логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Оној, којшто неправедно постапува, но и воопшто секој, којшто е виновен, кога нема да побара прошка, бива мачен од совеста, а освен тоа и од негодувањата на човекот врз којшто извршил неправда. Бидејќи ако оној, врз којшто била извршена неправда, не му прости и ропта во своето срце против него, тогаш неправедниот силно се измачува и страда. Не може да спие спокојно. Небаре го удираат бранови и го расфрлаат натаму-наваму. Чудно е тоа како тој бива известуван внатрешно за негодувањето на својот ближен! Така и ако човек сака некого и има убави мисли за него, другиот бива известен внатрешно за тоа. Така е и во случајот со неправедниот. Возмутувањето и негодувањето на оној што е онеправден сосема го сосипуваат. Дури и да е далеку, било во Австралија, било во Јоханесбург, не може да најде спокој, кога поради него душата на другиот негодува.– Оче, а ако неправедниот е бесчуствителен?

– Мислиш дека бесчувствителните не се измачуваат ли? Најмногу што можат е да прибегнат кон забава, за да се самозаборават.

Можно е, исто така, онеправданиот да му простил на виновниот, но во душата да му останало мало негодување. Тогаш и самиот тој се мачи до некаков степен, но виновниот се измачува многу повеќе од негодувањето на другиот. Но, ако виновниот побара прошка и онеправданиот не му даде, тогаш пак тој се измачува. Нема позапаллив оган за душата од внатрешното горење на совеста. Уште во овој живот душата бива измачувана и јадена од ‘црвот што не заспива’, но уште повеќе во другиот, вечниот живот, ќе биде разјадувана од него. И тоа ќе се случи, ако човек не се покае во сегашниов живот и не се оддолжи на луѓето за своите неправедни дела, макар и да го направи тоа само со добра намера, ако не е возможно на друг начин.

Се сеќавам колку многу се измачи на крајот од својот живот еден адвокат, кој беше извршил многу неправди. Тој си ја вршеше својата профестија во една област каде што живееја многу сточари. Таму, природно се случуваше земјоделците честопати да имаат штета од животните. Притоа, многумина од пастирите прибегнуваа кон тој адвокат, затоа што со лукави аргументи ги убедуваше и агрономот и судијата. Така кутрите земјоделци честопати не само што не добиваа отштета за штетата на нивните посеви нанесени од стадата, туку и си отвораа поголема белја. Сите го познаваа тој адвокат и ниту еден чесен човек не одеше кај него.

Забележите дури што го посоветувал тамошниот исповедник еден благочестив овчар.Тој благочестив овчар имал мало стадо и една кучка. Еднаш, кога кучката родила, тој ги раздал кутрињата и ја оставил за себе само мајката. Во исто време се загубила една овца, која оставила мало јагненце, кое сеуште цицало. Бидејќи немало мајка, тоа трчало по кучката и цицало од неа, а таа исто така чувствувала олеснение. Така двете животни се навикнале и се наоѓале едно со друго. Кутриот овчар, колку и да се обидувал да ги раздвои, тие пак се соединувале.

Бидејќи овчарот бил благочестив човек, помислил да го праша духовникот дали на крајот од краиштата месото од јагнето е добро за јадење или не. Исповедникот, имајќи ја во предвид и бедата на овчарот, размислил малку и му рекол: „Тоа јагне, чедо мое, не бива да се јаде, затоа што цицало од кучката, но знаеш ли што ќе направиш? Бидејќи сите останати овчари одат при ете тој адвокат и му даваат за подарок јагниња и сирење, однеси му го и ти тоа јагне да го изеде. Само тој може да го јаде, затоа што сите луѓе знаат дека е неправеден“.

Кога тој неправеден адвокат веќе остарел и паднал во постела, со години бил мачен од кошмари и не можел да спие. Добил и хемиплегија, та не можел ни да зборува. Исповедникот се обидел да направи така што барем да ги напише своите гревови, но адвокатот загубил контрола и над своето тело, така што се наложило да му ја чита молитвата на седумте отроци над немоќни и оние без сон, за да ги затвори очите за малку и да поспие.

Му прочитал и заколнувачки молитви, за малку да се успокои. Така и починал, и да се помолиме Бог навистина да го упокои.

– Оче, многумина веруваат дека им направиле магија. Имаат ли магиите сила?

– Ако во човекот има покајание и се исповеда, магиите немаат сила над него. За да фати магијата, човек треба да дал некакво право за тоа. Некого да онеправдил, да навредил, на пример, некоја девојка итн. Тогаш ќе треба да се покае, да побара прошка, да се исповеда и да го поправи тоа што го направил. Зашто инаку, дури и сите свештеници да се соберат да му читат заколнувачки молитви, нема да ја растурат магијата. Но, дури и да не му направиле магија, само гневот на онеправдената душа е доволен за тој да се измачува.

Постојат два вида неправедност – материјална и морална. Материјалната е кога некој онеправдува некого во однос на материјалното. Морална е кога, на пример, некој излаже некоја девојка, а ако таа е и сираче, тогаш на својата душа си става пет пати поголем товар. Знаете ли како за време на војна куршумот ги брка неморалните? Таму јасно се гледа Божјата правда и Божјата закрила. Војната не трпи бесчестие и неморалниот човек го наоѓа куршумот. Еднаш, нашите две гарди одеа да заменат еден баталјон. Но, меѓувремено нѐ нападнаа и влеговме во борба. Се сеќавам од тој баталјон на еден, кој претходниот ден беше извршил бесчестие – беше силувал една бремена жена, кутрата. Така во таа битка само тој беше убиен! Навистина страшно! После тоа, сите велеа: „Какво животно, си го доби заслуженото!“ Особено оние, коишто лукавствуваат, коишто гледаат да се извлечат од тука, да се откраднат од таму, на крајот токму тие биваат убиени. Забележано е дека тие, коишто имаат силна вера и живеат чесно и благочестиво, нивното чесно тело бива запазено од непријателскиот оган повеќе, отколку ако беа носеле честица од Чесниот Крст. 

Извор: Несправедливият се измъчва

Prezemeno od:

https://maranata0.wordpress.com/2015/12/07/%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b5-%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b0%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »