логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Ете така. Поминаа Нова година и Божик, а со нив и целата вообичаена „ука-халабука“ околу консумеризмот, аздисаните прославувачи на „најлудата ноќ“, паганските обичаи, коледарите, огновите, бадниковите гранчиња и новогодишните елки, стариот и новиот календар, дедо Мраз и свети Николај... Секоја година, како од изгребана винилна плоча слушам едни и исти пароли, повици за бојкот на неприкладните празнувања, напамет научени наравоученија, кои со повторувањето станале клише. И не дека критика не е потребна, да се разбереме – неспорно, повеќето од наведените практики и прашања заслужуваат задлабочено опсудување. Сепак, проблемот е во нешто друго.

Проблемот е во согледувањето дека нашата благочестивост станала неизлечиво патерналистичка. Сите искази се дадени од симболичка позиција на „загрижен родител“, кој се туфка, негодува, „исправа криви Дрини“, го спасува православието... Сето тоа, ни повеќе ни помалку, на најнесоодветното место за тоа – на социјалните мрежи. Најзастапената мрежа, Фејсбук, веќе една деценија има статус на „виртуелна чаршија“, каде можат да се дознаат сите трачеви и озборувања, може да се критикува и „разобличува“ сенешто (и што треба и што не треба). Извонреден општ пример за патолошка потреба од критика е страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“, каде со по неколку извичници се лелека, се потресува и се колне за најбанални ситуации во сообраќајот. Бај-Гањовската опсесивност станува животна идеологија на многумина посветени на спасувањето на своите сограѓани од „балканскиот примитивизам“, „дивјаштвото“ и „простаклукот“. Што би рекле, според новокомпонираниот езотеричен скопски жаргон – толку многу „негативна енергија“ на едно место тешко се наоѓа. Но, вакви „ѕидови на срамот“ има низ целокупниот Фејсбук простор, вклучително и меѓу профилите од „благочестив тип“.

Токму на тие профили, православните браќа и сестри (често без да забележат) почнале да звучат како престарени „џангризала“ кои за ништо друго не знаат освен безрадосно да расправаат за еден или друг адет, острастено да се препираат околу детали од богослужбената практика, втренчено да осудуваат сѐ што излегува од списокот на допуштени форми на поведение и мислење. Луѓе кои во секојдневието со нивните „невоцрковени“ пријатели и колеги знаат да се насмеат, па дури и виц да кажат, во мигот кога ќе стапат во комуникација со останатите од „благочестивата клика“ – прифаќаат еден код на мислење и искажување кој во себе нема буквално ништо детско. Благочестивоста станува морализам со загубена смисла. Единствената поента е да се покажат колку е можно поревносни пред останатите членови на групата, која сама по себе почнала да добива контури на „револуционерен кружок“, или поточно „клуб на пензионирани револуционери“.

Мене, пак, никако не ми текнува на место во Светото писмо каде безрадосната сериозност и мрчењето за сенешто – се наведуваат како предуслови за влез во блажениот живот. Напротив, се сеќавам на Господовите зборови: „Ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно“ (Матеј 18,3). Колку сакате толкувајте го овој „цитат“, но без негово практично применување тешко дека ќе го видиме Царството небесно. Да се зборува за Евангелието, а да се нема радост – тоа е како да се зборуваат сите човечки јазици, а да се нема љубов (1. Кор. 13,1). Ви текнува, нели? Но, ќе рече на ова благочестивиот активист: „Ќе има време за радост во Царството, сега е време за борба!“ Небаре, без „мојата борба“ Царството нема да дојде!? Такво „евангелие“ Христос не проповедал. Едноставно, борбата и радоста се неразделни една од друга, заемно се надополнуваат и се корегираат.

Царството, пак, дошло и веќе е тука. Само што, некој треба, наместо да ги „спасува“ светот и општеството, да дојде во недела наутро на Литургија. Не без многу смирение и кроткост. Тогаш ќе ги остави сите животни грижи – вклучително и оние оправданите... оние најоправданите! Сѐ да остави зад себе, или поточно – пред себе. Да ги остави сите тие нешта принесени на престолот, во вид на даровите внесени на Големиот вход. Сите наши дела на Бога Му ги принесуваме – и достојните, и недостојните; и оние за пофалба, и оние за осуда. А, знаеме ли, секогаш, кои дела се достојни, а кои не се? Да бидеме чесни, често не знаеме. И покрај тоа – ние сето тоа Му го принесуваме на Бога, мажествено, со трепет, со љубов. Но, штом не секогаш сме свесни за недостојноста и достојноста на нашите сопствени дела, колку помалку сме свесни за недостојноста и достојноста на делата на нашите ближни!?

Колку повеќе, наместо да „делиме правда“, наместо да проповедаме некоја наша умислена „акривија“, треба да ги земеме бројаницата, Молитвеникот и Светото писмо во рака, и да се присилиме на молитва – за просветлување на нашите сопствени умови и срца, и на умовите и срцата на нашите ближни. И тоа, без трошка надменост, без самоправедност, без умислување дека ние сега нив ќе ги спасуваме. Спасението на моите ближни почнува со моето спасение, а моето спасение почнува тогаш кога ќе согледам дека јас сум најмалечкиот, најнедостојниот и најгрешниот од сите луѓе што ги познавам. Со тоа сознание нема да си дозволиме да делиме памет и правдина кога и каде ќе стигнеме, тогаш нема да ги делиме нашите православни ближни на „воцрковени“ и „невоцрковени“; на „упатени“ и „неупатени“; на „преподобни“ и „неподобни“; на тие што се причестуваат на секоја Литургија и тие што се причествуаат четирипати во годината; на тие што за Нова година одат на бдение и тие што одат на забава итн., итн. Сето тоа, не затоа што не знаеме што е подобро, туку затоа што знаеме што е единственото потребно (Лука 10,38-42), што ги отвора портите на Царството – како за нас, така и за оние околу нас. Како Марта и Марија...

 

 д-р Милан Ѓорѓевиќ

16-ти јануари, лето Господово 2017

 

Друго:

доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За справувањето со простотијата

 

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »