логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Показатели на автентичното христијанско искуство



Кои се показателите на автентичното христијанско доживување?

Ќе тргнеме од крајот на првата глава на евангелието според Јован, од извадокот за повикувањето на учениците. Овој извадок е посебно интересен, бидејќи претставува слика на тоа како Христос го повикува секој христијанин посебно и што всушност ни дава благодатта и љубовта Божја во кивотот на спасението, во Црквата.

Во овој евангелски извадок се претставени три призиви, три повици кон тројца ученици. Првиот е кон апостолот Андреј, вториот кон Филип, и третиот кон Натанаил.
Првата средба на Андреј, Филип и Петар со Христос

За почеток, и тројцата одговараат на повикот со изразен духовен ентузијазам. Андреј воскликнува: Го најдовме Месијата, Филип трча кај Натанаил и му вели: Го најдовме Исуса, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците, а Натанаил, пак, Му се обраќа на Господ и Му вели: Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев (Јован, 1, 41; 45; 49).

Првиот показател на автентичното искуство е чувството на повик од Бога и спонтаниот одговор на тоа, нешто што е засновано на незлобливоста на душата. Веднаш потоа, без друга причина, без двоумење, без рационални помисли, душата ја препознава божествената личност и одговара на Неговиот повик. Рече Господ: „Еве вистински Израилец во кого нема лукавство“; не постои лукавство, не постои забуна, мешање, комплицирање, туку тоа што владее во срцето на Натанаил е чистотата и едноставноста.

Христијанскиот живот не е лично откритие или избор, туку искрен одговор на божествениот повик. Не е начин на живот, туку состојба на благодат. Не објавува еден добар човек со правилни критериуми и добар карактер, туку претставува доказ за љубовта Божја кон човекот и на божественото одредиште на вториот.

Овие спонтани духовни ерупции, согласно со еден извадок од службата на апостол Андреј, се резултат на „трудољубива душа“, „која го чека“ „Неговото доаѓање“. Ова нѐ води кон двете следни карактеристики. Едната е копнеж со болка и желба за Бога, чувство на потреба од Него. Другата е очекување на Господовото доаѓање и Неговата посета.

Оваа болка на душата и внатрешниот стремеж и очекување, длабокото интимно чекање, тоа што Отците го нарекуваат „бодрост“, јадеж на душата, постојана подготвеност дека Господ доаѓа да ја посети и мојата душа, да влезе и во мојот живот, доаѓа да ги промени, да ги измени, да ги преобрази, да ги обнови особините и мојот живот, својствата и на мојата личност; овие искуства претставуваат показател на автентичното христијанско доживување.

He e самата промена таа што го предизвикува вистинското христијанско доживување. Таа би можела да роди вообразеност и гордост. Вистинското христијанско доживување е Оној Кој ја врши промената, Оној Кој претставува гаранција на доживувањето и е показател на неговата големина, Оној Кој преку него се објавува.

На ова место вреди да се забележи дека воодушевувањето на апостолите не беше едноставен израз на радост и изненаденост, или на незлобливо расположение, туку ги имаше елементите на едно возвишено исповедање на верата, исповедање кое Црквата го чува како богатство во нејзините раце. Од почетокот Го исповедаа како Бог: Андреј како Месијата, како Оној за Кого пишуваа Мојсеј и пророците; Филип како Син на живиот Бог; Натанаил како Христос.
Филип трча кај Натанаил и му вели: Го најдовме Исуса, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците

И не само тоа. Направија уште еден чекор: ги направија учесници во нивната вера и луѓето од нивното опкружување. Веднаш ја пренесоа пораката, ја објавија. Андреј „го одведе Симона при Исуса“, Филип му се обраќа на Натанаил: „Дојди и види“ – дојди и ти да видиш, дојди и ти да вкусиш. Овој елемент на заедничарење во богатството на љубовта Божја, кој доаѓа од нашата внатрешност и се изразува како најтенката и најубавата пројава на нашата љубов кон ближните и браќата, претставува уште еден показател на автентичното христијанско доживување.

Ќe завршиме со уште еден показател: желбата за мачеништво. Сите овие апостоли пострадаа. Го запечатија својот призив со маченичката крв. Имаа таква длабочина, што иако имаа многу лесен почеток – „веднаш“ ја примија пораката и призивот Господов – исто така имаа и едноставен крај – желно ја излеаа крвта за Него. Му го дадоа својот живот, и колку што лесно Го следеа во текот на Неговиот земен живот, толку желно Го следеа вечно соединети со Него и во Неговото царство.

3.angeli.so.truba
Христос се обраќа на жената Хананејка

Автентичноста на доживувањето не се поистоветува со помпезно изразување, бурна сензационалност, восхит, изненадување или световно воодушевување. Христијанското доживување е таинствено, длабоко и внатрешно. Доживувањето на Хананејката, која прифати Господ да ја споредува со кучињата, на Закхеј кој јавно ги исповеда своите неправди, на крвоточивата која тајно зеде сила од Бога, претставуваат примери на автентичност. Никој не внимаваше на овие луѓе. Ниту учениците. Но, Господ ги слуша извиците на Хананејката, го гледа и Самиот го кани Закхеј, го чувствува допирот на крвоточивата. Затоа и ја издвои Хананејката, заобиколувајќи ги апостолите, Закхеј го издвои од толпата, а и крвоточивата, чувствувајќи ја посебноста на нејзиниот допир. Автентичното доживување се покажува и се наметнува и во најтешките и негативни околности. Го привлекува погледот Божји, го издвојува човекот и тогаш кога тој е покриен од толпата, од рамнодушноста на светот, од неговата незначајност.

Вистинскиот христијанин е сигурен, не се плаши од ништо, лесно стекнува доверба, сака, разбира, дава сигурност и чувство на чистота.



 

Карактеристики на лажното искуство



Спротивно, лажното искуство создава Христијани кои наместо да се спасуваат во Црквата, чувствуваат дека ние треба да ја сочуваме вистината. Наместо во лицата на браќата Христијани да препознаваме браќа Христови, ние препознаваме противници кои треба да ги уништиме, или, пак, наши кои треба да го поддржат нашиот став. Наместо состојбата на нашата душа да ја довериме на силата на благодатта Божја, ние со неопростливо нечестие ја поставуваме под сомнителниот скалпел на психотерапевтските методи, или на научните оценувања, или на рационалните прогнози. Наместо нашата вера да ја храниме со смирувањето на срцето, ние ја храниме со одговорите на знаењето и логиката.

    Наместо во современите биоетички предизвици, кои го допираат нашиот живот и интервенираат во нашето секојдневие, да препознаваме љубов која ослободува, или пожртвуваност која пренесува во сферите на другата логика, ние ропски се држиме за правни схоластики кои ја задушуваат благодатта или за профани усогласувања кои целосно ја оддалечуваат. Наместо да дејствуваме како невидливи клетки во телото Христово, ja гледаме Црквата како здружение со членови, статут, права и обврски, кое има повеќе потреба од нашата помош, отколку од помошта на другите.

Затоа, на крај место да живееме во Црквата како во постојан гроб кој го чува нашето воскресение, со длабоко смирение, чувство на жртва, попустливост, почит и признавање на другите, толеранција, вера единствено во благодатта Божја, ние се однесуваме како привремени и со овоземна перспектива, барања и права, прекумерна чувствителност, скриен егоизам, лицемерие и самозаинтересираност, неразумни споредувања и невнимателни судири, несигурност, супериорни чувства, необјасниви компромиси, психолошки беди и неоправдана световност.
Христос и фарисеите

Лагата во нас, неоправдливите оправдувања, тешкотиите да прифатиме критика и напоредно лесното преферирање тривијално и честопати тврдо и несрдечно да ги осудуваме сите и сѐ, се показател на една искомплексирана кратковидност која триумфално го потврдува нашето недозволиво робување.

Ваквиот менталитет нѐ прави да поимаме еден бог кој самиот се негира; бог кој постојано се самоанулира; бог кој повеќе личи на психолошка измислица која се карактеризира со болничавост и недоволност, или идеолошко прибежиште кое се карактеризира со привременост и духовен опортунизам; бог кој не е отец зa да љуби, туку служител за да ги решава нашите бесмислени проблеми; бог кој не постои за да нѐ поддржува, туку го измисливме за да го поддржуваме; бог кој ниту постои, ниту секако, вреди да се верува во него.

Ваквото поимање нѐ води кон една црква која е наше создание, а не Божјо; која ги има недостатоците на дванаесетте богови и несигурноста на општествените организации или на медитативните вероисповести; која претставува механизам што привремено одговара, се интегрира во една општествена група, ја крие тајната на човекот и ја задушува неговата перспектива кон „по подобие“. Но, на една таква црква ниту вреди, ниту може да ѝ се верува. Таа може само механички да се исповеда.

(Продолжува)

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-avtentichniot-i-lazhniot-hristijanski-opit-part-2/

 

Друго:

Митрополит Месогејски Николај: За автентичниот и лажниот христијански опит – Ι дел ...

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »