логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 ivica.bdenie.jpg

Преставата за Севишниот во светите книги на Стариот и Новиот завет и во Кур'анот   (догматски компаративен пристап како основа за теолошки дијалог и осознавање на мудроста на соживотот)

 

      „Дијалогот помеѓу христијаните и муслиманите е невозможен!“ – Оваа мисла ја повторував многу често откако ќе имав, формален или неформален, дијалог со некој преставник од муслиманската верска традиција. Сигурно ќе се запрашате зошто ја повторував оваа мисла? Ќе ви одговорам. Затоа што христијанството и исламот, колку и навидум да одаваат некаква сличност, всушност се два сосем различни верски системи. Особено, нивната привидна сличност,  прави уште поголема збрка.

На пример, ќе се отвори некоја тема поврзана со Исус или Иса. И христијаните и муслиманите се сложуваат во тоа дека Тој е оргинална и неповторлива Личност, дека е Месија/ Месих, дури и дека Тој е Логос/ Збор/ Рјеч Божја (Евангелие според Јован, 1, 1 – 18; Сура 4 (Жени), ајет 171), но веднаш по тоа следат примедбите од муслиманска страна дека Тој не смее да се нарекува „Син Божји“, дека Тој е обичен пратеник/ пејгамбер, дека не е Спасител на човештвото од злото, гревот, смртта и сотонското ропство. Потоа следат забелешките од христијанска страна – и така со векови наназад.

Ќе го наведам и примерот со описот на „првиот/ првородниот грев“, односно, со она што ние христијаните го нарекуваме отпаѓање на човештвото од Творецот, во лицето на нашите прародители Адам и Ева, преку нивното „инфицирање“ со најстрашната духовна заразна болест во сите нивоа на постоење, со злото. И христијаните и муслиманите се сложуваат за постоењето на овој трагичен момент за човештвото. И едните и другите се сложуваат дека Адам и Ева се учесници во овој настан, но кога за овој настан ќе се прочита сведоштвото во Првата Книга Мојсеева. 3, 1 – 24 и сведоштвото во Кур'анот, сура 7, од 14 – 26 ајет се забележува голема разлика. Особено ако внимателниот истражувач се нурне подлабоко во разбирањето на проблемот на злото во муслиманската теологија – тогаш нештата стануваат неспоиви со христијанското разбирање за истиот проблем.

Не случајно ги наведов горенаведените нешта. Затоа што тие нешта се кључни, според мене, за разбирањето на христијанството и исламот. За еден христијанин ОТКРОВЕНИЕТО/ ОБЈАВАТА Божја, запишана во светите книги на Стариот и Новиот Завет, има за цел спасение/ ослободување на отпаднатото човештво од сотонското ропство, злото, гревот, духовната и телесната смрт. Сите пророци во периодот на Стариот Завет, од Адам до Јован Кристителот, биле во функција на исполнување на Божјиот план/ промисла за спасение на светот преку спасителната и искупителната мисија на Месијата (Помазаник/ Христос).

Кога еден христијанин го чита Кур'анот, иаку во него ги среќава истите имиња како во светите книги на Стариот и Новиот Завет - па дури и тврдењето дека Куранот ја продолжува Објавата Божја од Тората/ Теврат и Евангелието/ Инџил – тој приметува дека основната порака во Кур'анот не е спасението на човештвото од сатаната, од злото и неговите последици туку сведоштвото за тоа дека Аллах/ Бог е Еден и Единствен Суверен/ Господар на се' и секого (сура 5, 17 и 18 ајет; сура 4, 171 ајет). И христијаните во потполност се сложуваат со вистината дека Творецот е Еден и Единствен, дека е Вечен, трансцедентен, дека е Суверен, дека е Цар, но, и дека Тој е наш Небесен Отец, дека Тој од љубов не' приведе во постоење, дека Тој не' сака никој да загине од злото и сака сите да остварат спасение, односно, ослободување од сотонското ропство, злото, гревот и смртта, и да ја познаат вистината за постоењето (1. Тимотеј. 2, 4).

 

 Како сведоштво за оваа вистина прекрасно сведочат зборовите на Месијата запишани во Евангелието според Јован:

„13 Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.

14 И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,

15 та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.

20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави.

21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.  ( Јован. 3, 13 – 21)“

 

Од горенаведеното може да се закључи дека во однос на преставата за Творецот се формира и доживувањето за Него. За христијаните Творецот/ Севишниот/ Бог е нивен СПАСИТЕЛ/ ИЗБАВИТЕЛ/ ОСЛОБОДИТЕЛ, но и нивен животодавен љубовен извор и смисла во вечните перспективи на постоењето во Царството Божјо. Тие се осведочени дека во процесот на спасението на човештвото учествуваше беспочетниот Небесен Отец преку испраќањето на Неговото совечно Слово и преку силата на Духот Свет. И затоа за христијаните не преставува никаков проблем Едниот, Единствениот и Вечниот да го доживуваат и да го исповедаат како Небесен Отец Кој има свое совечно Слово/ Логос или совечен Единороден Син и свој совечен Дух Свети/ Рухул Кудс – на арапски.

Но, за разлика од христијаните, муслиманите својот однос кон Творецот – пред се и над се – го изразуваат преку својата покорност пред Него! И затоа што тие во таа покорност  ја доживуваат универзлната спасителната милост на Севишниот - за еден преставник на исламот Едниот, Единствениот и Вечниот е ЕДЕН, а Мухамед е Негов последен пророк и со тоа секое друго доживување за Творецот престанува.

 И, според мене, тука завршува дијалогот за тоа кој, како и на кој начин го преставува и доживува Творецот. Ако еден христијанин го напушти христијанското преставување и доживување на Творецот – тој ќе престане да биде христијанин. Истот важи и за муслиманите. Но, ако ни заврши дијалогот за Творецот, тогаш, што ни останува. Ни останува следното нешто, а за кое премудро не поучува нашиот Јешуа/ Исус/ Иса преку својата парабола:

 25 И ете, стана еден законик, искушувајќи Го (Исуса) , рече: „Раби, што треба да направам за да наследам живот вечен?” 26 А Тој му рече: „Што е напишано во Тората (Законот)? Како читаш?” 27 Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!” 28 Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.”  29 Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?” 30 Исус му одговори и рече: „Еден човек (евреин), додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. 31 Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник (еврејски) и, кога го виде, го одмина. 32 Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и го одмина. 33 Еден, пак, Самарјанин (самарјаните биле во непријателство со евреите), кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. 34 И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. 35 А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.' 36  (тогаш Исус го запраша законикот): Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?” 37 А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.” Исус му рече: „Оди и ти прави така!” (Евангелие според  Лука. 10, 25 – 37)

 Значи, ни останува да дијалогизираме за неговото величество – нашиот ближен! Всушност, овој проблем, односот кон ближниот - кон различниот од нас, е клучниот проблем со кој се соочуваат верниците, од сите верски традиции,  со векови наназад. Според мене, горенаведената парабола на Месијата, е најдобар пример за тоа како еден верник треба да го гради својот однос кон својот ближен. Во неа децидно ни се разјаснува дека нашиот ближен, не е само оној кој е еднаков со нас по крв, вера, идеологија, туку оној кој е БЛИСКУ до нас – во најбуквалната просторна смисла на зборот. Всушност, Месијата не' поучува дека ние како верници, како Негови ученици, не треба да формираме во себе некаква апстрактна љубов кон целото човештво, а конкретно да го мразиме оној кој ни е најблиску до нас –  без разлика кој и да е тој. Оваа заповед на Месијата, или ако сакате – најдобрата формула за соживот, за конкретна љубов, грижа, разбирање кон оној кој е во наша близина - е најдобрата можност да се провери плодот на нашата верност и љубов кон Творецот, но и плодот на нашиот искрен љубовен однос кон ближниот. Крајно е противречно некој да се повикува на љубов, верност, покорност кон Творецот, а во исто време да негува деструктивен однос кон Божјите созданија. Па затоа светите отци и учители на Православната Црква со векови предупредуваат дека љубовта и грижата кон ближните е всушност најдобар показ, доказ и проверка за нашата вера, љубов, посветеност и покорност кон Творецот. Но за жал, многумина, од оние кои себе си се декларираат како верници – од разните верски традиции - , не успеваат да ја поминат успешно оваа проверка на љубовта кон ближниот. Според мене, една од причините, зашто многумина од верниците не успеваат  да ја поминат оваа проверка на љубовта – особено во ова наше време – е проблемот на крајно комплексното формирање на идентитетот кај една личност. Во исто време, денес, една личност е дел од некаква конкретна нација, од некаква идеолошко - политичка матрица, од некоја верска традиција. .и од многу други нешта. Всушност, овие многу други нешта, често успеваат да го задушат или деформираат верскиот идентитет кај една личност. И како последица на ова се случува личности, со загушен или деформиран верски идентитет, да направат такви злодела во името на „својата вера во Бога“ што и самиот сатана/ шејтан да го оставаат збунет. И потоа, овие злодела и деструкции, создаваат толку голема недоверба помеѓу верските заедници – што и вековите не успеваат да ја надминат. Всушност, и современата криза во меѓуверскиот и меѓуетничкиот живот, како во нашиот рагион – така и во светот,  е само ехо од далечните и блиските ЗЛО – ДЕЛА направени против ближните, а во името на „верата  во Бога“!

Има ли излез од оваа крајно итро поставена сатанска/шејтанска стапица? Има, но само за  верниците кои својот личносен идентитет го утврдуваат со искрената љубовна предаденост и покорност кон Севишниот. Сите оние, кои својот верски идентитет го имаат само како декор во однос на својот национален, идеолошки или политички идентитет – тешко можат да се провлечат низ оваа стапица.  Ебу Хамид ел Газали ќе напише: „Ние баравме знаење заради друга цел, а не за Божјата. Но така, самото знаење одби да биде барано!“ Јас би ја парафразирал оваа мудра мисла на Ел Газали во контекст на соживотот и би рекол дека ВЕРАТА, ако се користи за други цели, освен за да му се СЛУЖИ на Севишниот и Ближниот, ќе започне да одбива да бида барана од луѓето – затоа што тие истата ја осквернуваат со тоа што во името на нејзиниот авторитет му служат на непријателот Божји – на сатаната/ шејтанот, а не на самиот Бог. И затоа денес огромен процент од нашите современици одбиваат да ја БАРААТ ВЕРАТА, затоа што многу често пред своите духовни очи ја имаат осквернетата карикатурална вера, а не онаа ВЕРА која не' приближува кон Творецот и го осмислува нашето постоење, како во овој свет – така и на вечен план!

Во ова име, во името на зачувување на ВЕРАТА – во нејзиното духовно значење и сила – јас често во меѓурелигиозните разговори повикувам на барање на модел кој ја трансцедентира рационалната ограниченост на теолошките поими и конструкции и ја отвара можноста за духовна комуникација. Ваквиот пристап не' воведува во самата срцевина на Верата, во мудроста и духовното искуство на исламскиот суфизам и православно христијанскиот исихазам. И тука нештата драстично се менуваат. Верата престанува да биде само „робување“ на буквата и рационално жонглирање со апстрактни поими, туку таа се претвара во духовна Врата низ која се влегува во еден свет, сосем различен од овој, за кого најчесто велиме дека е „наш“, а тој всушност бил само наш духовен затвор! Еве како овој пристап кон Верата го воспева во своите стихови Џелаледин Мевљана Руми:

 Нечии души се глуви – па не слушаат збор,

всушност секое говедо – има посебен тор.

Некој бега од зборот – што ќе го слушне вон,

 зашто посебен тимар – бара секој поинаков коњ.

Постојат птици на кои – им е здодевен и кафез злат

Зашто и секоја птица – си има свој сопствен Пат.

 А еве како за истото нешто не поучува светиот старец Пајсиј Светогороц:
   

Искуството ме научи дека постојат две групи на луѓе. Трета не постои. Тие, првите, потсетуваат на муви. А главна особина на мувата и е да се лепи на нечистотијата. Едноставно, мувата и нечиститијата си се привлекуваат. На пример, во една градина полна мирисни цветови, мувата нема да забележи ниту еден, туку ќе застане онаму каде има нешто труло, каде нешто скапува. И сосема природно и лагодно и е во смрдеата, а доколку би знаела да зборува и да ви одговори ако ја прашате зошто не застана на розата, таа би ви рекла: - Јас не знам како изгледа розата. Знам само каде има ѓубре, смрад, трулеж. Да, навистина има луѓе кои потсетуваат на мувите! Со самото неприфаќање и одбивање на доброто, мислат негативно и во животот ги гледаат само лошите страни. А оние другите, втората група, се токму тие што потсетуваат на пчелите, а чија главна особина им е потрагата по нешто слатко и пријатно на кое би слетале. Кога пчелата би се нашла во соба преполна ѓубре, а со парченце бонбона во еден агол, таа би ја надлетала сета нечистотија за да слета токму на бонбоната. И кога и од пчелата би побарале да ви каже каде е нечистотијата, таа би ви рекла: Не знам. Знам само каде може да се најде цвет, слад, мед. Таа, ги препознава само добрите работи во животот и ја претствува втората група на луѓе, оние сличните на неа, на пчелите.

 Кога ќе дојде некој кај мене обвинувајќи некој друг, јас најчесто им го посочувам овој пример. И велам да размисли и да одлучи во која група тој се сврстува, за полесно да се придружи на својот рој.“

- овој текст беше прочитан на симпозиумот „Исламот во Европа“ одржан во Загреб од 19 до 21 април во организација на Исламската заедница во Хрватска

 

 

презвитер м-р Ивица Тодоров



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5794
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6394
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5592
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная