логоFacebookTwitterYouTubeeMail

презвитер Горан Стојчевски
ДОВЕРБАТА ДАДЕНА ОД ХРИСТА СЕ ОПРАВДУВА САМО НИЗ ПОСЛУШАНИЕ

„И така секој човек нека нè смета нас за служители Христови и управници на тајните Божји, а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен„


Да се расте во самодовербата во денешно време е некако работа со која од сите страни те „билдаат„ за да те биде, некаде и во нешто, да имаш добивка од сето тоа, а и цело време си пубертетлија мислејќи на првиот состанок со девојката (или на девојката со момчето), а кога ќе биде работата ќе кажам сè што ми лежи на срце, но зависи што лежи во таму. Самодовербата не е работа во која целта ќе ни биде нешто од лична корист, задоволување на сопственото его или завршување работа, туку да води кон поттикнување на довербата во другата личност. Како од психолошки прирачник сконцентирани сме на самодовербата до таа мера што довербата од другите или довербата кон другата личност и не нè интересира. Тоа се случува и во духовниот живот, одиме на исповед бараме начин за живот во Црквата, добиваме молитвено правило во кое благодатта Божја треба да нè води, но сепак полни сме со недоверба кон духовниот отец (или пак, кон својот имаме, кон друг немаме) и пак завршуваме на самодовербата во самозадоволството од читање на книги, каков верник треба да бидам, а не сум (или каков треба тој свештенослужител да биде, а не е), занемарувајќи го словото кое ни е дадено со доверба кон нас дека ќе постапиме по него за да пораснеме во зрел човек полн со доверба во другите, и во таа доверба кон другите да се зацврстува самодовербата, но сега во Христа дека ни дава благодат кој нè просветлува да познаеме дека иако грешни и слаби сепак во Него сме способни да го достигнеме обожението, светоста на која сме повикани. Христос не се воплоти за да докаже дека е наш Спасител, Христос се воплоти за да покаже во сè дека е наш Спасител, така и ние не е целта да се докажуваме од една страна колку сме грешни, а друга страна да докажуваме на другите дека тие се помали верници и од нас, туку да покажеме дека веруваме, со литургиските зборови Човекољубив Владико...Тебе ти Го доверуваме Сиот наш живот и надеж. Без доверба нашиот живот е схизофреничен, ако поделиме до овде е довербата во Христос со свештенослужителот, а од овде сум јас и самодовербата со книгите од Божјите угодници. Христос е Бог, Кој исполнува сè во се, покажал доверба, покажал вера во човекот за покајние затоа и на Себе ја зема човечката природа за да ни го покаже живот на зрел или потполн човек, како што вели св. Јосиф Спилеот, чија цел е стекнувањето на благодатта Божја мерено според Него, а не според нас. И ако Бог во сета Своја неизглаголива слава укажува (до)верба во човекот, како можеме ние постојано да имаме недоверба. Довербата се стекнува со покажување на Христос во нашиот живот, а не со истакнување на нашата самодоверба покриена дури и со маската на побожноста. Ние доаѓаме со доверба во Христа дека ќе го прими нашето покајание низ исповед, а заминуваме од Него со недоверба дали тоа ќе се случи! Или накратко, сме очекувале чоколадо, а добиваме според нас лижавче на кое се радуваме, а на вториот чекор ќе го фрлиме в корпа, па ќе им раскажуваме на другите дека заслужено чоколадо не добивме, а лижавчето беше грозно. Е, дај Боже да бевме како деца  и ова вака да го разбереме, но и да се однесуваме како деца, со простување, заборавање на лутината и пак, да влеземе во играта на искреноста и љубовта. А, како да се случи, а и како да разбереме ако немаме послушание? Сите свети подвижници имале доверба во Бога, нивната самодоверба била верата во Христа, (дека без Него неможат да направат ништо),  во духовниот отец што ги води, во послушание т.е. со доверба, тие останувале да се трудат во словото дадено од духовникот и на тој начин ја стекнувале благодатта на Светиот Дух. Ако го нема послушанието или довербата во духовниот отец кај кого сме дошле да ни покаже како да се исцелиме од страстите, тогаш немаме ни вера во Христа, оти ова не се учи од книги, или веруваш или не веруваш, или имаш доверба или немаш, или го следиш Христа до Голгота или не Го следиш, или веруваш или не. Уште свети апостол Павле сите подвижнички работи ни ги опишал низ послушанието, за да се излее љубовта Божја во нашите срца преку Духот Свети кој ни беше даден (Рим. 5,3-4), а ние без послушание и смирение сами си го избираме стапот наместо љубовта и кроткиот дух  (види 1Кор 4,21). Без доверба кон ближниот, вклучително и духовниот отец, или воопшто свештенослужителите, наместо растење во љубовта имаме растење во гордоста, „пукањето„ со светоотечки трактати и извадоци од нив, и богослужбени книги и судењето нечии постапки и дела според истите наменето за „оправање„ на некого е загубено време, молењето со името Исусово во Кого ќе се спомне ближниот води кон полнота на времето, не во добивка, туку во придобивка на ближниот, ама не за нас, и не во насока на нашите размислувања, туку за Христа Кој е сведоштво за љубовта и Самата Љубов жртвувајќи се за нас и светот, покажаувајќи дека во Него ништо не е загубено, оти Он е полнота.


За да докажеме дека сме во право, лесно, навистина е лесно некого да осудиме макар и по најсветите книги, дури и да кажеш дека сето тоа само заради осуда на гревот, а не личноста што ја врши се користи само како „православно„ покритие за побожноста, ама секоја побожност не е по Бога, Христос е критериум. Само со колакава ревност се втурнуваме за да поправиме некого, мислам дека наместо алиштата од ревност, нервите си ги кинеме, а колку би било полезно таа ревност да ја имаме за молитвата, за сложување на секој збор Христов во срцата наши, како Пресвета Богородица.
Да внимаваме, овој збор е не проста случајност колку за да ни обрати внимание на нешто што ќе се чита или пее в Црква, туку да внимаваме, секоја наша постапка да ја споредуваме со Оној Кој зеде облик на слуга, а нè прослави како синови Божји во Него, и ја вознесе нашата човечка природа оддесно на Бога Отца испраќајќи ни го Утешителот Духот на вистината, за пак Истиот Христос да нè види и да се зарадува срцето наше и радоста никој да не ни ја одземе, во Него да бараме за радоста наша да биде полна ( види Јован 16,22-24). Да внимаваме, за да слушнеме внимателно мир вам и мирот Христов да се всели во срцата наши, за да возвратиме на секого со Христовиот мир и на Спасителот и на секого...и со духот твој. Само да си знаеме колку многу срца кршиме со нашата недоверба, но слава му на Бога што Христос се вложил во тие срца и живее, па повторно нè прибираат назад за да поживееме и ние со нив во нивниот спокој со секое благочестие и чесност. Затоа, да си споменеме и да се помолиме за сите наши свештенослужители и исповедници, кои ставиле рака да слезе над нас блгодатта на Светиот Дух, и кои нè измириле со Светата Црква во Христа Исуса да им ја возвратиме довербата која тие ја имале во нас преку нашето послушание и да имаме одговорност во слободата кон нив како верни синови на нашиот Отец Небесен (да си споредиме во 1 Кор. 4,15).

П.С. На социјалните мрежи ако имаше ѕид за плачење ретко кој ќе го посетеше. Во секојдневното читање на Светото Писмо се надевам ќе допреме и до суштината на наведените глави и стихови од Новиот Завет, бидејќи некој завет сме дале кога примивме крштевање.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 843
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1114
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1062
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »