логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Josif.tv.jpg

 Митрополит тетовско-гостиварски, владиката Јосиф


vecer

Дај Боже да се најдат одговори и решенија за сите прашања што го засегаат православието!

  • Со најмладиот владика во Синодот на МПЦ-ОА, Јосиф, кој од пред три месеци застана на чело на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија, разговараме за неговите први искуства, за комуникацијата со свештениците и со верниците, за тоа како од негов аспект изгледа духовниот живот на овие простори, за проблемите, за позитивните страни, но и за прашањата кои неминовно се наметнуваат при секој разговор со црковен великодостоинственик, а се однесуваат на непризнавањето на автокефалноста на МПЦ, за Сеправославниот собор во Истанбул...



Ваше Високопреосвештенство, на само три месеци по Вашето именување за митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија, можете ли да ни кажете во каква состојба ја затекнавте?
- Слава на Бога, блажено упокоениот митрополит Кирил, во согласност со своите можности и сили, се грижел за добробитот на епархијата, но сепак, има уште многу работа. Уште на почетокот спроведовме проект, кој се уште е во тек, за една своевидна инспекција на сиот движен и недвижен имот, со цел да се прикаже моменталната состојба, а потоа да се одлучи каде што е потребно да се направи.

Успеавте ли во овој краток период да ги формирате најважните тела и управни органи, како што се Епархискиот управен одбор, Епархиското собрание, Епархискиот суд, за да може да функционира новата епархија?
- Да, секако, веднаш се зафативме со тој аспект од функционирањето на епархијата. Во согласност со Уставот на МПЦ, беа формирани сите епархиски тела кои веќе функционираат и носат одлуки согласно во рамките на надлежностите.

Вашето седиште во моментов се наоѓа во Тетово, во склоп на соборната црква Св. Кирил и Методиј", но верниците од Гостивар, со желба да бидете повеќе меѓу нив, а седиштето на митрополитот да се најде токму во нивниот град, веќе почнале и подготовки за преуредување на резиденцијален дел наменет за Вас. Сте разгледувале ли вакви можности?
- Во согласност со црковното устројство, секоја епархија мора да има свое седиште, но епископот не се врзува со едно конкретно место, туку целата епархија е негов дом. Колку што сум тетовски, толку сум и гостиварски и мавровски... Стопанот не се грижи само за една нива, туку за целиот свој имот еднакво и се труди секаде да е присутен.

Верниците се задоволни што успевате да го посетите секој храм од Вашата епархија, да ги поддржите традициите кои ги негуваат, да ја продолжите мисијата на упокоениот митрополит Кирил празниците да ги поминете со свечена литургија на местата каде што најмногу се слави. Но, можете ли да ставите ред меѓу дел од свештениците кои во своите реони се однесувале како локални моќници?
- Ако владиката не биде со своето паство, каде ќе биде? Јас затоа инсистирав на почетокот местото на живеење и работење на митрополитот на Тетовско - гостиварската епархија да биде на територијата на епархијата. Кога станува збор за свештениците, но, би додал, и за сите претставници на црковното уредување, било да се одбори, вработени во храмовите итн., треба да го знаат своето место, своите надлежности и својот позив. Доколку не постапуваат во согласност со црковното предание, каноните и Уставот на МПЦ, тогаш најпрвин се огрешуваат пред Бога, пред својата совест, пред судот на историјата и народот, а секако, ќе треба да сносат и соодветни последици.

Се зборува дека сте наредиле свештеничката униформа да ја носат секогаш кога излегуваат надвор, иако дел од нив одбивале, правдајќи се дека тоа не е безбедно во овие краишта?
- Православното предание говори дека подрасникот, односно мантијата, свештеникот треба да ја носи насекаде и секогаш по примањето на свештеничкиот чин. Всушност, таа е знак за неговиот завет со црквата, ја означува постојаноста на свештеничкиот чин. Моето лично искуство говори дека ставот за небезбедноста е неиздржан, бидејќи јас секогаш се движам со мантија низ градот и никогаш сум немал проблеми. Дури, напротив, ми искажуваат почит.

Верниците особено Ве почитуваат поради тоа што не им забранувате да ги практикуваат традиционалните обреди како дел од црковните празнувања кои немаат многу заедничко со православието, како, на пример, обредот курбан. Сметате ли дека на тој начин се почитува народната култура?
- Да не остане неразјаснето, како чувар на изворното православно учење и предание, епископот може само да поучува, да опоменува, да насочува во рамките на она што го исповеда Православната црква, она во коешто веруваме. Молам да ми простат ако не сум бил разбран точно, но јас не ги оправдувам традициите и обредите кои се обојуваат православно, а во својата срж не се православни, вклучувајќи го тука и курбанот. Ќе се трудиме на народната верска традиција да и дадеме православен контекст, да ја вратиме на вистинскиот извор.

Под Ваша јурисдикција се два манастири: Лешочкиот и Св.Наум Охридски" на Попова Шапка. Со оглед на тоа што и сами потекнувате од монашко семејство, ќе создадете ли услови да заживеат двата храма?

- Во манастирот во Лешок веќе има монаштво, иако станува збор само за еден монах. Во манастирскиот комплекс на Шапка нема монаштво, но има црковен одбор кој доследно и достојно се грижи за функционирањето и докомплетирањето со потребните објекти на манастирот, за што заслужува секаква пофалба. Се молам на Бога манастирите да заживеат во тој поглед и повторно да ги гледаме црнорисците на службите и како ги работат манастирските имоти. Иако, ќе додадам, процесот на формирање на монаштвото е долготраен и е по волјата Божја. Ние најпредано ќе се трудиме за заживување на овие манастири во нивната вистинска намена, да бидат духовни центри на епархијата.

Каква ви е соработката со локалната власт? Неодамна имавте средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Ја имате ли поддршката за изградба на нова црква?
- Досега сум задоволен од начинот на кој се воспоставуваат односите меѓу епархијата и нејзините институции со централната власт, локалната власт, организациите, религиите и разните заедници на оваа територија... Средбата со градоначалничката на Тетово беше, пред се, протоколарна, но се запознавме и со отворените прашања и предизвиците што се пред нас. Како што истакнав по средбата, прашањето за изградба на православен храм во новиот дел на Тетово е дамнешна желба на православните верници и нејзиното остварување може да биде само сигнал и поттик за меѓуконфесионалниот и меѓунационалниот живот во Тетово. Ние сме подготвени за реализирање на овој проект, нашата волја е претставена пред одлучувачките фактори, чекаме на нивниот потег.

Каква е соработката со останатите конфесии, имавте ли официјални средби? Каква е комуникацијата со тетовскиот муфтија?
- Да, веќе се сретнавме со тетовскиот муфтија и средбата помина во срдечна и позитивна атмосфера. Ме радува што во лицето на тетовскиот муфтија имам искрен соговорник и конструктивен колега, зашто и двајцата не обединува и не поттикнува целта да работиме за заедничкото добро на сите.

Она што е малку необично за овие простори е тоа што Вие редовно одите на прошетки по градот, а честопати седнувате на кафе-муабет во некое од локалните кафулиња. Тоа ли е еден од начините да ја проширите својата мисија меѓу младите?
- Секој временски период има свој начин на функционирање и комуницирање. Црквата мора да го осмислува времето на начинот што во тој момент е прифатлив, без менување на суштината. Но, јас тоа го правам не само заради мисионерство, туку, едноставно, од љубов, зашто сакам да бидам со своите пријатели, да стекнувам нови и тоа во името на Христа. Најголемата мисија на Црквата е да ги љубиш сите со љубовта на која Христос не научи.

Немате профил на Фејсбук. Тоа е поради Вашата послушност кон одлуките што ги носи САС или сметате дека ваквата комуникација не е неопходна?
- Всушност, Синодот никому од свештенството не забрани да биде дел од социјалните мрежи. Ние не се погриживме правилно да го интерпретираме ставот дека даваме послушание свештенството достоинствено да се користи со овие придобивки на новото време. Точно е дека немам личен профил, но има Тетовско - гостиварската епархија и таму се изразуваат ставовите. Сепак, јас сум митрополит на една дадена епархија и тоа е мојата идентификација, за јавноста сум тоа.

Иако релативно кратко сте во епархијата, сепак, неминовно е прашањето за издавачката дејност. Планирате ли некоја едиција?
- Веќе се во подготовка две изданија - списанието на епархијата, кое ќе се вика Огледало", во согласно со делото на еден од најголемите црковни дејци на овие простори, Кирил Пејчиновиќ и една книга во превод од странски јазик на еден дипломиран теолог од епархијата. Секако, издавачката дејност е важен сегмент од мисијата на Црквата и ќе продолжиме во таа насока, а интензитетот ќе го одредат можностите.

Следниот месец во Истанбул ќе се сретнат поглаварите на сите православни цркви, што ќе претставува подготовка на Сеправославен собор, кој вселенскиот патријарх го планира за 2015 година. Што ќе значи Соборот за МПЦ-ОА? Можеме ли да се надеваме на некој позитивен импулс?

- Станува збор за консултативна средба за подготовка на Вселенскиот собор. Ќе бидат засегнати неколку прашања кои до денес се отворени во Православната екумена и треба да се дојде до едногласен и заеднички став. Сите тие прашања се однесуваат на МПЦ, но најдиректно можеби ќе бидеме заинтересирани за тоа какво решение ќе биде донесено по однос на статусите автономија и автокефалија. Лично сметам дека доколку се работи со љубов и преовлада општиот интерес, а не личниот, ќе се донесат вистинските решенија. Иако, ќе нагласам, за мене и не е прифатлив ваквиот пристап и начин за решавање на прашањата, зашто во рамките на Соборот треба да се расправа и да се донесуваат решенијата, а не претходно. Вселенските собори биле поделени во сесии и траеле и со денови, па и подолго и биле демократски - на разговорите биле повикувани дури и оние што мислеле поинаку за да го образложат својот поглед. На крајот секогаш победувала вистината и решенијата биле општо задолжителни.

Ќе се најдат ли одговори на чувствителните прашања во православието на оваа екуменска средба? Ќе имаме ли (не)официјален претставник?

- Дај Боже да се најдат одговори и решенија за сите прашања што го засегаат Православието и тие да бидат вистински. По логиката на нештата, треба да сме поканети.

Се разбира, и неминовното прашање: каков е Вашиот став за решавање на спорот со СПЦ? Треба ли да се вмешаат и политичарите за негово привршување?

- СПЦ мора да ја прифати реалноста дека во Македонија во лицето на МПЦ има организирана црква која има капацитет да одговори на предизвиците, но и да ја спроведува мисијата. Дека нема никаква логика во овој спор покажуваат неколку факти: прво, МПЦ во ништо не се разликува од другите православни цркви во поглед на учењето и практикувањето на верата; второ, едностраната одлука СПЦ да го прекине решавањето на наводниот спор со вадењето на маса, би рекол неточното толкување и прикажување во јавноста на Нишкиот нацрт-договор, што беше, всушност, само потребното алиби за проектот Вранишковски; и трето, ако СПЦ не сака да ја прифати МПЦ, односно има отворен спор со неа, зашто тоа го наметнува и на другите цркви, заканувајќи се во однос на комуникацијата со нив? Дали е тоа можеби стравот од излегувањето на виделина на вистината? Сепак, треба да има дијалог, но на рамноправни страни и без никакви услови, за да се решаваат проблемите.

Навистина ли сте на чело на најсиромашната епархија?
- Не би одговорил директно, за да не бидам погрешно разбран, но Господ се грижи за сите нас, а ја чувствуваме и подготвеноста и искрената желба за помош на сите во Црквата, од браќата во Синодот, па до верниот народ. Богатството на епархијата е во тоа колку бројна е живата Црква, колку ќе успееме да изградиме светилишта, не само материјални, туку и во срцата на луѓето. Другото може само да биде во функција на ова примарното, но и без него се може. Тоа Црквата го докажала.


Јас сум Јосиф Тетовски, мојот собрат Јосиф(Пејовски) е Кумановски

Редовно Ве мешаат со вашиот колега Јосиф, кој е назначен за митрополит во Кумановско-осоговската епархија поради истите имиња. Кој ви ги дава имињата и зошто не се води сметка тие да не се повторуваат?
- Со собратот Јосиф (Пејовски), митрополитот кумановско-осоговски, сме замонашени со тие имиња. Тие се потврдата, насловот" на нашиот завет со Бога и Црквата. Кога се замонашувавме, не ни помислувавме дека Божјата волја за нас ќе биде ваква - да станеме пастири на Христовото стадо. Но, нашиот пример не е уникатен, постои речиси во сите православни цркви, дури некаде и поглаварот на црквата има исто име со некој од другите владици. Во Црквата веќе најдоа решение како да не разликуваат - јас сум Јосиф Тетовски, тој е Јосиф Кумановски.

Елизабета АРСОСКА
фото: Н:БАТЕВ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1545
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 980
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »