логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

Man.slepce.sv.Jovan1.jpg

св. Јован Крстител, с. Слепче

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче ,
или на контакт маил: https://www.manastirslepche.mk/novosti/

 

Man.Zurce.jpg

св. Атанасиј Велики, с. Журче


(Извадоци од книгата)
Душата после смртта
Јеромонах Серафим Роуз


Воздушното царство
на духовите

За да разбереме во каква област душата влегува после смртта, мораме да имаме целосен поглед на човечката природа. Мораме да знаеме каква била човечката природа пред падот, потоа какви промени настапиле по падот, како и какви се човечките способности за стапување во врска со духовните битија.

Можеби најкраток, а најјасен, православен одго-вор на ова прашање е даден во истата онаа книга на Светиот еп. Игнатие Брјанчанинов која веќе ја цитиравме при изложувањето на православното учење за Ангелите (III том на неговите собрани дела). Светиот епископ Игнатие посветил едно поглавје во таа книга за разгледување на ,,сетилното забележување  на духовите”, т.е. ангелските и демонските јавувања на луѓето. Овде ќе го цитираме оваа поглавје во кое еден од големите православни отци на модерните времиња трезвеноумно и прецизно ќе го изложи православното светоотечко учење.

Првобитната човечка природа

,,До падот, човечкото тело било бесмртно, слободно од каква било немоќ или болест, слободно од сегашната огрубеност и отежнатост, слободно од гревовните и телесните чувства кои сега се нешто природно за него” (Свети Макарие, 4. омилија). Неговите сетила биле неспоредливо попрефинети, нивното делување неспоредливо пошироко и сосема непречено. Облечен во такво тело, со такви сетила, човекот бил способен за сетилно забележување на духовите меѓу кои и самиот со душата спаѓал; бил способен за општење со нив, како и за боговидение и општење со Бога, кое е природно за светите духови. Светото човечко тело не било пречка за тоа, не го одвојувало човекот од светот на духовите. И облечен во тело, човекот бил способен да живее во рајот во кој сега можат да престојуваат само Светии, и тоа само со своите души, додека телата на Светиите ќе се вознесат после воскресението. Тогаш овие тела ќе ја остават во гробовите оваа огрубеност којашто ја примиле после падот; тогаш тие ќе станат духовни, дури и духови, како што вели Свети Макарие Велики (6 омилија) и ќе ги појават во себеси сите оние својства што им беа дадени при создавањето. Тогаш луѓето повторно ќе стојат во редот на светите духови и отворено ќе општат со нив. Пример на телото кое истовремено било и тело и дух гледаме во телото на нашиот Господ Исус Христос, по неговото Воскресение.

Човековиот пад

Со човековиот пад и душата и телото негово се измениле. Всушност, падот за нив  истовремено бил и смрт. Она што го гледаме како смрт и што со тоа име го нарекувам е, всушност, само одвојување на душата од телото. Но и едното и другото уште пред тоа веќе се осмртени со отстапувањето од Бога – Вистинскиот Живот. Ние се раѓаме веќе убиени од вечната смрт! Ние не чувствуваме дека сме мртви, бидејќи тоа им е својствено само на мртовците! Немоќите и болестите на нашето тело, неговата потчинетост на разните непријатни влијанија од овој материјален свет, неговата грубост - се последица на падот. Со падот нашето тело достасува во ист ред со телата на животните; тоа го живее со  анимален живот, живот на својата падната природа. Тоа е како некаков затворен гроб и темнина на душата.

Изразите коишто ги користиме се силни. Но дури ниту тие не го изразуваат доволно точно падот на нашето тело од височината на духовната состојба во низините на плотското. Човекот мора да се очисти со грижливо покајание и макар во извесна мерка да ја почувствува слободата и возвишеноста на духовната состојба, за да може да сфати во каква бедна состојба е нашето тело, состојба на осмртеност предизвикана со отуѓувањето од Бога. Во таа состојба на осмртеност, во крајна отежнатост и огрубеност, телесните сетила не се способни да општат со духовите – не ги гледаат, не ги слушаат и не ги чувствуваат. Така отупената секира веќе не може да се користи во соодветна цел. Светите духови избегнуваат да општат со луѓето бидејќи овие не се достојни за тоа општење, а паднатите духови кои н# повлекоа во својот пад, се помешани со нас, и за полесно да н# држат во заробеништво, се трудат и себеси и своите окови да ги направат за нас незабележливи. Ако понекогаш и се откриваат, го прават тоа за да ја зацврстат својата власт над нас. Сите ние кои сме робови на гревот треба да знаеме дека не ни е својствено да општиме со светите  Ангели, бидејќи со падот сме се отуѓиле од нив. Нам, како последица од тој пад, својствено ни е општењето со паднатите духови во чиј ред и спаѓаме со душата, поради што треба да знаеме дека духовите кои видливо им се јавуваат на луѓето (кои престојуваат во состојба на пад и грешност) – се демони, а никако не - Свети Ангели. ,,Осквернетата душа”, вели Свети Исак Сирин, ,,не влегува во чистото Царство и не им се придружува на духовите на Светиите” (74. омилија).

,,Иако демоните, обично, им се јавуваат на луѓето преправени во светли Ангели, за што  полесно да ги измамат; иако понекогаш се трудат да ги уверат луѓето дека тие се човечки души, а не демони (со овој вид измама денес демоните особено се користат, бидејќи современиот човек  посебно е подготвен во тоа да поверува), макар што тие понекогаш ги предвидуваат идните случки; и иако и тајни откриваат – сепак човекот ни најмалку не смее да им верува. Кај нив вистината е измешана со лагата, а вистината истовремено ја користат за измамата полесно да им успее. Бидејќи и самиот сатана се претвора во Ангел на светлината и неговите слуги се претвораат во слуги на праведноста, вели Свети апостол Павле (2 Кор. 11,14,15),  (т. ИИИ, стр. 7 – 9).

,,Општо правило за сите луѓе треба да биде, во никој случај да не им веруваат на духовите кога тие се јавуваат во видлив облик, да не стапуваат во разговор со нив и да не обраќаат никакво внимание на нив, сметајќи го нивното јавување за најголемо и најопасно искушение. За време на тоа искушение човекот треба да го насочи својот ум и срце кон Бога, молејќи го за избавување од тоа искушение. Желбата да се видат духовите, да се дознае нешто за нив и од нив е знак на крајно безумие и целосно непознавање на моралното и подвижничко предание на Православната Црква. Познавањето на духовите не се стекнува онака како што тоа го претпоставуваат неискусните и невнимателни испитувачи, туку на сосема друг начин. Отвореното општење со (паднатите) духови за неискусниот претставува
најголема несреќа, или станува причина за најголеми несреќи”.

,,Боговдахновениот писател на книгата Битие вели дека по падот на првите луѓе, Бог, донесувајќи ја пресудата пред прогонувањето од рајот, направил облека од кожа и ги облекол Адам и Ева во нив. (Битие 3,20). Кожната облека, според толкувањето на Светите Отци (Свети Јован
 Дамаскин, ,,Точно изложување на православната вера”, кн.3, гл.1) го означува нашето грубо тело, кое при падот ја изменило својата првобитна нежност и духовност и ја примило сегашната грубост. Иако вистинската причина за тоа бил падот, сепак, промената се случила под влијание на Семоќниот Творец, по Неговата неискажлива милост спрема нас, за наше големо добро. Меѓу останатите за нас корисни последици кои произлегуваат од состојбата во која сега се наоѓа нашето тело, укажуваме на оваа: како последица на огрубеноста на нашето тело ние станавме неспособни сетилно да ги забележуваме духовите под чија власт сме паднале…Премудроста и Божјата добрина поставиле преграда меѓу луѓето исфрлени од рајот на земјата и духовите кои биле исфрлени од небесата на земјата. Таа преграда е грубата материјалност на човечкото тело. Така и земните владетели ги одвојуваат затворските ѕидини на злочинците од останато човечко општество за тие, по своја волја да не му нанесуваат на тоа општество штета и да не ги расипуваат другите луѓе (Свети Јован Касијан, ,,Разго-вори”, 8, гл.12). Паднатите духови дејствуваат на луѓето со подметнување грешни помисли и чувства, но многу малку луѓе се во состојба со сетилата да ги забележат духовите” (Св. еп. Игнатие, стр. 11-12).

,,Душата облечена во тело, затворена и одвоена со него од светот на духовите, постепено расте изучувајќи ги Божјите закони или, што е исто – изучувајќи го христијанството, стекнува способност да го разликува доброто од злото. Тогаш &  се дарува духовно видение на духовите и ако е тоа во склад со целта кон која Бог ја води - исто така и сетилно видение; зашто нејзе демонската прелест и измама &  се многу помала закана, додека искуството и знаењето за тоа &  се корисни”.

,,Со одвојувањето на душата од телото со видлива смрт ние повторно влегуваме во редот и друштвото на духовите. Од ова е очигледно дека за успешно влегување во светот на духовите е неопходно благовремено да се усогласиме себеси со Божјите закони, заради што Бог и му оставил на секој човек одредено време за странствување на земјата. Тоа странствување се нарекува земен живот”.

Отворање на сетилата

,,Луѓето стануваат способни да ги видат духовите дури откако сетилата ќе им се изменат, а тоа се случува незабележливо и на начин необјаснив за човекот. Тој само забележува во себе дека ненадејно почнува да го гледа она кое порано не го гледал и да го слуша она кое порано не го слушал. За луѓето коишто лично ја искусиле таквата промена на сетилата, таа е многу едноставна и природна, иако не можат да си објаснат на себеси ниту на другите, а за луѓето кое тоа не го искусиле, станува збор за нешто чудно и несфатливо. На сите, исто така, ни е познато дека луѓето можат да потонат во сон, но каква појава, всушност, е сонот и на кој начин незабележлив за нас, ние преминуваме од будна состојба во состојба на сон и самозаборав – за нас останува тајна”.

,,Промената на сетилата со помош на кои човекот стапува во сетилно општење со битијата од невидливиот свет, во Светото Писмо се нарекува отворање на сетилата. Писмото вели: ,,Тогаш Господ му ги отвори очите на
Валаама, и тој го виде Ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката” (Броеви, 22,31). Окружен со непријателите, пророк Елисеј за да го смири својот престрашен слуга се помолил и рекол: ,,Господи, отвори му ги очите да види. И Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде; а тоа, целата гора полна со коњи и огнени коли околу Елисеја” (ИВ Цар., 6,17-18); (види исто така Л. 24,16-31). Од наведените места од Светото Писмо јасно произ-легува дека телесните органи служат како некакви двери и влез во внатрешната одаја кадешто се наоѓа душата и дека тие двери се отвораат и затвораат по Господова наредба. Премудро и милосрдно овие двери остануваат секогаш затворени кај паднатите луѓе, за нашите клети непријатели, паднатите духови, да не би се втурнале низ нив и да не би н# погубиле. Таа мерка е толку неопходна, зашто ние по падот се најдовме во областа на паднатите духови, опкружени со нив и поробени од нив. Немајќи можност да продрат до нас, тие ни се објавуваат однадвор, предизвикувајќи грешни помисли и фантазии и вовлекувајќи ја со тоа лесноверната душа во општење со нив. На човекот не му е допуштено да го отстранува Божјиот надзор и со сопствени средства (по Божјо допуштение, но не и по Негова волја) да ги отвора своите сетила и да стапи во сетилно општење со духовите. Но тоа се случува. Очигледно е дека човекот со сопствени сили може да успее да општи само со паднатите духови. Не им е својствено на ангелите да учествуваат во нешто кое на Бога не Му е угодно…Што ги привлекува луѓето да стапуваат во отворено општење со духовите? Лесномисле-ните и неписмените, во работите на христијанскиот подвиг ги мами на тоа нивната љубопитност, незнаење и неве-рие; за жал, тие не сфаќаат дека со стапувањето во таквото општење можат  себеси да си нанесат голема штета
(стр. 13 – 15).

,,Мислата дека сетилното забележување на духовите е од некоја исклучителна важост е погрешна. Сетилното забележување, без духовното, не овозможува правилно разбирање на духовните битија; тоа овозможува само површинско разбирање на духовите и може да н# наведе да стекнеме најпогрешни поими за нив. Всушност, тоа најчесто им се случува на неискусните луѓе и на оние кои се суетни и самоуверени. Духовното забележување на духовите им се дава само на вистинските христијани, додека за сетилно забележување на духовите најспособни се луѓето со најпорочен живот…Многу малку луѓе ја поседуваат таа способност како вроден дар и на многу малку број  луѓе духовите им се јавуваат по повод  некои посебни животни околности. Во овие последни два случаи, на човекот не може ништо да му се забележи, само таквиот мора да ги вложи сите напори за да се избави од таквата состојба, која е многу опасна. Во наше време многумина се впуштаат во општење со паднатите духови со посредство на магнетизам (спиритизам), кадешто паднатите духови обично се јавуваат во вид на светол ангел, и лажаат и измамуваат со помош на разни интересни приказни во кои се меша лагата со вистината. Тие секогаш предизвикуваат крајно душевно и дури духовно растројство” (стр.19).

,,Оние кои со телесни очи гледаат духови, дури и свети ангели, не би требало ништо за себе да си замислуваат; таквото забележување само по себе не е никаков доказ за достојноста на таквиот човек. За тоа се способни не само порочните луѓе, туку и бесловесните животни” (Броеви, 22,31), (стр.21).


Опасност од контакт со духовите

,,На оној кој нема духовен вид, гледањето на духови со телесните очи секогаш му нанесува штета – понекогаш поголема, понекогаш помала. Овде на земјата, вистината е измешана со лагата (Свети Исак Сирин, 2.омилија), како во земја во која доброто е измешано со злото, во земјата на прогонството на паднатите ангели и паднатите луѓе” (стр. 23).

,,Оној кој со сетилата ги забележува духовите лесно може да биде измамен на сопствена штета и погибел.
Ако тој при видението им даде доверба на духовите, или се покаже лесноверен, неминовно ќе биде опрелестен, неминовно ќе биде привлечен, неминовно ќе биде запечатен со непрепрознатливиот за неискусните печат на измама, печат што му нанесува страшна повреда на неговиот дух. Што е уште полошо, често повеќе не може ништо да се поправи, ниту е можно човек да се избави од оваа состојба. Тоа им се случило на многумина. Им се случило не само на незнабошци, чии жреци повеќето отворено општеле со демони; им се случило не само на многу христијани, кои неупатени во тајните на христијанството, во одредени животни околности стапиле во општење со духовите; тоа им се случило и на многу подвижници и монаси кои сетилно ги гледале духовите, а претходно не стекнале способност духовно да ги видат”.
,,Единствено учењето и праксата на христијанскиот подвиг на правилен и законски начин го воведува човекот во светот на духовите. Секој друг начин е незаконски и мора да биде отфлен како непотребен и погубен. Вистинскиот христијански подвижник, Самиот Бог, го воведува во видение на духовите. Кога е Бог водич, тогаш привиденијата на вистината, во кои лагата се облекува, се раздвојуваат од самата вистина. На подвижникот тогаш најпрво му се дава духовно видение на духовите со кое тој подробно и прецизно им ги открива сите својства на тие духови. Дури потоа им се дарува на некои подвижници сетилно видение на духовите, со што им се потполнува познанието на духовите стекнато со духовното видение”.


Неколку практични совети

Од беседата на Свети Антоние која во Антониевото житие ја забележал неговиот ученик Св. Атанасие Велики (што порано го спомнавме како главен извор на нашето знаење за делувањето на демоните), Светиот епископ Игнатие презема неколку практични совети за христијанските подвижници за тоа како треба да се однесуваат спрема сетилното видение на духовите. Ова е од исклучителна важност за секој кој сака да води вистински христијански живот во денешно време кога (од причина кои ќе се обидеме да ги објасниме подоцна), сетилното видение на духовите станало пораширено отколку во поранешните времиња. Свети Антоние учи: ,,Потребно е заради ваша безбедност да го знаете и ова: ако ви се јави какво било видение, да не се плашите. Какво и да е видението, вие најпрво храбро запрашајте: ,,Кој си ти и од каде доаѓаш?” Ако јавувањето е од Светиите, тие ќе те успокојат и твојот страв ќе се обрати во радост. Ако јавувањето е демонско, тоа, наидувајќи на одлучност во твојата душа, веднаш ќе се поколеба, бидејќи тоа прашање укажува на храбра душа. Поставувајќи го тоа прашање, Исус Навин се уверил во вистинитоста на видението (Нав. 5,13), а непријателот не се скрил ниту од Даниил (Дан. 10,20).

Наведувајќи дека дури и Свети Симеон Столпник еднаш демонот речиси го измамил, појавувајќи се пред него во огнена кочија (Житија на Светиите, 1.септ.), Св.еп. Игнатие ги предупредува православните христијани: ,,Ако и светителите биле во таква опасност да бидат измамени од злите духови, таа опасност уште повеќе ни се заканува нам. Ако ниту светителите не можеле секогаш да ги препознаат демоните кои им се јавувале во вид на светител или Самиот Христос, како ние за себе можеме да мислиме дека непогрешно ќе ги препознаеме? Единствен начин да се избавиме од овие духови е одлучно да го одбиеме секое нивно јавување и секое општење со нив, сметајќи се себеси недостојни за такво јавување или  за такво општење”.

,,Светите наставници на христијанското подвиж-ништво им заповедаат на благочестивите подвижници да не веруваат во никаков лик или видение кои ненадејно ќе се појават, ниту да обрнуваат какво било внимание на нив. Тие заповедаат за време на таквите јавувања да се оградуваме со знакот на Чесниот Крст, да ги затвораме очите со потполна свест дека сме недостојни и неспособни да ги гледаме светите духови и да се молиме на Бога за да нe избави од сите замки и измами кои духовите на злобата лукаво ни  ги подметнуваат”.

Понатаму Свети Игнатие го цитира преподобниот Григорие Синаит: ,,Никако не го прифаќај она кое со сетилата или умот го гледаш внатре или надвор од себеси, било тоа да  е лик на Христос, или на Ангел, или на некој Светител, било умот да вообрази или да здогледа некаква светлина; бидејќи на самиот ум по природа му е својствено да фантазира и тој лесно ги обликува ликовите по својата желба. Тоа е вообичаена појава кај оние кои не внимаваат строго на себе, поради што самите себеси си нанесуваат штета”.


Заклучок

Светиот еп. Игнатие вака го заклучува учењето: ,,Единствениот правилен пристап во светот на духовите го дава христијанското подвижништво. Единствениот правилен пристап кон сетилното видение на духовите го обезбедува христијанското растење и совршенство”.

,,Во одреденото, од Бога назначено и само Нему познато време, ние неминовно ќе стапиме во светот на духовите. За никој од нас тоа време не е далеку! Нека себлагиот Бог ни  дарува уште во текот на овој земен живот да го прекинеме општењето со паднатите духови и да стапиме во општење со светите духови, за на основа на тоа, откако ќе го соблечеме телото,  да бидеме приброени кон Светиите, а не кон паднатите духови!”

Ова учење Светиот еп. Игнатие (Брјанчанинов), напишано пред повеќе од сто години, би можело да биде исто така  напишано и денес – толку прецизно ги опишува духовните искушенија на нашето време, кога  ,,дверите на забележувањето” (да го употребиме изразот на Олдос Хаксли, еден од експериментаторите во оваа област), во човекот се отворени во  мера која е непојмлива за времето во коешто живеал Светиот епископ Игнатие.

На овие негови зборови речиси и да не им се потребни коментари. Внимателниот читател можеби веќе почнал да ги применува на ,,посмртните” искуства што ги опишуваме во оваа книга, и со самото тоа почнал да ја сфаќа застрашувачката опасност на овие искуства по човечката душа. Оној кој е запознат со ова православно учење не може без ужас и вчудовидување да гледа со каква леснотија денешните таканаречени христијани им укажуваат доверба на јавувањата и виденијата кои стануваат нешто вообичаено. Причината на оваа доверба е јасна: римокатолицизмот и протестантизмот, кои веќе толку векови се одвоени од учењето и праксата на православниот духовен живот, ја изгубиле секоја способност да се снајдат во царството на духовите. За нив станала потполно туѓа основната христијанска доблест – недоверба спрема сопствените ,,добри” помисли и чувства. Покрај тоа, ,,духовните” искуства и јавувања на духови се намножиле како никогаш порано во христијанската ера, па лесноверното човештво е подготвено да ја прифати теоријата за ,,Новото време” на духовните сетила, или за ,,новото изливање на Светиот Дух” како објаснување за оваа причина. Ваквото духовно осиромашување на човештвото кое себе се смета за ,,христијанско”, додека во исто време се подготвува за ерата на демонските ,,чуда”, е знак на последните времиња (Откр. 16,14).
Треба да се додаде тоа дека православните христијани, иако теоретски поседуваат вистинско христијанско учење, ретко и самите имаат целосна свест за него, па често како и нехристијаните лесно се опрелестени. Време е ова учење повторно да го откријат оние на кои по правото на раѓање им припаѓа.

Оние кои сега ги опишуваат своите ,,посмртни” искуства покажуваат дека наивно им веруваат на своите искуства како и на многумина други кои во минатото  биле заведени од нив. Во целокупната современа литература во врска со ова учење, само во неколку случаи личностите навистина и сериозно се запрашувале не доаѓа ли макар дел од нивното искуство од ѓаволот. Православниот читател секако ќе го постави ова прашање и ќе се обиде овие искуства да ги разбере во светлината на духовното учење на православните отци и светители.

Сега ќе одиме понатаму за да видиме што конкретно се случува со душата кога после смртта го напушта телото и  влегува во царството на духовите.

 

(Продолжува)

Korica.S.Rouz.jpg

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Друго:

Јеромонах Серафим Роуз - Душата после смртта


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 660
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »