логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Еден маж дојде дојде до мојата келија, кажувајќи ми дека поради расправите со неговата жена станал многу депримиран. Но, за мене тоа не беше голем проблем. Тој се мрштел заради едно, жена му заради друго, па не можеле да бидат заедно. Во овој случај беше потребно мало „полирање“.

На пример, видете ги необработените даски: една има клопче ваму, друга – таму, и ако сакаш да ги составиш, меѓу нив ќе има празен простор. Но, ако ги избрусиш и исполираш и двете даски, процепот меѓу нив нема да постои (старец Паисиј верувал, меѓу другото, дека сопружниците треба да имаат заеднички духовен раководител кој би се грижел за разрешување на ваквите расправи). Некои мажи ми велат: „Не сме ‘компатибилни’, не сме усогласени, со жена ми, имаме целосно спротивни карактери! Зошто Бог прави да е вака чудно? Зар не може Тој да ги усогласи сопружниците, за нивните карактери да бидат слични, и да можат да живеат во духовен склад?“

Им велам: „Зарем не сфаќате дека Божјата согласност лежи во различните карактери? Различните карактери се усогласуваат меѓусебно. Бог да ве чува од тоа да бидете исти! Замисли што ќе се случи ако и двајцата сте лути: би ја уништиле куќата, станот! Или, ако и двајцата сте нежни и неактивни, и двајцата ќе заспиете еден врз друг! Ако и двајцата бидете скржави, ќе има согласност меѓу вас, но и двајцата ќе завршите во пеколот. Ако и двајцата, пак, сте растурикуќи, нема да го сочувате домот, а децата ќе завршат на улица“.

Ако еден човек е нервозен и се ожени со жена која, исто така, е нервозна, ќе бидат слични, нели? Но, ќе се убијат еден со друг за само еден ден! Бог устроил така што нежниот и пофиниот сопружник може да му помогне на другиот; од кај знаеме, можеби и другиот би бил подобар кога би имало кој да му помогне? Дури и малите разлики во карактерот можат да помогнат сопружниците да обликуваат складно семејство, зашто на тој начин тие се надополнуваат.

Кога возиме, потребна ни е педала за гас за да се движиме, но и кочница, за да закочиме штом тоа е потребно. Ако имаше автомобили со само една педала – за кочница, автомобилот никогаш не би се придвижил. И обратно: сѐ да има во автомобилот, а да нема кочници, тогаш автомобилот нема да сопре никогаш. Знаете ли што им реков еднаш на едни маж и жена? „Не сте еден за друг, зашто премногу сте слични еден на друг“. И двајцата беа пречувствителни. Нешто се случило, и двајцата си помислиле: „Оф, што ли нѐ задеси сега, кутрите нас?“ И двајцата си помогнале час поскоро да паднат во очај. Не можел ли тој, на пример, да ја смири неа велејќи ѝ: „Чекај, не е ништо страшно.“

Ова се случува во многу бракови. Исто е и со воспитувањето на децата; кога родителите се со различни карактери, тие се поправаат меѓусебно. Едниот ќе рече „да му дадеме малку простор да здивне на детето“, и другиот (можеби неволно) ќе се согласи. Ако и двајцата се строги, ќе го изгубат детето. Но, ако и двајцата се прелиберални, повторно ќе го изгубат. Кога не се „компатибилни“, родителите успеваат да ги сочуваат децата во рамнотежа.

Св. Паисиј Светогорец

Извор : Агапи.мк



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 400
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »