете сега што да направите, па да завршиме. Што да правите? Да ме засакате! Пред сѐ. Знаете ли зошто? Затоа што чувствувам дека денешната емисија не ја водев добро. Но, ако знам дека ме сакате ќе сѐ смирам. Зашто знаете дека и во мене постои несигурност. Таа постои во секого од нас. Постојано се прашуваме за разни прилики. „Но, дали нè сакаат? Дали со нас е сè во ред? Дали ќе нè пофалат или не? Сите ние засекогаш остануваме деца во душата.

Дури и свештеник, ако добро одработи некоја работа и некому ја покаже, сака да слушне убав збор: „Колку добро ти испаднало, оче! Баш убаво, многу ми се допадна!“ Тоа се нарекува охрабрување. Тоа не е егоизам. Нежноста не е егоизам, нежноста, која му ја даваш на душата на некој друг. Понекогаш, ние ги заменуваме концептите и стануваме тврдокорни. И оваа тврдокорност ја нарекуваме аскеза. Се однесуваме непристапно и оваа недостапност ја нарекуваме внимателност. Целите сме „само внимание и молитва“, а всушност сме недостапни и тврдокорни. Човек доаѓа кај нас, сака да нè допре, но, тоа е исто како да допира бодликав кактус. И си заминува. Знае дека нашиот изглед и однесување се како бодликав кактус. А, ние сметаме дека тоа не прави големи аскети и старци на денешницата. Не, тоа не е љубов. И не е аскеза.

Аскетот е сладок човек. Кон себе има аскетски пристап, но истовремено се сака себе си. „Сакај го ближниот свој како самиот себе“ (Матеј 22,39), – вели Христос. Засакај го ближниот свој како самиот себе. Тука нема глагол, но тој се подразбира. За што зборуваат овие зборови? Засакај го својот брат исто онака како што се сакаш самиот себе. Дали обрна внимание на тоа? Бог сака да се засакаш самиот себе си. На друго место, Он природно, вели дека треба да ја намразиш својата душа. Што таму се има во предвид? Дека треба да ги замразиш страстите на своето срце, злобата која живее во тебе. Односно, да го согледаш својот егоизам и да го намразиш. Но, тоа не значи дека треба да се мразиш самиот себе си, затоа што твојот егоизам не е исто што и ти. Ти си она што Бог го создал. Бог не ти дал зло. Бог не ти ги дал твоите слабости. Тие се појавиле за време на твоето растење, твоето воспитување, твоето одење кон животот, пораснале од сѐ што си доживеал. Со други зборови, за да умееш да го засакаш својот брат како самиот себе, најпрвин треба да се засакаш себеси.

Сега, уште нешто и завршувам. Размисли за оние луѓе кои од некоја причина не ги сакаш доволно, за кои нема посебно место во твоето срце. Понекогаш ми велиш: овој лошо се однесуваше кон мене и затоа ме налути. Размисли за таквите луѓе во твојот живот: за роднините, за тештата која била зборлеста, која се мешала во твојот семеен живот и не ги исполнувала своите ветувања. Или размисли за својата золва која те озборувала. Размисли за нив. Зашто има и такви, зарем не? Можеби се тоа еден, двајца, тројца луѓе. Размисли за нив и смести ги во твоето срце. И почувствувај како со своето срце ги прегрнуваш, како ги примаш длабоко, како ги правиш свое друштво, ги доведуваш до Бога и ги оставаш во Негово присуство и светлина и велиш: „Господе, овие луѓе, овој човек…“ Не можеш тоа да го изговориш, а? Тешко ти е. Но, не одбиваш. Потруди се да го направиш тоа колку и да ти е тешко. Земи го тој човек и кажи му на Бога: „Боже мој, смилувај му се, помогни му. Но, најпрвин помогни ми мене, бесчувствителниот човек.“ Така речи: „Не можам да го засакам! Кажи ми, Христе, што чувствуваш кон него? Кажи ми, Христе, што чувствуваш кон него? Помогни ми, Христе мој, да го засакам како што Ти го сакаш! Затоа што Ти, Господи, сакаш, зарем не?“

Христос повторно не изговара ниту збор. Ме допира ова Христово молчење. Христос молчи, затоа што повторно е на Крстот, со молчење нѐ гледа. Сега Христос не зборува, но се сеќавам како тогаш на Крстот рече: „Оче, прости им!“ (в.: Лука 23,34). И на крстот зрачеше со љубов. Во последните моменти од Неговиот живот сета наша злоба била насочена на Него. Сета наша злоба Сме Му ја донеле, а Христос и на неа одговорил со љубов, простување, добрина и милосрдие. Така и ти постапувај. Речи: „Христе мој, оној кој ми нанесе зло, онаа која ме навреди, оној кој ме раздели, оној кој ми нанесе болка – што и да ми направат, дури и најстрашното, Те молам, помогни моето срце да стане како Твоето. И дај им на сите оние кои ми зададоа болка и кои ми направија штета, дарови од Твојата љубов. Дај им здравје, дај им радост, дај им добрина, дај им другари и другарки, дај им прекрасен живот. Немој никому да се одмаздуваш, Господе. И ако го проколнав оној кој ми посакува зло, и ако посакав да му се случи нешто лошо, и ако дознаам дека нешто му се случило, и сум сѐ израдувал во душата, сето тоа, Господи, промени го! Промени ме, Господе, направи го моето срце како Твоето, научи ме да сакам така како што Ти сакаш. Инаку, дури и ако сè исполнам, ако за сè можам да разговарам, да ги разгледам црковните теми, догматските, светоотечките, монашките, ако зборувам убаво, но, тоа не го правам, – како ќе стојам пред Тебе? Што ќе речам? Што ќе речам ако не научам да сакам?“

Направи уште нешто, Кога некој ќе те нажали, повикај го човекот кој ти направил штета во својата молитва и замоли го во молитвата кај тебе сѐ да се среди. Направи го она што го направи свети Зосим кога дозна дека еден човек го обвини. А, дали знаеш дека оној кој го обвини, неколку денови пред тоа велел: „Оче Зосиме, многу те сакам.“ А, отец Зосим му рече:

– Сега ме сакаш затоа што меѓу нас сè е во ред. А, ако се случи нешто чудно, дали ќе ме сакаш и тогаш?

– Во тој случај, оче, не знам.

– А, јас, чедо мое, ќе те сакам како и да постапиш со мене! И не само сега, кога ме сакаш и кога јас те сакам, туку и во иднина, ако се промениш кон мене, ќе продолжам да те сакам.

Така и се случило. Овој човек го наклеветил светиот Зосим и зборувал лоши работи за него. Свети Зосим дознал за тоа, но, во неговото срце не се случила никаква промена. Продолжил да го сака. И знаете светителот што направил еднаш кога го заболело окото? Го прекрстил окото и рекол: „Христе мој, по молитвите на мојот брат, кој ме клевети, излекувај го моето око.“ И љубовта направила чудо: окото оздравело.

И ти така постапувај и сè ќе биде добро. Затоа што понекогаш одмаздољубивоста, омразата, проклетствата и негодувањата водат во болести. Докторите постојано ни зборуваат за тоа, дека ракот и разните останати болести: чиреви, крварења на желудникот, хипертонија, притисок – предизвикуваат душевна напнатост. Што е душевната напнатост? Нејзиниот корен е во недостатокот на љубов. Чувствуваш во другиот свој непријател. Не чувствуваш дека сте едно, дека сме сите едно. Не сме непријатели. Зошто се разделуваме? Зошто поделби? Каде ќе бидеш за сто години ти, и каде ќе бидам јас? Нели ќе бидеме сите пред Бога? Зошто тогаш да се караме? Зошто да не се сакаме? Зошто да не простуваме? Просто сме глупаци! Глупост е да не го сакаш другиот. А, да сакаш – значи да имаш голема памет, мудрост и светост. Божествено е да сакаш.

258042.p

Архимандрит Андреј (Конанос)

 

Избор од ФБ профил на: Сузана Стефановска

22-ри јуни 2018 лето Господово

 

Друго:

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D1%98%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81&ordering=newest&searchphrase=all

1. Љубовта никогаш не ранува – Отец Андреј Конанос ...

2. Родители во пубертет – Архимандрит Андреј Конанос  ...
(Одговори на современи проблеми)
...    Друго: . архим. Андреј (Конанос): Големо нешто е да го живееш животот коj ти се допаѓа      ...
Создадено на 18 Јануари 2018
3. Архимандрит Андреј Конанос - Песната на Ангелите ...
(Полезно и Потребно)
Бог нѐ сакаше, нас, Неговите ластовици, кои умиравме од студ – студот на самотијата, меланхолијата, гревот, болката, порокот, егоизмот. Егзистенцијален студ. А Бог нѐ гледаше и велеше: Ластовички мои, ...
Создадено на 31 Декември 2017
4. Архим. Андреј (Конанос) - Како ќе реагираш ако ти причинам болка? ...
(Духовен Азбучник)
... дека го допуштил тој конфликт со цел да настане смирение и за двајцата, дека имаш една прекрасна душа и покрај грозното ти поведение." Архим. Андреј (Конанос)  ...
Создадено на 03 Декември 2017
5. Архимандрит Андреј (Конанос) - „Јас не можам да имам ништо заедничко со него“ ...
(Одговори на современи проблеми)
... да бидеш флексибилен. Тоа значи, да не се биде упорен со свое мислење, велејќи: „јас знам се‘ и не треба мене да ме учат! Тука јас поучувам, а не мене некој да ме учи!“       Архимандрит Андреј (Конанос) ...
Создадено на 18 Септември 2017
6. Архимандрит Андреј (Конанос) – Љубовта ослободува  ...
(Полезно и Потребно)
... Надвор од секое сомневање! Извор: http://pouke.org Претходно: Што е љубов? (и други текстови) – Архимандрит Андреј Конанос Превод: Младен Јовчески, дипломиран теолог Друго: Кога тагата крие ...
Создадено на 19 Мај 2017
7. Кога тагата крие благослови и дарови – Архимандрит Андреј (Конанос) ...
(Полезно и Потребно)
Денес сакам да го запаметите зборот “прикриен благослов“. Односно, благослов кој е скриен под нешто што изгледа како тага, мака, казна, проблем, трагедија итн. Во позадина на секој феномен во животот ...
Создадено на 17 Март 2017
8. Арх. Андреј (Конанос) - Пред да станеш светител... ...
(Полезно и Потребно)
... нешта. Кои не мирисаат многу на темјан. Ама те носат на Христовото пристаниште. Клинци. Без патарини, триоди, тетратки, книги итн. Архимандрит Андреј Конанос   Превод од грчкијазик: Свештеник Јани ...
Создадено на 30 Јануари 2017
9. арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не! ...
(Беседи)
... што јас патувам тука така често? Мојот живот сеедно не се менува!’’ Затоа што најважното е внатрешната промена, говори мудриот архимандрит Андреј (Конанос). Во животот се случуваат неверојатно убави ...
Создадено на 25 Септември 2016
10. Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (ΙV дел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... Андреј Конанос ✤✣✤ Меланхолијата (ΙV дел) ✤✣✤ Човекот жеднее за почит и признанија, за малку љубов и топлина. Таа потреба е многу голема, жед, глад за среќа, за љубов. Затоа си во депресија, бидејќи ...
Создадено на 12 Јуни 2016
11. Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (ΙII дел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... дека си во Неговата светлина и љубов. „Исусе, мое дишење!“, односно, не бараш, туку го живеам тоа што веќе го имам.   Архимандрит Андреј Конанос ✤✣✤ Меланхолијата (ΙII дел) ✤✣✤ Можеби Бог ти ...
Создадено на 04 Јуни 2016
12. Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (ΙI дел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... манастир   Друго: Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (Ι дел)   Друго:  Архимандрит Андреј Конанос: Покајание – слатка тага на душата (I и II дел) Архимандрит Андреј Конанос: ...
Создадено на 04 Јуни 2016
13. Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (Ι дел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... писмо и ти го видов срцето, такво какво што ми го опиша и откри.   Архимандрит Андреј Конанос ✤✣✤ Меланхолијата (Ι дел) ✤✣✤ Се молам Бог да те ослободи од депресијата која ти се прикрадува ...
Создадено на 04 Јуни 2016
14. Архимандрит Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ(1) ...
(Полезно и Потребно)
...   превод од руски: Маја Б. Архимандрит Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ(2) http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B8%D1%82%20%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%B5%D1%98%20%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81&searchphrase=all&Itemid=278 ...
Создадено на 15 Март 2016
15. Архимандрит Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ(2) ...
(Полезно и Потребно)
... некој друг, скакулците, во  еден друг има еден олук, по кој се слеваат дождовните капки и тоа го...   БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ-Архимандрит Андреј Конанос Втор дел: Важно е тоа, како ти живееш ...
Создадено на 14 Март 2016
16. арх. Андреј Конанос: БАРАЈТЕ ГО БОГ ВО СЕ ШТО ПРАВИТЕ (1) ...
(Духовен Азбучник)
-Тој живееше така разумно, и иако рано си замина, сепак сите разбаа, дека тој човек ја достигнал својата цел и многу се приближил до Бога. Затоа, браќа, прашањето не во тоа, колку години ќе живееме, ...
Создадено на 25 Февруари 2016
17. Архимандрит Андреј Конанос: Какво не е Православието (V дел) ...
(Полезно и Потребно)
Догматите може да ги знаеме како петте прста на раката, можеме постојано да се занимаваме со нив, но нешто недостасува и не можеме да ги промениме луѓето, така што да ја познаат вистинската Христова ...
Создадено на 11 Февруари 2016
18. Архимандрит Андреј Конанос: А знаеш ли што е гревот? (15.01.2016) ...
(Вести)
... тој нема да сака цигари. Тогаш, веќе нема да биде потребно да го малтретираш и да му велиш: „Доста веќе! Куќата уште од сабајле е како оџак“! Веќе нема потреба од такви потсетувања. Архимандрит Андреј ...
Создадено на 17 Јануари 2016
19. Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (V дел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... се радуваме што имаме Отец, Го најдовме Месијата, Го најдовме Избавителот. Радувај се Ти, Архимандрит Андреј Конанос ✤✣✤ Покајанието – слатка тага на душата (V дел) ✤✣✤ Ќе дојде часот кога ќе ...
Создадено на 30 Декември 2015
20. Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (IVдел) ...
(Одговори на современи проблеми)
... Андреј Конанос ✤✣✤ Покајанието – слатка тага на душата (IVдел) ✤✣✤ Ќе дојде часот кога ќе се каеме за изгубеното време ✤✣✤ Колку неродени деца очекуваат насолзени очи од родителите, а солзите уште ...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 98
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 69
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 191
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

« »