логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ЗА СВЕТОСТА


Митрополит Антониј Блум



   
blum.jpgЗа разбирање на светоста особено е важно да се знае дека овој поим е биполарен, дека има два пола. Тоа се Бог и Светост. Извор на светоста, нејзина потпора и нејзина содржина е Бог. Меѓутоа, местото на нејзиното дејствување, местото каде што е родена, каде што се развива и се искажува во смисла на Христовото спасение, е светот, овој двосмислен свет којшто, од една страна, е создаден од Бога и е предмет на таква љубов каква што Отецот Му ја дал на Својот Единороден Син за спасение на тој свет, а од друга страна е паднат во ропство на злото. Според тоа, овој пол, светоста, кој е во врска со светот, се пројавува на два начина: преку претставата за онаков свет каков што Бог сакал да биде, свет каков што Тој го сака, и истовремено преку еден аскетизам кој од нас бара да се одвоиме од светот и да се ослободиме од власта на Сатаната.


Овој друг елемент, оваа борба којашто е наш повик, е составен дел на светоста. Испосниците од ранохристијанскиот период, пустинските отци, не избегале од светот во онаа смисла во која современиот човек понекогаш се обидува да го избегне притисокот на светот и да најде сигурно засолниште. Тие заминуваат за да го победат непријателот во борба. Со Божја милост, во сила на Духот, со чинот на заминување се впуштиле во борба.


Една од причините што светоста е непостојана, и што светоста на отците и на великаните на Духот во раното христијанство често ни изгледа толку многу далечно, е што сме ја изгубиле смислата за борба. Меѓу христијаните ретко се среќава сфаќањето на Црквата како Претстража на Царството, на маж и жена коишто својата последна слабост ја предале во Божји раце, во сигурно спознание дека само Божјата моќ е во состојба да се манифестира во нивната слабост, сфаќање на Црквата како Христово Тело чиј живот не е одземен, туку дава живот. Многу почесто сме сведоци како една заедница или поединец, штом ќе се најдат во опасност, Му се обраќаат на Господа и велат: „Господе, помогни ми, заштити ме, спаси ме, избави ме!“ Зарем тоа не е слика којашто полскиот писател Сјенкиевич пред многу години ја опишал во романот „Quo Vadis“, според која свети Петар го напушта Рим во времето на прогонот, и на градската порта го среќава Христа Кој влегува во градот. „Каде, Господе?“ го прашува Петар својот Господар. „Се враќам во Рим“, одговара Господ, „за да страдам и умрам тука, зашто ти го напушташ“. Зарем постојано очекуваме такво нешто од Бога? Зарем тоа не е наша болна, очајничка молба упатена до Господа кога животот ќе стане опасен: „Избави ме, Господе!“ Кога псалмопејачот зборувал за избавување, неговата состојба била сосема поинаква од нашата. Тој му припаѓал на Стариот Завет. Ние му припаѓаме на Новиот Завет, ние сме Тело Христово, храм на Светиот Дух. Бог нe испратил во светот преку Својот Син, исто како што во светот Го испратил Својот Син.

И така, во оваа смисла постои криза на светоста која не започнува со нашето време, туку е присутна во мноштво генерации христијани. Но мора да се соочиме со тоа, затоа што светоста е нашиот апсолутен повик, затоа што созерцувачката светост не е бегање, и затоа што на активизмот на нашето време, којшто се обидува да биде независен од секое созерцување и да стане вредност сама за себе, недостасува содржина на целосна светост која што христијанската светост би требало да ја има, зашто содржината на светоста е Самиот Бог.


Доколку сакате поодблиску да ја проучите светоста од гледна точка на Стариот Завет, лесно можете да го користите индексот на Ерусалимската Библија. Таму ќе ги најдете сите елементи коишто се разгледуваат од времето пред Христос. Би сакал да издвојам еден или два елемента, без да се впуштам во анализа на тој предмет во целина.


Само Бог е свет. Да се каже дека Бог е свет не значи да се дефинира Бог како да има атрибут на светост, зашто тој атрибут не ни е познат. Кога велиме: „Бог е свет“, ние не го дефинираме Бога, зашто нам самата светост не ни е позната. За Израилот, светоста била исто што и Бог. Со овој поим е поврзано стравопочитувањето; слично е и со чувството на непоправливо раздвојување: Бог е трансцендентен на еден апсолутен начин, Тој е надвор од сe. Дури и кога Бог се познава, Тој не може да се спознае; дури и кога приоѓа, Тој останува бескрајно далечен; дури и кога ни се обраќа, со Него не може да се воспостави никаква врска. Приоѓањето кон Него претставува опасност: Тој е оган што согорува; човек не може да го види Неговото лице и да остане жив. Сите овие претстави за Бог ни покажуваат каков е ставот на луѓето што биле свесни за Божјата светост, и што биле лице в лице со тој Жив Бог.


Соблазнителното, невозможното во Новиот Завет е што Непристапниот станал пристапен, дека трансцендентниот Бог станал човек од крв и месо, и дека престојувал меѓу нас. Светост што го надминува секој човечки поим, светост што претставувала раздвојување, се открива во Новиот Завет како нешто поинакво: самата светост Божја може да стане бескрајно блиска, а притоа да остане исто толку таинствена; станува достапна, а ние не сме во состојба да ја поседуваме; таа нe држи, но не нe уништува. Од оваа гледна точка можеме да ги разбереме зборовите на св. Петар, во неговото второ Соборно послание, дека сме повикани да станеме учесници во Божјата природа. Во Христа гледаме нешто што Бог може да го открие, а човек за тоа не може ниту да сонува: полнота на Божеството во човечко тело. Во тоа е основниот проблем на светоста: до неа може да дојдеме како резултат на Овоплотувањето. Ова не ја намалува Божјата тајна: полесно е да се разбере или да се замисли сосема трансцендентен Бог отколку Бог на Овоплотувањето. И кога ги гледаме јаслите во кои е роден Христос, во нашата фантазија или претставени пластично, кога можеме да го земеме Детето-Христос во раце, се среќаваме со тајна поголема од тајната на Невидливиот Бог. Како може да разбереме дека целосната длабочина на бесконечноста и на вечноста лежи тука, истовремено скриена и откриена преку слабото човечко тело, кое што е кревко и прозрачно за Божјото Присуство?!


Во тоа е основниот проблем на нашата светост, зашто нашата светост не може да биде ништо друго освен учествување во Божјата светост. Ова е можно само преку Христос, макар што во Стариот Завет постои свест за една создадена светост во рамките на создадениот свет. Кога Бог на нешто ќе ја положи Својата рака, тоа станува Негова сопственост, како што се Ковчегот, некоја личност или свето место, а потоа тоа на некаков начин учествува во Божјата светост и станува предмет на стравопочит. Постои светост на Присуството: тоа е храмот. Постои светост којашто ги загрижува околните народи: Народот Божји, кој е место на Присуството. Но, ова место на Присуството, коешто наликува на жив Храм, не учествува во Божјата светост на личен начин со секој од нејзините членови. Дури подоцна, во Црквата на Живиот Бог, местото на Присуството станува исто така и место на личното Присуство во секој и со помош на секој поединечно: тоа е Црква, Тело Христово, Црква која е Христос во вечерата на Неговото Воскресене, во Светиот Дух Кој ја зема Црквата, ја создава и станува нејзин живот; но тоа, исто така, е и Црква во која секој нејзин поединечен член во својата лична единственост е поврзан со Отецот преку Единородниот Син. „Вашиот живот“, вели св. Павле, „е сокриен во Бога преку Христос“. Овој однос на Христос спрема нас, однос меѓу Едниот Кој Самиот е свет, и Неговото создание, ова Присуство на личната вечност и на личната бесконечност, која е Бог, ова вистинско и живо Присуство во Божествената светост е суштинска особина на Црквата, или барем една од нејзините својства. Верувам дека Црквата е света, не едноставно благословена и осветена со даровите на милоста, туку света со длабочина и сила којашто ја надминува секоја мера, света со светост на Бог Кој таму пребива, онака какошто дрвото блеска осветлено со огнот во кој согорува. И оваа светост е Присуство во Црквата. Затоа Црквата во својот однос спрема Бога може да ја здобие, да ја поседува и да ја живее оваа светост само во Него.


Од друга страна, како што Бог станал човек, како што Неговата светост била присутна во човечки облик меѓу нас како човек Кој живее, дејствува и спасува, така и сега, со помош на тајната на Овоплотувањето, Црквата истовремено учествува во вечноста, во Божјата светост и во спасувањето на светот. Светоста на Црквата мора да си го најде своето место во светот во чинот на распнатата љубов, во активно и живо Присуство. Но, во суштина, ние во светот треба да ја манифестираме токму светоста, Присуството на Бога. Тоа е нашиот повик, токму тоа сме. Ако не сме тоа, тогаш сме надвор од тајната, и само се претвораме дека ја искажуваме [светоста] и дека во неа имаме удел.


Извадок од книгата на Митрополит Антониј Блум: Бог и човек.






Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1345
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1884
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »