логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

     

Необичен просјак
дек19 by Маран Ата    

Сите зборуваа убаво за Ава Агатон. Тоа го признаваа дури и ѕидовите. Како повторно не се појави еден таков свет човек меѓу подвижниците?!

- Така е како што ти велам. Ава Агатон е нешто посебно, – постојано велеше стариот Аврамиј, трговец од Александрија. А Јаков го слушаше восхитено:

- Пред некој ден, – продолжи стариот Аврамиј, – кога отидов да купам корпи од пустињаците, го затекнав Старецот меѓу поклониците и монасите. Прво бев во недоумица: Кој е овој што зборува? Ава Агатон, ми рекоа. Ама не личи на Ава Агатон. Не може да биде Ава Агатон толку обичен. Па сепак, тоа беше Старец по мудрост. Облеката му беше едноставна, лицето светло и јасно како кристална вода врз која безгрижно блеска сонцето. Зборовите му беа слатки како мед, наоколу ширеа спокој. Зборуваше за љубовта, а очите му сјаеја. Во гласот му се слушаше копнеж на човек  кој знае да љуби. Малку понатаму седеше еден млад монах со убаво, ведро лице, кој мошне скромно побара дозвола да праша:

- Кажи ни, Старче – рече младиот монах – како може да се покаже оваа љубов кон нашиот брат?

Тогаш Авва Ататон заблеска од светлина која ги преплави и  сите ги магепса.

- Љубовта, дете мое, – одговори Старецот, – е тоа да најдам еден лепрозен, да му го дадам моето тело, а јас да го земам неговото.

- Овие зборови на Старецот нé потресоа. Никој од нас не можеше да каже нешто, – рече стариот Аврамиј и замолкна.

- Никогаш не сум чул такво нешто – рече Јаков, а стариот Аврамиј, со солзи во очите, продолжи:

- Со години одам кај подвижниците, но сеуште не сум сретнал таков човек, кој за своите браќа би го дал дури и сопствениот живот.

- Слава Му на Бога Кој и денеска има такви луѓе! – додаде Јаков.

- Слава Му илјада пати! – се сложи стариот Аврамиј.

- Разговорот нé занесе, а работата нé чека. Довидување! – рече Јаков и стана да си оди.

- С Богом. Среќен пат! – рече стариот Аврамиј.

Двајцата пријатели се разделија и секој појде по својот пат.

Денот одминуваше и околу пладне, од северниот дел на градот, кој гледа кон пустината, пристигнаа неколкумина сиромашни пустињаци за да продаваат корпи на главниот пазар. Меѓу нив беше и Авва Агатон. Одеше молчејќи, натоварен со преубаво изработени корпи, кои беа рачна изработка на монасите. Ги продаваа по градовите и од тие малку пари што ќе ги заработеа, можеа да се издржуваат. Старците влегоа во градот, а народот ги поздравуваше со „благослови“. Секој го зазеде своето место, а последен од сите беше Авва Агатон.

Но, одеднаш, таму каде што застана, еден сиромашен старец, кој не можеше дури ни да оди, плачејќи му рече на Старецот:

- Не оставај ме, Авво. Пушти ме тука блиску до тебе, немам никого на светов. Ете, ќе седнам овде и воопшто нема да ти пречам.

- Со сето срце, – рече Старецот и ги нареди корпите покрај себе.

Набрзо корпите на Авва Агатон, исплетени грижливо и со љубов, почнаа една по една да се продаваат.

- Колку пари заработи, – дофрли просјакот некако чудно.

- Три парички, – рече едноставно Авва Агатон, не возбудувајќи се заради оваа контрола од необичниот просјак.

- Тоа е мошне многу, – повторно се јави просјакот и продолжи – Купи ми малку леб, затоа што со денови ништо немам јадено.

- И тоа ли те загрижува? Веднаш ќе купам, – рече Аввата и отиде да ја исполни неговата желба.

Набрзо просјакот јадеше топол леб од раката на Старецот. Времето минуваше, а Авва Агатон продолжи да ги продава оние малку кошници што му преостанаа.

- Колку парички имаш Аво, – одеднаш праша просјакот.

- Мислам дека повторно три, – одговори љубезно Старецот.

- Ќе ми купиш ли малку овошје и слатки од оние на пазарот? – праша просјакот.

- Од сé срце, – рече Старецот и по вторпат отиде да купи овошје и слатки за необичниот просјак.

Малку подоцна просјакот го јадеше последното парче слатко, а Старецот се подготвуваше да се врати назад во својата колиба, без воопшто да се лути што сите свои пари ги даде за љубовта кон братот. Меѓутоа, сето тоа го правеше услужливо, иако долго време потоа нема да има ниту парче леб.

- Сега ќе си заминеш? – праша просјакот.

- Треба да се вратам назад во пустината, – рече Аввата.

- Тогаш, ќе го побарам и ова од тебе. Однеси ме од овде до главниот пат, па од таму оди кон пустината.

- Од сé срце, – одговори Авва Агатон и насмевнувајќи се го префрли просјакот на грб.

Нозете не го слушаа и бидејќи уште од утрото беше многу уморен, едвај одеше. Кога со необичниот просјак на својот грб се добра до главниот пат кој води кон пустината, се подготвуваше да го остави тука. Но, одеднаш небесен глас исполни сé:

- Благословен да си и на земјата и на Небото.

Еден ангел, облечен во бело, со наоѓаше на местото на неугледниот просјак, облеан во светлина и божествена благодат. Беше дошол од Божјиот Престол за да го искуша срцето на смирениот Агатон, бидејќи Бог го овенчува трпеливиот човек и богато го дарува со Својот благослов.

Извор: НЕОБИЧНИ ПРОСЈАК

 

 Преземено од : Маран Ата

10-ти март, лето Господово 2014

Друго:

 Старечник

Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бог, а јас не сакам да бидам одвоен од Бог.“

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »