логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Pimen.intervju4.jpg

МИСИЈА ОДВНАТРЕ

Колку често како Црква сме изложени на критика? Колку често таа критика е оправдана, а колку често се само шпекулации? Колку пати таа критика е само „лепење“ на етикети за конзервативност, и за загрозување на секуларизмот на државата? А како оваа критика да биде конструктивна, и како да се поправиме ако истата е однадвор, од луѓе што воопшто не доаѓаат во храмот, во Црквата, односно од луѓе до кои приказната дошла по принцип на расипан телефон? На оние кои не веруваат и не ѝ припаѓаат на Црквата, со право можеме да им одговориме дека не може нешто да ни сугерираат, и слободно може да им ја кажеме онаа кафанската гледај си ја масата. Критика одвнатре признавам, и таа да биде конструктивна, а не од типот не знам како, ама вака не. На проект со контра-проект, т.е. подобар, поквалитетен – е, тогаш, верувам, ќе тргне работата.
Но, пустото одамна ја промашивме работата, кога од пред дваесетина години се формираше првиот македонски парламент и кога седниците станаа отворени за јавноста преку телевизиските преноси. Во тоа време падна и едноумието (како што го нарекуваа во тоа време претходниот систем), а со тоа се даде простор на демократијата, па кој што сака да може да каже без да се плаши од реперкусии за кажаното. Омилена емисија ни стана парламентот, а  кога видовме и кој сè нè претставува во него, станавме експерти најпрво за политика, па потоа со текот на времето и за сè друго: од економија, до архитектура, здравство, уметност... Од тоа школо многу научивме, и сега сè знаеме. Знаеме кој каде згрешил, како требало да се постапи и што да се каже во одреден момент; па како тоа, попуштајќи, некој продал име, некој знаме, некој држава... Тука се изродија и експерти за Црквата, со познавање и критика за нејзиното уредување и внатрешна кадровска политика, но и надворешна политика со преговорите за статусот и признавањето од страна на сестринските Цркви. Тоа што станавме експерти за сè и сешто, денес го манифестираме преку коментари на вестите и на медиумските куќи, или пак со директни јавувања во емисии кои секојдневно одат во живо на радио, или на телевизија... и пак постојано се дели ум кој што и како да направи, кој треба да руши плоштад, кој кого треба да апси, а кој кого треба да тепа и да искара, да прекине преговори... Ај да земеме дека има и нешто арно во тоа, арно ама едно да не забораваме: секој што има власт има и одговорност. Лесно е да послушам кога некој дава предлог преку коментар или се јавува анонимно во некоја емисија, но ако притоа згрешам, чија ќе биде одговорноста? Моја што сум послушал и спровел, или на тој анонимниот што дал предлог. Па и ако го најдам, сигурно ќе рече „па не мораше да ме послушаш“, и ќе си спаси душа.
Кога ли ќе разбереме дека ако сакаме некоја работа да смениме, треба најпрво да имаме силна вера дека ќе биде така како што сметаме да направиме, но свесни за определена жртва на која треба да бидеме подготвени за да ја направиме! Не може да се надеваме дека само со критика и наоѓање на маани кај другиот ќе успееме да направиме и да смениме нешто. Кога веќе почнуваме да работиме на идеја за менување на нештата, треба да сме свесни и дека само одвнатре тие може да се променат.
Особено треба да сме свесни ние во Црквата бидејќи како христијани веруваме во зборовите Христови земете го Мојот јарем. Веруваме и во бројните примери каде што верните чеда на Црквата разбирале и покажале дека само на тој начин можат да се променат работите – преку земање на јаремот Христов врз себе, односно дека со свој личен пример, и одвнатре може да се подобри квалитетот, но и да се спроведе мисијата. Така во првите три века сведочеле со своите животи, јавно исповедале дека се христијани, се подложувале на страшни измачувања и не се откажувале од Бог, па на тој начин ја сведочеле силината на верата и придобивале сè побројни следбеници. Кога Црквата се омасовила по Миланскиот едикт во 313 година, оние кои сакале да направат нешто повеќе за Црквата и кои сакале да ја исправат верата и да помогнат автентично да се сочува и да се предаде на идните генерации, побегнале по пустините, ги формирале првите манастири, земале на себе подвиг на доброволно сиромаштво. Такви подвизи земале на себе и мисионерите на Црквата, оние кои подоцна добиле епитет рамноапостолни. И тие се запишале не само во книгата на вечниот живот, туку и во историјата. Такви биле и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои знаеле дека е добро да се знае и дипломатија и философија, но и дека само ако влезат во клирот на Црквата ќе можат да ја исполнат мисијата која им била доверена. Тоа го знаеле и нивните следбеници кои ги придружувале на таа мисија.
Светиот Климент можеби најдобро сфатил дека без да се земе истиот тој јарем, тешко ќе може да се заврши Христовата мисија, но и дека уште потешко ќе може да се освои плодната почва, па посеаното семе на словенската писменост да најде примена и дури подоцна да се жнеат плодовите. Планот го реализирал во две фази. Прво сфаќајќи го премудро тоа, се приклучил, та верно учел и се надградувал во верата, наместо само да стои настрана и да критикува однадвор за тоа дека не е убаво уште да владее тријазичната ерес и дека секој треба да го слушне Евангелието на свој разбирлив јазик. Но, не седел отстрана и не критикувал, туку влегол во клирот на Црквата и одвнатре се потрудил да ја научи новата азбука, да преведува книги, да пишува и поучува, да ја брани оправданоста на новото писмо, да докаже дека секој јазик е од Бог, дека нема богоизбрани јазици. А, тука сигурно не завршува неговата проекција за оваа мисија. Знаел дека тоа е само првиот дел од мисијата. Вториот бил секако позначаен. Требало да се направи терен каде што ова писмо ќе се посее, ќе заживее и ќе даде плодови. Попусто ќе било и создавањето и одбраната на писмото ако не се создал терен каде ќе се проповеда. Светиот Климент знаел дека ако не го земе јаремот на епископите и ако не стане прв словенски епископ кој ќе има свое свештенство кое ќе се користи со ова писание, и ако нема своја епархија во која ќе има власт да го спроведе она што го научил, дека тешко ќе се оствари неговиот сон и сонот на неговите свети учители. Затоа и го направил цел тој подвиг во верата, но одвнатре. Затоа сите ние денес ги уживаме благодетите на христијанството, кои тој сè под јаремот Христов и ни ги овозможи.
Споменав како функционираме ние, а споменав и еден пример за тоа како функционирал еден отец на Црквата, великот свети Климент Охридскиот Чудотворец. И повторно на нас останува, дали сакаме да се угледаме на светиот и да се поучиме од него – т.е. дека само одвнатре и со личен пример може и треба да се промени нештото и да се пофалиме пред себе и пред другите, но и од другите како конструктивни личности кои со име и презиме ќе стојат зад сè – или повторно и понатаму ќе правиме по старо, да се прогласуваме за експерти за сè и на сè, со што ќе продолжиме да се плукаме едни со други делејќи си памет и криејќи се зад псевдоними или декларирајќи се како анонимни.
 Во Православието сè уште важат, и секогаш ќе важат до исполнувањето на историјата, оние Христови зборови што ги упатил кон првите апостоли, кои пришле кон Него и Го прашале: „Учителе, каде живееш?“ – „Дојдете и видете“, одговорил Господ. Црквата е отворена за секоја личност која сака да го промени (преуми) својот живот, а со тоа и животот на ближните, а и на целиот свет во зависност од подвигот. 

 

Извор: Премин

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 845
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1119
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1065
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »