логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
„Речник на човековата  душа“ e заеднички наслов на новиот  серијал колумни на Венко  Андоновски, што премиерно
ги објавува „Нова Македонија“. Во нив Андоновски пишува за загубените вредности во лавиринтот на современото живеење

Го пишувам ова во недела, на Велигден. И немам намера да пишувам нешто делнично, туку да потсетам на важноста на светите нешта во животот на човекот, без разлика дали е верник или атеист. Без мистичното и митското, без чувството дека овој свет е вечна мистерија и тајна, а не банална, решена (макар и политичка) равенка, овој живот, без разлика дали сте политичар, бизнисмен, новинар, даскал, чевлар или невработен - не вреди да се живее.


Во шеесеттите години еден голем православен духовник од нашите балкански простори, простори интелектуално и духовно традиционално сомничаво запрашани над Европа, над тоа дали таа е извор на добро или на зло, како и над политиката што ветува рај уште на земјата, пишува:


„Царството Божјо не се гледа, вели Спасителот, а луѓето се отепаа, низ социјализми, комунизми и разни социјални движења, да го остварат Царството Божјо уште на овој свет. Култура, автомобили, гастрономија, мода, кина, театри - ете ги главните цели. Европа се отепа да произведе што повеќе, се отепа да има што повеќе храна, мода, јадење, железо, челик во светот, се отепа Европа, а сепак - и глад, и голи и сиромашни. Што е тоа?! Телесното уживање го прогласија за цел на животот, ги прогласија предметите за цел на животот, а душата ја отфрлија! А Спасителот во своето Свето Евангелие објавува дека главната вредност во овој свет е душата човечка. Ништо не е поважно на овој свет од неа. Сета земја - што е?


Тоа е страдање на гнојот. Сета земја - што е? Буниште и ѓубриште. А душата - душата е дар од небото...“


Оваа поплака е изговорена во време на еден егзалтиран почеток на масовно потрошувачко општество, кое денес, во постпостмодерната доба се соочува со својот целосен морален крах: колку повеќе луѓето имаат, толку понесреќни стануваат. Она што беше извор на огромна еуфорија, извор на чувство на супериорност поради развојот на разумот, науките и на технологијата, денес станува извор на страшен очај: бројот на самоубиствата е во пораст токму во најразвиените европски земји. Во „најрационалните“. А младите, целосно отуѓени, со своите електронски патерици за кои им сраснале прстите од „типкање“ по електронските социјални мрежи, се држат до девизата лајкувај го ближниот свој. И многу повеќе, преку разните „постови“, до - линчувај го ближниот свој (често и под псевдоним, за да се скриеш). Наместо човекољубие - човекоубие. Елиминирај го конкурентот, безмислосно, како да е само виртуелна фигура во видеоигричка. Тоа е нашето морално воспитание денес. Виртуелна сјајна реалност, а стварна бедна душа.


Кога човекот ќе се обездуши, тој станува реификуван, станува предмет. А секој предмет станува стока, односно има своја употребна и своја разменска вредност: најпросто, автомобилот има своја употребна вредност и служи за совладување далечини (рака на срце, во последно време многу повеќе служи како статусен симбол), но може и да се размени (продаде) за одредена сума пари. Ако е точно дека луѓето без душа стануваат предмети и стока, тогаш е јасно дека и ним може да им се определи разменска и употребна вредност. Не треба да се биде многу бистар ниту учен, па да се види дека тоа денес е практика - луѓето си определуваат цена и сами се продаваат за определена сума пари (од политичари, преку интелектуалци до фудбалери); ако сами не се продадат, тогаш нив ги продаваат нивните газди (трговијата со „бели робје“, експлоатацијата на деца како работна сила, трговијата со секс по борделите, или не дај боже - трговијата со органи, „продажба на човек на парче“). Но, опредметените луѓе си определуваат едни на други и употребна вредност: неретко ќе слушнеме за брак од интерес, кога партнерите се еден со друг затоа што се употребуваат. На пример, брак меѓу анонимен богаташ и славна личност; првиот го употребува вториот како статусен симбол, вториот го употребува првиот како бесконечен банкомат. Една моја познајничка, разочарана од ваквата состојба со љубовта, а соочена со понуда за брак од интерес, помирена со судбината, изјави: „Кога веќе нема љубов, и кога веќе морам секако да плачам што не ме сака, нека плачам барем во ’мерцедес’, а не во ’југо’“. Би било комично, да не е трагично. Дури, и во најобичните пријателства се гледа тоа определување цена: меѓу младите сè повеќе за „квалитетно“ пријателство се смета употребната вредност - дали родителот ти е на моќна позиција од која фајде може да види и твојот пријател или пријателка, или не!

Кога човек малку посериозно, макар бил и атеист, ќе се замисли над напишаното, станува јасно дека денешното светско морално воспитание целосно ги има исклучено сите духовни вредности од својот систем на производство на единки. Намерно ги користам термините „производство“, а не „создавање“ (креација), и „единка“ а не „личност“, затоа што „креација“ и „личност“ се нешта што му припаѓаат само на светот на митското, божественото и на светото („светото“ во поширока антрополошка смисла, како во книгите на Мирча Елијаде). Фабрикацијата, пак, (производството), како и единките, па дури и луѓето сфатени како човеколики единици (анг. units) му припаѓаат на светот на профаното; првото му припаѓа на свет што го признава Бога (во најметафоричната смисла на зборот), второто на свет што го признава само човекот: нарцистички антропоцентризам што води кон обожување луѓе како да се богови, па затоа води до Хитлер, Мусолини, Чаушеску. Ним им е потребна фабрикација на единки, а не создавање личности. Креацијата, односно создавањето, пак, се божествени работи, дури и кога ги прави човек, затоа што се создава уникатна неповторливост (на пример, Моцарт го создава својот прочуен и неповторлив „Реквием“ или Сервантес го пишува неповторливиот „Дон Кихот“). Фабрикацијата е сериско производство, сврзано со човековата рака (лат. manus) или уште полошо, со машина, која денес најчесто е политичка. И служи за прогонство на митското и на светото, а за апологија на профаното.

Прогонето е езотеричното, чувството дека светот е мистерија и тајна. Чувствата дека светот е тајна и мистерија се божествени чувства на дивинизација, а да дивинизира може само човек со срце, вера и со фантазија; наместо тоа, усвоени се рационалните и научни ставови дека светот е одговор, јасно место, решена равенка, место без тајни, а тоа е така затоа што човек се осоколил од својот разум, од напредокот на науките и позитивизмот, од чувството дека човек сам може сè, дека Бог е еден непотребен помошен реквизит во сеопштиот музеј на човековиот самостоен растеж од човек до човекобог. Таков натчовек што ќе владее еден ден и со вселената (која, патем речено, не ја создал).


Погледнете како ги воспитуваме децата: сте виделе ли вцрвени образи од срам денес? Сте виделе ли солзи на каење? Сте виделе ли радост кога ќе се појави виножито, а не само кога ќе му ја купите омилената играчка на детето преку Интернет? Уништени се (и многу ретки се) основните човекови особини, оние што ги именувавме како божествено во нас. Исчезнува разликата меѓу луѓето и сметачите. Дури и знаењето на учениците и студентите го мериме во табели и графи: на тоа нѐ научи Запад - дека сè е мерливо. Во поени. Така даваме и оцени: во децимали. Посуров инженеринг на душата - здравје. И сите напори да се врати духовноста во таквиот суров, гол, студен инженеринг се дочекуваат на нож. Затоа и се одржува пеколот земен, осветлен од неонки, дисплеи, чипови и од електронски скринови.

 Извор: Нова Македонија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5786
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6605
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6385
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5584
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная