логоFacebookTwitterYouTubeeMail


„душата на човекот е христијанка„ – блажен Тертулијан


Сите сме слушнале за онаа фраза,  - e сега му е мајката -, што на англиски си ја преведувавме, now ist the mother, што за англиското говорно подрачје не значи ништо, за нашето пак, дури ни тоа ништо, освен како мерка за моментална акција која произведува добивка, или народски, ќар. Особено кога нешто ќе ни се случи, секако по Божјо допуштање, следи фаза на освестување во стилот,  е сега треба да се покажеме, па, крајно време е...и слично, а Црквата има една милина од сите овие фрази, вклучено во славословие, а го актуелизира литургискиот став на еден христијанин, тоа е: ...постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Христијанскиот став на кој сме заборавиле, т.е. сум заборавил да се поправам, тоа е она, да застанеме добро, да стоиме со страв, да внимаваме...Нашиот подвиг треба да биде постојан, да се одвива сега, и да продолжи кон полнотата во вечни векови, а во слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, не заради нашата слава, не заради нашите добредетели, не заради нашиот труд од кои ништо нема без благодатта Божја. Повикот за покајание не подразбира да се „думаме„ што да направиме, туку да дејствуваме, сега е време за покајание, велат светите Апостоли т.е. стани душо доста спиеш, како што напишал светиот Псалмопевец. Сите добри дела, милоста и љубовта не се ништо друго туку дела на покајание кое треба да се пројавува постојано, кое го вклучува она спасително сега, а така треба секогаш, без некој некогаш да биде потсетен, секако доколку станува збор за Името пресвето со кое се нарекуваме, христијани. И кога сме кај фразата, моменталната акција е покајание, добивката е живот вечен, малку ли е? Но, живот вечен во Христа и со Него, не оваа наша илузија мерлива низ падот, туку незимерливата со Воскресението.


Велат, а не спорам дека не е така (иако ми се спори), само добрите дела во името Христово се добри, но сепак, и за другите добри дела не ставам знак на прашалник, оти Кој е нашиот Создател? Нели е Оној чие дишење како што вели светиот праведен Јов, го чувствуваме во своите ноздри, нели е Оној Кој ја вложил совеста во нас, нели е Оној по Чиј образ и подобие сме, Христос Исус, Нашиот Создател. Подобро е добри дела отколку да ја замараме јавноста со тоа, дали се според Христа или не, оти ние знаеме: ...секое добро давање доаѓа од Тебе Отецот на светлините..., човекот може да не верува, но сепак, ние знаеме дека сме Негов образ, Негов сме род, како што вели Апостолот, и затоа доброто е од Него. Сакал верувал некој или не, сè постои од Него, преку Него и во Него, од Отецот, преку Синот во Светиот Дух, и никој, ама баш никој не може да ја одрече благодатта Божја, а нашата цел е, како што вели свети Симеон Нов Богослов е да станеме свесни за тоа, за стекнувањето на спасителната благодат која ни се дарува преку Кршетнието во Црквата. Како и да му звучи некому ова, но секое добро дело е од Христа и во Христа, оти Он се поистоветува со секој човек, но, секако е подобро да бидеме свесни за тоа ако сме христијани, а полошо е, ако сме христијани, а не сме свесни за тоа, оти така хулиме на Светиот Дух.


Господ нека ни даде сила да се чуваме од грев, оти гледаме секој грев како што вели свети Софрониј има космички размери, (т.е. не е само до некој, туку до мене и мојот однос) па така, и секое добро дело на милост и љубов има не само космички, туку и вечни (немерливи) размери во Христа, она што сме посеале, тоа и ќе пожнееме, вели Спасителот, а и секако да не забораваме и да не очајуваме, бидејќи како што по Адам сите умираат, така во Христа сите ќе оживеат, ништо не е загубено во Него, ниту оние во пеколот не се лишени од Неговата милост и љубов, оти бескрајно ја почитува слободата на избор на секоја личност, и затоа подобро со Христа, отколку без Него, или да не даде Бог никому против Него. Ако се молиме Бог да не заштити, треба да се молиме уште повеќе Бог да ни дарува покајание, а ете, како што учат нашите свети отци, има ли поголема можност за покајание од онаа која ни се дарува преку светите Тајни во Црквата, Исусовата молитва и примерот на Пресвета Богородица. Зошто да се мачиме преку талкање низ животот и да го губиме времето за покајание, а кога имаме место, начин и пример, а и личности кои тоа ни го сведочеле и сведочат...,а ете, како што вели и свети апостол Павле, и тварите (природата) нетрпеливо го очекуваат прославувањето на синовите човечки, но сведоци сме, ако не се прослави Бог преку нас, и тварите почнуваат да се однесуваат како нас луѓето, а ние сме тие кои треба да дадеме плод на покајание во Христа, да се преобразиме преку благодатта Божја и самите себе, еден на друг, сиот свој живот, а со тоа и сета твар преку благодарењето во Црквата на Христа Бога да го предадеме. А, тука, најмногу потфрливме, и казната и судот, и допуштањето...сето тоа е со потпис на нашето непокајание, кое Бог го почитува како право на избор. Ние треба да се преобразиме, оти Бог се преобрази за нас, и ни даде можност со свои очи да Го видиме, но наместо светлината Која ни се јави, ни омиле темнината.


И сосема на крај, а тоа е секогаш почеток, now is the Mother, о, да... Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, е постојаност, за сега, засекогаш и за вечни векови.


...Пресвета Богородице, спаси нè...


п.с. Најдобра забава ѓаволот си прави кога бараме да ги откриме неговите злодела преку неговите медиуми, тогаш ни го краде она што ни ја спечалува вечноста, а се вика време, време за покајание...барајте го Царството Божјо и Неговата правда, вели Он, а не барајте ги светските заговори, а и тоа дека милостивиот Самарјанин беше неверник и друговерец, и ги прејде сите оние кои толкуваа дали доброто дело е според законот или не.


о. Горан Стојчевски

Скопје, 16-ти август, лето Господово 2016

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1549
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 984
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »