логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Св. Трифун или св. Валентин

 

„Биди мој Валентин“ или „Среќен Валентин“, се најчестите фрази кои во последниве неколку годни се прифатени, ако не и наметнати, од западната, хипереротска и консумеристичка култура. Во следните неколку дена, секој човек во Македонија ќе биде жртва на розово-црвениот еротски кич кој ќе се пласира преку средствата за масовна комуникација.

Од друга страна, нималку помалку патетични ќе бидат повиците на оние „чувари на Православието“ кои ќе се колнат во својата светопреданска вера, и екстатично ќе се подготвуваат за развратни турбо-фолк пијанки налик на оние античките пирови во чест на Дионис, говорејќи дека само така достојно се слави Трифун пијаницата.

А ниту едните, ниту другите го слават светиот свештеномаченик Валентин, односно светиот маченик Трифун. Попрво се слави култот кон „светите“ пред-христијански демијурзи: себељубието, среброљубието, сластољубието. Односно, луѓето се слават себе си и своите страсти.

Но, како започнува целата приказна?

Светиот свештеномаченик Валентин е реална, историска личност, сведок [маченик] за Црквата, која и го слави неговиот спомен на 12 август (30 јули ст.ст.). Свештеномаченик Валентин, епископ Интерамски, пострадал за време на острите гонења на Раната Црква од страна на императорот Клавдиј, во 270 година по Христа. Како и другите маченици, тој со крв ја посведочил својата љубов кон Спасителот, но љубов – која не е од овој свет, која е надумна, и единствена вистинска.

Но тогаш, ако св. Валентин пострадал на 12 август, зошто на Запад неговиот празник се слави на 14 февруари?

Римската Црква пред схизмата, соочена со искушенијата на паганскиот светоглед и стил на живеење, а грижејќи се за спасението на нејзините верници, одлучила да го охристови празнувањето на таканаречените „луперкалии“, еротски празнувања во чест на волците и божицата Јуно Фебруата. Луперкалиите се случувале токму на 14 февруари во Рим, при што се принесувала една коза како жртва на богот на волците. Со крвта од закланата коза се премачкувале неколку разголени момчиња, кои подоцна се враќале меѓу народот, мавајќи ги луѓето со ремени од козја кожа. Примениот удар со козја кожа се сметал за голем „благослов“ и ветувал среќа во љубовта и големо потомство. Другиот празник пак, се прославувал така што во една торба се пишувале имињата на сите присутни на прославата, и секој имал право да извлече едно ливче. Оној чие име, односно ливче биде извлечено, требало да блудствува со оној од кого бил извлечен.

Црквата во Рим одлучно се спротивставила на оваа погубна пракса, и го вовела прославувањето на споменот на св. Валентин на истиот ден со луперкалиите. На местото безбожните ритуали, Црквата го поставила идеалот на љубовта кон Бога, и уште поважно, љубовта кон ближниот, како небоземна љубов, до смрт. Алудирајќи на преписката на свештеномаченикот Валентин со слепата девојка Јулија која ја поучувал во откровенските тајни на верата, а која по неговите чудотворни молитвни прогледала непосредно пред неговото мачеништво, Црквата понудила замена за бесовската игра: наместо планираното извлекување на имиња од торба да се искористи за блудничење, секој требало да ја посведочи љубовта во Христа кон ближниот чие име го извлекол преку добро дело.

Токму затоа оваа традиција за испраќање на картички за св. Валентин толку долго останала врежана во подземните токови на народната побожност на Западот.

Ситуацијата е малку различна, но во суштина иста, на Истокот. Младиот и сиромашен чувар на гуски, Трифун, врз кого почивала божјата благодат ја исцелил ќерката на царот Гордиј од лудило, за што бил богато награден од царот – богатство кое Трифун го разделил на сиромасите. Подоцна истиот бил мачен и убиен од царот Декиј, затоа што одбил да принесе жртва на идолите.

Славењето на неговиот спомен се одржувало во периодот во кој се закровувале лозјата и бил прославуван богот на виното. Паганските обичаи биле душепогубни – пијанки, блуд и оргии биле само некои од модусите на таа прослава, на која ѝ претходело принесување на крвни жртви. Црквата, грижејќи се за спасението на луѓето, одлучила да го охристови денот, и по литургиското прославување на споменот на светиот маченик Трифун, народот и свештениците да одат во лозјата, кои би се закроиле со молитва за благослов, наместо со попрскување на крв од жртви и пирување.

И оттука произлегува верувањето дека св. Трифун е заштитник на лозарите.

За жал, во последниве неколку децении, таткото на лагата и перверзниот вистиномразец повторно од корен ги разхристовува овие обичаи, заменувајќи ги со кичот од црвени мечиња и разголени купидони кој владее на Запад, а полека се пренесува и кај нас, но и со богохулните пијанки во чест на Трифун пијаницата. Секоја година сè повеќе се враќаме кон паганските корени.

Христијанската надумна љубов, која и двата маченици ја сведочеле до крв, се чини подзаборавена, но и несакана, излишна, неподобна. Како Христијани, на нашето патување од историјата кон есхатонот повикани сме да Го сведочиме Христа секојдневно, преку покајно благодарење и жртвена љубов, по примерот Христов Кој на крстот се распна заради нас.

А младиот човек денес, одамна отстранет од земјата на живите, од Литургијата, која единствено е способна да го сообрази на Праобразот, и да му ја покаже Љубовта која „никогаш не престанува“, бесцелно и слепо трага по „нештото“. А таа потрага, верувам дека ќе заврши тогаш, кога тој ќе сфати дека не трага по „нешто“, туку по „некој“, а Тој „некој“ е Оној за Кого своите животи, меѓу многуте други чии имиња се напишани на небесата, ги положија и светиот маченик Трифун Чудотворец, и светиот свештеномаченик Валентин Интерамски

. МЈИзвор: http://pravoslavie.mk. рочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sveti-trifun-valentin/ .



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 152
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 104
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 248
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »