логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 




Литија

 Кога го прашале авва Сисој како можеме да се ослободиме од нашите страсти, тој одговорил: „За да си ја соблече старата кожа, змијата треба да мине низ еден отвор. Таа дупка, низ која по секоја цена треба да минеме – инаку не бива, таков е духовниот закон – за да ја соблечеме старата одежда на распадливоста, е отворот на аскезата. Но, ќе ми речете: „Оче, вие во манастирите сте добри, калуѓери сте, сте дале завети за девственост, послушание, нестекнување, правите бденија, едно, друго, но ние сме во светот. Како можеме да се подвизуваме?“

  • Се сеќавате ли што му рекол авва Лонгин на еден брат? Пушти крв и прими Дух! Задолжително, како што вели и св. ап. Павле во посланието до Евреите, без пролевање на крв, нема прошка. Во Новиот завет пролевањето на крвта на животни е укинато и праобразот ѝ го отстапил своето место на суштината. Сенката ѝ отстапила место на благодатта – ние треба да пролееме друга крв, т.е. (духовно) да се заколеме себеси, своите желби, што е најтешка жртва, тоа е нашето осветување.

  • Се разбира дека понекогаш нам самиот збор „подвиг“ ни предизвикува алергија и велиме: „каков подвиг да правам сега, каква е мојата мера – не можам ниту да постам, ниту да не спијам, ниту ништо!“ И без да побараме да ги видиме нашите можности и што можеме да правиме, очајуваме и отфрламе сѐ. На тој начин ниту себе се оправдуваме, ниту телото на Црквата, кое од нас очекува да се осветиме. Ние правиме неправда врз самото Воплотување на нашиот Господ и со животот и онтолошки се откажуваме од Него – зошто Христос станал Човек? Токму затоа што ние не сме можеле сами да ја соблечеме оваа одежда на распадливоста, Тој ја облекол нашата одежда на распадливоста без грев, за да ни помогне. Тоа е како кога дедото, којшто не може да оди, го фаќа ќерка му, син му, некој друг, којшто може – на ист таков начин Христос нѐ грабна под мишките – целата човечка природа – за да нѐ одведе до Својот Отец небесен.

  • Ние треба да го побараме начинот на којшто ќе се подвизуваме. „Само секој нека постапува така, како што му определил Бог, како го повикал Господ“ (1Кор. 7,17) – вели св. ап. Павле. Тоа е реалноста. Ние во манастирите се подвизуваме полесно и полесно можеме да ги победиме нашите страсти, зашто ги немаме надворешните околности да ни пречат и да ни ги врзат рацете и нозете. Вие, во светот, имате цел куп препреки; монашкиот живот не е тежок. Јас потполно верувам, и Отците го велат тоа – кој сум јас да верувам, но таква е реалноста, дека животот во светот е тежок – вашиот живот е тежок и побарува повеќе жртви. Ние не треба да жртвуваме многу нешта – само нашата волја. Вие кон колку световни работи треба да се подвизувате, за да ги отфрлите! Но и покрај ова, најмалиот подвиг што вие ќе го направите, богољубието коешто ќе го покажете, Христос ќе го прими како илјада наши подвизи. Еден ваш подвиг ќе биде еднаков на илјада наши. И со тоа едно нешто вие може да се спасите – со една лепта да влезете во рајот, а ние со илјади милиони лепти може да останеме надвор од рајот. Зошто? Зашто кој многу знае, од него Господ многу и ќе бара. Јеромонах Атанасиј Симонопетриски

Извор: http://agapi.mk/kako-da-se-podvizuvame/

14-ти ноември, лето Господово 2014



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 98
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 69
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 191
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

« »