логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 




pricest





– Владико, како вие советувате да се подготвува за Причест?

– Покајното чувство треба да нѐ придружува постојано, и тоа треба да биде нашата главна подготовка за Причеста. Ако постојано се подготвуваме за примање на Светите Христови Тајни и ги примаме нив толку често, колку што можеме, тоа и ќе биде правилно христијанско устројство.

– Досега, колку и да е чудно, се водат спорови не само за честотата, но и за деновите, кога е можно да се причестува: некои свештеници не ги причестуваат возрасните на Светлата седмица, затоа што во тие денови не се пости…

– Не одете кај таквите свештеници. Нека се испразнат нивните храмови. Ако сте некаде во провинција ќе мора да истрпите. Или да барате. Барајте и ќе ви се даде.

А, свештеникот самиот како служи (понекогаш неколкупати во неделата)? Тој се причестува. Зошто тој распространува поинакви барања да се пости од своите парохјани? Зошто тој од нив бара строго да постат една седмица, а самиот не пости? Зошто за себе прави исклучок? Зошто врз својата паства поставува „неподносливи бремиња“?

Ако го запазуваме постот во среда и петок, никаков дополнителен пост при подготовка за Причест не е потребен. Освен тоа, на Света гора сега токму така и живеат: постат во понеделник, среда и петок, а се причестуваат четири дена во седмицата – во вторник, четврток, сабота (после посни денови) и во недела. И тоа е навистина правилно: луѓето живеат со Христа. Литургијата е центарот на нивниот живот, околу кој се гради сѐ останато. Не може поинаку.

Се разбира дека лаиците не можат да живеат како монасите. Но да се погрижат, во центарот да биде Литургијата, соединувањето со Христа – можат.

Познато е мислењето на многуте свети отци за тоа, дека е неопходно почесто да се причестуваме. Тоа му е јасно на секој човек, кој барем малку го изучува ова прашање. Смислата на Литургијата е во тоа да се причестиме. Зашто Господ вели: пијте од Чашата сите – сите се поканети.

pricest

Друга работа е тоа што не сме секогаш достојни да пристапиме кон Чашата. Но, не треба ни да го преувеличуваме своето недостоинство. „Никој не е достоен“, така се вели во литургиските молитви на св. Василиј Велики. Но тоа не значи, дека не треба да се пристапува кон Таинството – ако не се причестуваме, во нас ќе го нема Животот, ќе Го нема Христа. Едноставно ќе загинеме. Тоа треба да му биде многу јасно на секој христијанин.

Се случува верните да се ограничуваат со причестувањето на еднаш месечно или само на големите празници. Тоа не е многу добро. Според мене, за христијанинот е правилно на секоја неделна служба да се причестува со Светите Христови Тајни, а да се подготвуваат за тоа во сите претходни денови – со молитва, внимателен живот, покајно расположение. Но, сепак, за тоа кога да се причестува, секој христијанин треба да реши самостојно, откако ќе се посоветува со духовникот.

Внимателно да се следи што се случува во сопствената душа

– А што да се прави со нашата постојана „подвоеност“? Во храмот сум црковен човек, а во световниот живот, секојдневието – животот те проголтува, суета… Често испаѓа како во нас да сопостојат двајца различни луѓе – блага „духовна шизофренија“. За каква постојана покајна состојба зборуваме!

– Лесно. Се случила некоја непријатност, лош збор излетал од устата, некакви помисли – веднаш покај се. За тоа е потребен внимателен живот. Внимателно треба да се следи што се случува во сопствената душа. Тогаш нема да постои никаква подвоеност.

Како живеевме во советските години? Имавме уште поголем контраст меѓу Црквата и вообичаениот живот. Но дури и во тие услови се трудевме да го определуваме својот живот преку верата.

Должни сме да го градиме својот живот според верата, според Евангелието, според заповедите – независно од условите во кои тој тече.

Сега суетноста не е поголема од што била тогаш. Истото се случува. И, според мене, така било секогаш и во секое општество. Може да се помисли дека во древноста немало суета, вообичаен и вонцрковен живот! Секако дека имало. И исто така тој ги обземал луѓето. Но, пред сѐ, треба да го бараме Царството Божјо, а сѐ друго ќе ни се додаде. Тоа треба да биде најглавно за христијаните.

– Но, во Средновековието животот бил поинаку устроен и животниот ритам бил потчинет на Црквата, макар околу постите и молитвите: во одредно време сите оделе на служба, во одреден ден сите го менувале режимот на исхрана… Освен тоа, човекот не бил толку разоткриен за јавноста – а сега корисниците на Интернетот се наоѓаат постајано на увид. Лично јас, на пример, кога пишувам на блогот или на социјалната мрежа, се појавува еден проблем – се трудам да бидам поискрена, но сепак постои чувство на театралност: се покажувам пред луѓето таква, каква што сакам да изгледам. Ми се чини дека современиот човек има искушение да лицемери – не директно со лага, туку некако посуптилно…


– Не мислам дека она главното многу се променило од минатите векови. Се разбира, ние претрпуваме огромни информациони товарења – значајно повеќе од нашите предци сме вовлечени во животот на светот, помалку време, за разлика од нив, можеме да поминеме во тишина и осаменост. Но, фундаменталните основи на човековиот живот во светот останале непроменливи. Едноставно треба да го следиме она што ни го рекол Господ: да го откриеме Евангелието и да дејствуваме соодветно Неговите заповеди.

Како да се создаде црковна заедница?

ss

– Друг проблем е тоа што се распаднаа врските на заедницата. Дури и заедничката молитва, Литургијата, се претвори во приватна работа. Што да се направи за луѓето да се чувствуваат себеси како заедница, како едно цело?

– Тоа зависи од парохискиот свештеник. Ако има добар свештеник ќе има и активен парохиски живот, ќе има и христијанско општење.

За да го достигне тоа, свештеникот треба да се труди да живее како што живеел светиот праведен Јован Кронштадски – за неговото служење, неговото слово да ги соединува луѓето.

Тука имаат место сите форми на вонбогослужбена парохиска дејност. Трпеза, пиење чај по службата – сето тоа го приближува свештеникот до парохјаните, се појавуваат потопли, почовечни, доверителски односи. Ако парохискиот свештеник е и духовник на своите парохјани, тогаш за време на таквите трпези може да беседи за духовниот живот (секако, не станува збор за личните духовни прашања – тука треба да се најде време за разговор очи в очи). Многу е лошо кога свештеникот претставува недостапна фигура. Негово дело е да биде пастир.

Проблемот е во тоа што имаме многу големи храмови – вклучувајќи ги и новите. Во него служат неколку свештеници, таму оди многу народ – како тука да се најде единство?! Древните парохиски храмови биле многу мали. Духовниот отец бил свештеник, кого го познавала целата парохија и кој ја познавал целата парохија. Тоа и претставува основа за живот во заедница. 

Прв дел и Втор дел од интервјуто

Г.Г.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 772
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1050
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 997
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »